Македонија
Тепачка за летната дискотека во Кочани
Група од околу десетина насилници, вчера попладне упаднале во Управната зграда на Комуналното претпријатие „Водовод“ и претепале вработен во претпријатието
Група од околу десетина насилници, вчера попладне упаднале во Управната зграда на Комуналното претпријатие „Водовод“ и претепале вработен во претпријатието, кој бил и претседател на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Гоце Исајов, соопштуват од МВР.
Според нивните информации, групатa влегла во канцеларијата на помошник директорот на претпријатието и физички го нападнале Исајов кој бил во канцеларијата, удирајќи го со тупаници.
Откако Исајов извадил пиштол што го поседувал со дозвола, насилниците избегале. Нападнатиот вработен е однесен во медицинскиот центар во Штип.
Исајов бил еден од кандидатите на лицитацијата за користење на летната дискотека на Кочани. Бизнис интересите за кочанската дискотека завршија со тепачка.
Од ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека Исајов е претепан од членови на СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ е фрапирана, на колку ниско ниво може да падне СДСМ. Очигледно СДСМ своите најсилни членови ги стави во функција многу порано, пред почетокот на самата кампања. г-дине Црвенковски за ваква ли демократија и слобода се борите? г-ѓо Радмила Шекеринска за ваква ли европска Македонија се залагате?“ прашува партискиот портпарол Александар Бичиклиски. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

