Македонија
Зголемена мобилност на екипите за заштита
Припадниците на територијалните противпожарни единици и подрачните одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување ќе бидат денеска на ниво на најголема мобилност во неколку региони.
Припадниците на територијалните противпожарни единици и подрачните одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување ќе бидат денеска на ниво на најголема мобилност во неколку региони. Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, засилени контроли и набљудување на теренот ќе се врши во битолскиот, демиркапискиот, кавадаречкиот, кумановскиот и во регионите кои ги покрива метеоролошката станица Лазарополе.Исто така, нивото на готовност ќе биде подигнато и во валандовскиот регион, во гостиварско, како и во околината на Радовиш, Скопје, Струмица и Велес.Координативното тело за заштита на шумите од пожари апелира граѓаните да ја почитуваат воведената делумна забрана за движење во шума и шумскиот ред. Поради опасноста од ширење на пожарите како последица на ветерот, Координативното тело ги потсетува земјоделците дека е забрането и палење на стрништата. Евентуална појава на шумски пожар граѓаните можат да ја пријават на бесплатниот телефонски број 195 во Центарот за управување со кризи на отворената телефонска линија 02-155-22 на јавното претпријатие ,,Македонски шуми,, во противпожарните станици, во единиците на локалната самоуправа, полицијата и во Дирекцијата за заштита и спасување. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

