Македонија
Новинарите да не се мешаат во судирот меѓу сопствениците на медиумите
По повод јавните напади и меѓусебни пресметки на медиумите во Македонија Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Центарот за развој на медиумите (ЦРМ) го осудуваат вмешувањето на новинарите и уредниците во судирот меѓу сопствениците на медиумите
Според соопштението на ЗНМ, МИМ и ЦРМ, тоа оневозможува новинарите да ја извршуваат работата со професионален интегритет, одговорност, независност, и во функција на јавниот интерес.„Новинарите не се мегафони, пропагатори или лица за односи со јавност на сопствениците на медиумите. Ги повикуваме сите колеги новинари да одбијат секаква работна задача која не е во согласност со професионалните и етичките стандарди на новинарската професија“, стои во соопштението.Тие апелираат до сопствениците на медиумите да ги прекинат јавните меѓусебни пресметки, а надлежните институции да стават крај на хаосот во кој егзистираат и функционираат медиумите во Македонија.„Толерирањето на беззаконието во медиумскиот простор го руши моралниот и професионалниот кредибилитет на новинарите во Македонија, резултира со пад на стандардите на професијата и низок квалитет на новинарскиот производ, обременет со закани, притисоци, страв на новинарите за работните места, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Техничката влада мора да остане, условите во општеството се како во 2016 година, велат од СДСМ
„Слободната волја на граѓаните, демократијата и фер избори не е се прашања за политички пазар. Техничката влада мора да остане. Укинувањето може да се случи во оној момент кога општеството ќе биде спремно а за тоа се неопходни реформи по европски стандарди особено во делот на правосудството“, велат од СДСМ.
„Кога ќе бидат применети сите реформски закони кои се дел препораките на ЕУ и оценската мисија, во сферата на правосудството, обвинителството, полиција, правото и правната држава, во тој момент ние како држава ќе бидеме спремни да може да се укине техничката влада.
Тоа е клучно. Дотогаш техничката влада мора да остане.
Затоа што условите во општеството се исти како во 2016 година, криминал, корупција, заробени институции, партизација, контрола врз правосудството.
После се што изнесовме во јавноста на граѓаните им е кристално јасно.
Сѐ што најавивме – се оствари. Ги разоткривме сите планови на власта и сите планирани чекори.
Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не сака дијалог, туку алиби за распишување на предвремени избори кои веќе им се договорени. Не сакаат реформи за ЕУ, туку покритие за намерна изолација на земјата.
Нека се договара ВМРО со ДУИ што сака. Ние договор можеме да правиме единствено со граѓаните. Наша обврска е власта да ја вратиме во рацете на народот“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Чаир и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето, општина Карпош.
Македонија
Сончево со умерена локална облачност: температурата до 14 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.

