Македонија
Груевски: Граѓаните да си проценат како ќе се однесуват на дрското однесување на Грција
За премиерот Никола Груевски лепењето на налепниците на регистарските таблички на автомобилите на македонските граѓани кои влегуваат во Грција е дрско и недостоинствено, но остави на граѓаните да проценат како ќе се однесуваат.
„Не ме изненадува Грците да почнат да им лепат на чело на нашите граѓани по една таква налепница. Секој ќе си постапи според своите мерила, според размислувањата и достоинството“, рече Груевски.
Тој вели дека упатиле протестна нота до Грција, но и било одговорено дека тоа е дел од Спогодбата од 1995 година потпишана од СДСМ во тоа време./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.

