Македонија
Суспендирана собраниска службеничка
Раководителката на Секторот за меѓународна соработка на Собранието e суспендирана со образложение дека е првично одговорна за службеното патување на пратениците Владо Бучковски и Лилјана Поповска во Израел на кое отидоа без дозвола на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.
Генералниот секретар на Собранието, Жарко Денковски кој раководи со собраниската служба, донел одлука да ја суспендира вработената под сомневање дека предвреме и самостојно одлучила да го организира патувањето за Бучковски и Поповска.
„Вработената постапила без да и бидат дадени овластувања да го организира патувањето и подготвила патни налози без одлука на претседателството на Собранието и на некој начин фингирала или предвреме претпоставила дека патувањето отпосле ќе биде одобрено од Вељаноски. Моите потписи на налозите немаат правно дејство бидејќи немало дозвола за патување, а јас сум ги потпишал заедно со останатите патни налози за други патувања“, објаснува Денковски.
Во постапката која ќе се води против раководителката за меѓународна соработка олеснителна околност е тоа што за патувањата на Бучковски и Поповска не биле потрошени државни пари, туку целиот трошок го надоместил организаторот на настанот.
Бучковски, кој инаку со ова патување избегна судско рочиште за случајот “резервни тенковски делови” во кој е обвинет, тврди дека собранискиот спикер Трајко Вељаноски и генералниот секретар Денковски се одговорни за целата збрка. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

