Македонија
Поставени 13.000 вреќи со песок како превенција од поплави
Околу 13.000 вреќи со песок во последните два дена биле поставени на критичните места каде е можна појава на поплави, информираат од Координативното тело на Владата за справување со последиците од поплавите.
Околу 13.000 вреќи со песок во последните два дена биле поставени на критичните места каде е можна појава на поплави, информираат од Координативното тело на Владата за справување со последиците од поплавите. Како што информираат оттаму, на терен се ангажирани околу 300 лица, припадници на екипите на Дирекцијата за заштита и спасување, АРМ, Македонија Пат и од останатите институции што партиципираат во Координативното тело. Денеска било одлучено да продолжи и поставувањето на камен насип во Пештани, а истовремено да се продолжи и со формирање на насипи од вреќи со песок и земја во делот на крајбрежниот појас на Охридското езеро кај Калишта и Радожда, како заштита од ерозија на земјиштето поради зголемениот водостој. Нивото на Охридското езеро денеска е 24 сантиметри над критичната точка. „Координативното тело одлучи, доколку биде потребно, насипи со вреќи и песок да се поставуваат и на други локации“, вели Сашко Димов, портпарол на Министерството за одбрана. Интервенција е извршена на каналскиот систем во Пелагонија, со цел негово непречено функционирање. Санирање се врши и на речните корита во Тетово и Гостивар, каде поради смет е оневозможен нормалниот тек на водите. Санација се врши на патниот правец Битола – Ресен. Пренасочувањето на сообраќајот се врши преку регионалниот пат Р106 во должина од 5,5 километри. Тимовите на Координативното тело денеска се присутни во охридско – струшкиот регион, дебарско, полошко, пелагонија и на патниот правец Дебар – Струга кај Луково. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Гаши се сретна со амбасадорката на Монголија: 30 години дипломатски и пријателски односи
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со Пратеничката група за соработка со Парламентот на Монголија, оствари средба со нерезидентната амбасадорка на Монголија, Сајана Лкхагвасурин.
Претседателот Гаши изрази задоволство од средбата во време кога се навршуваат 30 години дипломатски односи меѓу двете земји и надеж дека овој јубилеј ќе отвори едно ново поглавје на заедничка соработка. Иако нашата земја е кандидат за членство во ЕУ, сепак е отворена за соработка со сите држави во светот.
Исто така, Гаши искажа почит кон Монголија од историски аспект – преку Џингис-хан и од современ аспект – како силен мост меѓу Истокот и Западот.

Како претседател на законодавниот дом, ќе се заложи за продлабочување на односите на парламентарно, но и државно ниво. Преку заемни посети и размена на искуства, да се изградат мостови на соработка.
Амбасадорката изрази задоволство од одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи и најави низа свечени настани во таа чест. Таа информира за формирањето на парламентарна група за соработка со Македонското собрание, која е во тек во Монголскиот парламент, што ќе доведе до зајакнати парламентарните релации. Во насока на приближување на народите, беше посочено и што поскоро воведување на безвизен режим, како бенефит за двете земји.

Претседателката на Пратеничката група за соработка, Мерита Колчи-Коџаџику, ја искористи можноста да се заблагодари и на почесниот конзул на Монголија во нашата земја, Литов Намдагжанчивин, за неговиот труд и посветеност на зближување на двете земји. Во годината што претстои, најави интензивирана соработка, посебно на културно и туристичко поле. Во овој контекст се надоврзаа и пратениците Тони Јаревски и Драган Недељковиќ, кои упатија заложби за зголемена културна размена и преточување на иницијативите во конкретен документ за соработка.

