Македонија
Илија Стојановски прв го дофати крстот во Вардар
Дваесет и осум годишниот Илија Стојановски од Скопје најбрзо стигна до крстот што во водите на студениот Вардар денеска точно напладне го фрли поглаварот на Македонската православна црква г.г.Стефан.
Дваесет и осум годишниот Илија Стојановски од Скопје најбрзо стигна до крстот што во водите на студениот Вардар денеска точно напладне го фрли поглаварот на Македонската православна црква г.г.Стефан.
Возбудениот Стојановски, по фаќањето на крстот рече дека првпат учествува на оваа манифестација.
Неговите блиски рекоа дека тој од чиста љубов и вера кон Господ решил да се пријави и да ја испроба својата среќа.
Неколку илјадната толпа народ што ја следеше манифестацијата се упати кон црквата Свети Димитрија каде поради денешниот празник Богојавление-Водици се служеше Света литургија.
Стојановски покрај крстот доби и златник, икона, и бела техника како и други пригодни подароци.
Вкупно 168 верници скокнаа со намера да го фатат светиот крст за кој се верува дека носи среќа и бериќет во текот на целата година.
Спасувачките екипи од Црвениот Крст информираа дека морале да интервенвираат во три наврати кога дел од капачите се здобиле со повреди, но ниту еден од нив не бил животно загрозен./крај/сл
Богојавление – Водици или осветување на македонските води
Фото: Филип Поповски/Макфакс
Повеќе фотографии тука>>
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски најави: Вечерва почнуваат 72 часа за чистење на секој агол на Скопје
Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој денеска ја презеде функцијата од неговата претходничка, Данела Арсовска, најави дека вечерва во 20 и 30 часот почнува големата акција за чистење на градот.
„Од овој ден испишуваме ново поглавје во историјата на нашиот град. Поглавје исполнето со работа, посветеност и резултати. Ветивме дека ќе работиме чесно, одговорно и без одлагање и тоа започнува веднаш! Во 20:30 часот започнува големата акција за чистење на градот. Во следните 72 часа ќе го исчистиме секој агол, секоја улица, секој запуштен простор. Скопјани повеќе нема да живеат во запуштеност ќе живеат во град достоен за нив. Тоа е она што го ветив пред вас и за што цврсто стојам!“, објави Ѓорѓиевски.
Тој, исто така, кажа дека ги отстранил и рампите на кај Град Скопје.

„Ги отстранивме и рампите. Скопје повеќе нема да биде затворен град, сега е отворен и за медиумите и за сите граѓани“, објави новиот градоначалник.
Ѓорѓиевски најави и целосна ревизија на работата на градската администрација и ветува дека секој кој не ја извршувал својата работа, ќе си замине, а секој чесен, вреден и одговорен работник ќе биде награден и почитуван.
Македонија
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Швајцарија, Кристоф Зомер
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација, Кристоф Зомер.
Соговорниците ја оценија тридецениската соработка како пријателска и плодна, изразувајќи решеност и подготвеност за нејзино проширување и продлабочување.
Претседателката му се заблагодари на швајцарскиот амбасадор за континуираната поддршка на македонската евроинтеграција. Исто така, таа и оддаде признание на Швајцарија за бројните и вредни донации во областа на заштитата на младите и жените, животната средина, како и во зајакнувањето на инклузивноста и одговорноста.
За швајцарскиот амбасадор, стоилјадната македонска дијаспора е вреден и почитуван актер во швајцарското општество.
Мултилатералната соработка, особено врзана за кандидирањето на престижни позиции двајцата ја сметаат за корисна, конструктивна и успешна.
Македонија
Герасимовски го доби уверението за втор мандат: Продолжуваме да работиме за сите центарци
Денеска, официјално им беа врачени уверенијата за втор мандат на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, како и на советниците кои во следните четири години заеднички ќе ги носат сите проекти за развој на општината.
„Честа да се води Општина Центар повторно ми ја дадоа граѓаните, а тоа е најголемата обврска и мотивација. Во вториот мандат остануваме посветени на проектите што ја прават општината пофункционална, поздрава и подобра за живеење. Ќе продолжиме со политики кои носат реални промени, со транспарентно и одговорно работење во интерес на сите жители на Центар. На советниците им посакувам многу успех и заеднички да продолжиме кон поубав развој на општината“, вели Герасимовски.

