Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Грчев и СДСМ да не го злоупотребуваат Уставниот суд
Владеачката ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини архитектот и поранешен градоначалник на општина Центар за давање некомпетентни изјави во јавноста во врска со урбанизмот.
Владеачката ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини архитектот и поранешен градоначалник на општина Центар за давање некомпетентни изјави во јавноста во врска со урбанизмот.
Мирослав Грчев не е и неможе да се нарече експерт. Тој е само алатка во рацете на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, која дава чисто политички изјави. Ја разбираме неговата нервоза но тој не е единствениот човек кој може да говори за урбанизмот во јавноста. Нема веќе монопол над таа сфера-обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски, коментирајќи ја иницијативата на Грчев дека ќе го оспори проектот Скопје 2014 пред Уставниот суд.
Според партијата на Никола Груевски, Грчев е човекот кој е замешан во низа скандали, како што беа наводната градба на брендот хотели Шератон во Скопје, а воедно е и автор на скандалозната и безправна градба Тифани во центарот на градот.
Делата на Грчев и Црвенковски се и Кинескиот ѕид, спомениците на транзицијата, запуштените фабрики, армијата стечајци и уништената економија што ја оставија зад себе-посочија од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму упатија порака до СДСМ да не го злоупотребуваат Уставниот суд и да не го користат како политичка алатка за заплашување./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

