Македонија
Скандал на панел дискусија за македонското новинарство во Брисел
Германскиот европратеник Јоргос Шацимаркакис дојде во судир со неколку македонски новинари на панел дискусија за состојбите во македонското новианрство, што вчера попладне се одржа во Европскиот Парламент.
Германскиот европратеник Јоргос Шацимаркакис дојде во судир со неколку македонски новинари на панел дискусија за состојбите во македонското новианрство, што вчера попладне се одржа во Европскиот Парламент.На дискусијата, на која првично било предвидено да учествуваат новинарите Борјан Јовановски, Тања Милевска, Билјана Секуловска и Слободанка Јовановска, како и европратениците Јоргос Шацимаркакис и Јелко Кацин, збор сакале да земат и новинарите Бобан Нонковиќ, Миленко Неделковски и Мирка Велиновска. Поради ова дошло до судир меѓу втората група новинари и Шацимаркакис, по што биле отстранети од салата. Според дел од нив, Шацимаркакис се обратил со погрдни зборови.„Додека излегувавме Шацимаркакис ни се обрати со зборот „Малака“. Сите знаете што значи тој збор на грчки. Имаше камери тука, се надевам дека тој настан е регистриран“, изјави Миленко Неделковски за Канал 5.Според Борјан Јовановски пак, како што пренесува сајтот „Плусинфо“, Велиновска, Неделковски и Нонковиќ биле тие што го предизвикале инцидентот, откако почнале да ги навредуваат присутните, нарекувајќи ги учесниците на дебатата „Предавници“ и прашувајќи зошто некои новинари имаат збор пред нив. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

