Свет
Британија воведува нови санкции против Шин Фејн
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/84ecf311-70b5-4927-b9ad-012708efc02e-3219.jpeg)
Нови финансиски санкции за политичкото крило на Ирската републиканска партија(ИРА), Шин Фејн, има намера да воведе британската влада.
Нови финансиски санкции за политичкото крило на Ирската републиканска партија(ИРА), Шин Фејн, има намера да воведе британската влада. Ваков предлог до парламентот синоќа достави министерот задолжен за Северна Ирска Пол Марфи. Санкциите се воведуваат поради сомневањето дека Шин Фејн знаела за грабежот на столетието извршен во една ирска банка, а за кој истрагата утврди дека е дело на луѓе блиски до ИРА. Марфи ги отфрли барањата за исклучување на Шин Фејн од политичкиот процес, кој и онака е во криза повеќе од една година, откако беше распуштен северноирскиот парламент./крај/афп/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Путин: Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/putin4.jpg)
Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел за да може да одговори на акциите на Вашингтон, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на оперативниот состанок со членовите на Советот за безбедност на Русија.
„Во 2019 година објавивме дека нема да ги произведуваме овие ракети и дека нема да ги распоредиме додека САД не ги распоредат овие системи во некој регион во светот“, потсети Путин, пренесува РИА Новости.
Денес, како што оцени, се знае дека САД не само што ги произведуваат овие системи, туку и ги пренесуваат во Европа – на воени вежби во Данска.
Свет
„Тешко е да се расправаш со лажго“: се огласи тимот на Бајден
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/bajden-tramp.jpg)
Американскиот претседател Џо Бајден не се откажува од трката за реизбор, изјави денеска неговиот претставник од кампањата по дебатата против републиканскиот кандидат Доналд Трамп, од која некои демократи не беа задоволни.
„Се разбира дека нема да се откаже“, рече портпаролот на кампањата на Бајден, Сет Шустер, пренесува „Хил“.
По дебатата и Бајден потврди дека нема да се откаже од трката за нов четиригодишен мандат.
„Тешко е да се расправате со лажго. „Њујорк тајмс“ истакна дека тој лажел 26 пати“, рече тој, мислејќи на поранешниот претседател Трамп.
По настапот во дебатата во четвртокот вечерта со Трамп, Бајден беше широко критикуван од демократите, а некои признаа дека тоа ќе ги поттикне дискусиите за тоа дали претседателот треба да биде сменет пред националната конвенција во август, каде демократите формално ќе го номинираат својот кандидат.
Регион
Земјотрес го погоди Крит
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/zemjotres2.jpg)
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит.
Земјотресот бил на длабочина од пет километри, а епицентарот на 73 километри од Ираклион.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.