Контакт

Економија

Државна поддршка за жени бизнисменки

Објавено пред

Република Македонија за прв пат во својата историја одлучи да обезбеди финансиски средства кои ќе бидат наменети за поддршка за припадничките на понежниот пол, кои имаат сопствен бизнис.

dobivaj vesti na viber

Република Македонија за прв пат во својата историја одлучи да обезбеди финансиски средства кои ќе бидат наменети за поддршка за припадничките на понежниот пол, кои имаат сопствен бизнис.За таа цел, денеска, токму на Денот на жената 8 Март, министерот за економија Ваљон Сараќини го претстави пред пошироката јавност новиот проект „Женско претприемништво“.„Целта е да се промовира програмата на министерството за економија наменета за развој на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија во 2012 година, со посебен акцент на финансиската поддршка што за првпат ја обезбедуваме за женското претприемништво“, истакна Сараќини.Тој информираше дека годинава за таа намена ќе бидат обезбедени 1.560.000 денари ( околу 25.000 евра) кои по пат на кофинансирање до 75 отсто од докажаните трошоци ќе бидат пласирани во претпријатија во сопственост на жени, македонски државјанки.Предмет на субвенционирање ќе бидат трошоци направени за набавка на опрема,  инвентар, за уредување на деловниот простор, за чување на деца од претшколска возраст, за жени кои отпочнуваат бизнис, појасни министерот. „За кофинансирање се признаваат докажаните трошоци за предвидените намени настанати во периодот од 1 јануари 2012  до 1 ноември 2012 година“, изјави Сараќини.Минималниот износ што ќе се кофинансира е 30.000 денари, а максималниот 200.000 на по еден апликант. Овие субвенции не се наменети за трошоци за набавка на потрошен матерјал, трговски стоки и возила,износот платен за ДДВ за трошоците за кои се бара кофинансирањето, царини за трошоците, но и курсни разлики и закупнини за деловен простор.Право на учество имаат претпријатија регистрирани како трговско претпријатие, во сопственост на жени, со работење од најмалку еден месец пред објавување на повикот, позитивен финансиски резултат за претходната година, деловно седиште во Македонија, најмалку двајца вработени на неопределено време и подмирени обврски кон државата. /крај/со/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Објавено пред

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.

dobivaj vesti na viber

Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.

🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.

📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.

🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.

Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.

 

• Купуваш онлајн без нервоза.

• Резервираш патување без дилема.

• Плаќаш било каде – без објаснувања.

Во Mint Credit не глумиме магија.

Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.

Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:

Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.

Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.

 

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Објавено пред

Од

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.

Прикажи повеќе...

Економија

Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Објавено пред

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.

dobivaj vesti na viber

„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.

Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:

Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.

Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Силна бура во Сиднеј: урнати дрвја, повеќе од 35.000 домови без струја, откажани десетици летови

Силна бура го погоди Сиднеј втор ден по ред, соборувајќи дрвја, оставајќи илјадници домови без струја и принудувајќи ги домашните...

Свет2 часа

Трамп: Израел се согласи на условите за 60-дневно примирје во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Израел се согласил со условите за конечен договор за 60-дневен прекин на огнот...

Европа2 часа

(Видео) Бомбардер Су-34 се урна во Русија

Руски борбен авион Су-34 се урна вчера за време на воена вежба во регионот Нижни Новгород, објави руската државна новинска...

Македонија14 часа

Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Педро Санчез

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља оствари средба со...

Топ16 часа

(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите...

Македонија18 часа

Филипче: Не е време за калкулации, ниту за ситнопартиски интереси, СДСМ останува силен промотор на европската идеја

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, изјави дека поддршката од Европската Унија за...

Македонија19 часа

Уписот во средно в година ќе биде подигитален од годинешниот: родителите нема да трчаат да ги скенираат свидетелствата, тие дигитално ќе се преземаат

Годинешното дигитално пријавување во средните училишта значеше само повеќе мака и ангажман на родителите во споредба со претходните уписи. Иако...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес

Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на заедничката прес – конференција со еврокомесарката за...

Топ23 часа

Го удрил со тупаница докторот што му давал лекарска помош, а потоа тепал и полицајци: предложен притвор за 28-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз...

Македонија1 ден

Арсовска со отворено писмо до Михалис Рокас: Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска упати отворено писмо до Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија во Македонија. „Почитуван господин...

Свет1 ден

Трамп остро му одговори на Маск: Без субвенции, би се вратил дома, во Јужна Африка

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно јавно го нападна Илон Маск, тврдејќи дека без владини субвенции, шефот на „Тесла“, „Спејс Екс“...

Свет1 ден

Маск жестоко го нападна законот на Трамп: „Ќе изгубат, дури и ако ми е последно“

По објавувањето на неговото повлекување од политичкиот свет, милијардерот и основач на Тесла, Илон Маск, речиси веднаш се врати во...

Свет1 ден

Трамп потпиша укинување на санкциите против Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се укинуваат санкциите на САД врз Сирија, со што се...

Свет1 ден

Палестинците во Газа протестираа со фотографии од убиени израелски деца

Група Палестинци во Појасот Газа покажаа слики од израелски деца убиени од Хамас на 7 октомври 2023 година, за време...

Македонија2 дена

Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во...

Македонија2 дена

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија2 дена

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија2 дена

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија2 дена

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...