Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Отчетот е нов квалитет на политичката сцена
ВМРО-ДПМНЕ денеска го издаде Отчетот за изминатите четири и пол години работа во извршната власт.
ВМРО-ДПМНЕ денеска го издаде Отчетот за изминатите четири и пол години работа во извршната власт.
„Кога ја добивме довербата од народот преземавме обврска да реферираме за она што сме го сработиле, за проектите кои сме ги спровеле, за реформите и за модернизацијата кои сме ги направиле. Обврска да истакнеме јавно дека ветувањата кои сме ги дале ги исполнуваме. Таа обврска денес ја исполнуваме“, рече на денешнтата прес конференција вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски.
Според ВМРО-ДПМНЕ ова е нов квалитет на политичката сцена.
„Поставуваме стандард под кој никој во иднина не може ни да помисли да оди. Времето на празни ветувања, на политичари кои ветуваат а не исполнуваат, и кои не даваат отчет, дефинитивно е поразено. Понудата на програма, и давањето на отчет за реализацијата на таа програма е стандардот на сегашноста и на иднината“, истакна Наумовски.
Во периодот од 2006 до првата половина од 2011 година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како што информираше Наумовскиm целосно исполнила 1.185 ветувања дадени пред граѓаните од вкупно 1.428 ветувања.
Во просек, како што рече тој, тоа значи 22 проекта во секој месец или пет проекти во секоја недела.
Реализацијата е започната и тече на дополнителни 216 проекти.
„Проектите што се реализирани во целост претставуваат 83 отсто од вкупниот број проекти, а проектите што се реализирани и што се во тек, заедно сочинуваат 98 проценти од она што го ветивме на изборите и за што јавно дадовме збор во текот на управувањето со државата дека ќе го оствариме. 98 отсто исполнети ветувања. Не се завршени 1.33 проценти од проектите. Нивното реализирање продолжува да биде дел од новата програма на ВМРО-ДПМНЕ и тие ќе бидат остварени во рамките на предвидената динамика или по воспоставувањето на неопходните услови за нивна реализација. Од ветените проекти, 0.56 отсто, односно 8 од вкупно 1.428 проекти нема да бидат спроведени во најголем дел заради изнаоѓање на подобра алтернатива за реализација на истите“, рече Наумовски.
Тој потсети на добивањето на визна либерализација, позитивните извештаи од ЕК и добивање на препорака за почеток на преговори со ЕУ, намалување на даноците, зголемување на платите и пензиите, намалување на партиципацијата за студентите, реформи во судството, изградба на патишта и.т.н.
„Веруваме дека овој наш чекор и поставување на стандард ќе ги мотивира и другите партии да воспостават нова вредност во своето однесување“, рече Наумовски./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпорен ѕид се урна во Штип и оштети автомобили кај болницата
Потпорен ѕид на улицата Љубен Иванов во Штип, во близина на клиничката болница, утрово околу 9 часот се сруши и падна врз две паркирани возила, јавуваат локалните медиуми.
Во инцидентот нема повредени лица, а на местото на настанот веднаш излегле надлежните служби.
Според првичните информации, причина за уривањето на ѕидот се неповолните временски услови.
Македонија
Јаневска: Почнуваме нов циклус вложувања во 160 образовни инфраструктурни објекти
Почнуваме нов циклус на вложување во образовни инфраструктурни објекти, кои се еден од основните елементи за подигнување на квалитетот на образованието и за развој на психичкото и физичкото здравје на учениците. Лани вложивме 67 милиони за инфраструктурата. Годинава почнуваме нови 160 инвестиции, од кои 60 се спортски сали.
Ова го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска по поставувањето на камен-темелникот на новата спортска сала во ОУ „Григор Прличев“ во скопска Железара, каде присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
„Она што Владата, Министерството и општините го ветуваат, заеднички работејќи го исполнуваат. Почнуваме со изградба на нови 30 спортски сали и уште 30 се во процес на реновирање“, рече министерката Јаневска.
Вкупната инвестиција во спортската сала во ОУ „Григор Прличев“ изнесува 39 милиони денари, а денес почнува со реализација првата фаза во вкупен износ од 20 милиони денари. Салата ќе ги има сите пропратни содржини со што учениците и младите ќе добијат современи услови за спорт и рекреација.
Македонија
Нелоски: Фирмата на татко ми што ја спомнува СДСМ не учествува на тендери
Шефот на кабинетот на премиерот, Владимир Нелоски, ги отфрла тврдењата на СДСМ дека фирмата на неговиот татко учествува во државни тендери. Тој најави тужба против партијата.
„Ја гледам онаа тирада на нечесни и валкани прес конференции на СДС партијата која е петта во градот Скопје и трета во државата. Тие изобилуваат со невистини, креирани информации и полу информации. Тие треба да го свртат вниманието од комплетното растројство и дезорентираност во просторот на раководството на СДС и Венко Филипче и тој пусти страв од одговорност која знаат дека ја имаат. Мојот татко е дел од спомената приватна фирма, која не учествува на државни тендери, ниту има добиено тендери. И на никаков начин не може да носи одлуки за државните пари. Како и секој човек, па и мојот татко кој цел живот работи чесно во приватниот сектор има право да работи, а впрочем истиот со трговија започнал да се занимава уште пред осамостојувањето на Македонија“, напиша Нелоски.
Тој вели дека колегите од СДС треба да знаат дека со невистини, лаги и манипулации не се добива довербата така се губи и целосно паѓа сликата за партијата која денес е потопена со криминал и корупција, со лични интереси и фракции
„И бидејќи сум чесен и искрен, а сметам дека тоа треба да е клучен принцип во политиката нека не поставуваат прашања од СДС туку нека ги изнесат информациите во потврдна форма за да поднесам соодветна тужбена постапка за клевета пред надлежните органи“, вели Нелоски.

