Контакт

Македонија

Русија потврди дека е постигнат договор за клириншкиот долг

Објавено пред

Параметрите на договорот за регулирање на рускиот клириншки долг кон Македониjа се усогласени и се очекува наскоро двете влади да потпишат договор за ова прашање.

dobivaj vesti na viber

Параметрите на договорот за регулирање на рускиот клириншки долг кон Македониjа се усогласени и се очекува наскоро двете влади да потпишат договор за ова прашање.

Ова во сабота го соопшти руската Амбасада во Македонија, како реакција на наводи во некои македонски медиуми, дека не е постигната спогодба.

„Страните ги усогласиjа сите основни параметри на договорот во врска со ова прашање и им наложиjа на експертите во наjблиско време да се подготви конечната верзиjа на проектот на Меѓувладината спогодба, коjа треба да биде прифатена од страна на Владите на Русиjа и Македониjа и потоа да биде потпишана“, се вели во реакцијата.

Македонскиот министер за финансии Зоран Ставрески в четвртокот соопшти дека Русија е согласна да и го врати на Македонија целиот долг во износ од 60 милиони американски долари, преку изградба на дел од идниот гасовод.

Некои македонски медиуми повикувајќи се на извор во руското Министерство за финансии објавија дека таков договор не бил постигнат.

Руската Амбасада информира дека Ставрески на 18 ноември 2009 година бил примен во Москва од страна рускиот министер за финансии, Алексеj Кудрин.

Целта на преговорите била усогласување на проектот на Меѓувладината спогодба за регулирање на рускиот клириншки долг кон Македониjа според пресметките поврзани со стоковната размена помеѓу поранешен СССР и поранешна СФРJ.

„Преговорите успешно се одржаа. Во оваа смисла ние потполно ги споделуваме оценките на господин Зоран Ставрески дадените во текот на прес-конференциjата на 19 ноември“, се вели во соопштението на руската Амбасада.

Истовремено се искажува увереност дека реализациjата на оваа Спогодба ќе даде силен импулс за развоjот на трговско-економската соработка помеѓу двете земjи./крај/со/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Коњановски потрошил милиони без ниту еден капитален проект, рече Куновски од СДСМ

Објавено пред

Кандидатот за градоначалник на Битола од редовите на СДСМ, Методија Куновски, на денешната прес-конференција изјави дека доаѓа крајот на, како што ја нарече, „четиригодишната ера на разочарувања и промашувања на актуелниот градоначалник Тони Коњановски“.

dobivaj vesti na viber

„Битола заслужува градоначалник кој нема да работи за тебе, за мене, за мала група луѓе или за партијата, туку за сите граѓани. Човекот мора да биде пред сè“, рече Куновски.

Тој го обвини Коњановски за недомаќинско и хаотично работење, со бројни раскопани и нефункционални улици, долгови на јавните претпријатија и нереализирани капитални проекти.

„Јавните претпријатија се во долг од над 3 милиони евра, а ниту една нова машина не е набавена. Укинати се бесплатните 15 минути паркинг, а нови паркинг-места нема. Наместо спортски комплекс, нови кружни текови или училишта, добивме импровизиран кружен тек кај Стрелиште и сообраќаен хаос“, нагласи Куновски.

Кандидатот од СДСМ истакна и дека сметките на училиштата должат скоро 50 милиони денари, а некои објекти се затворени поради прокиснување на крововите.

„Жителите на повисоките делови од Битола секој втор ден немаат вода, а цената за водоснабдување е зголемена. Градинки нема за Бистрица и околните села, а градот е преполн со бездомни кучиња“, додаде тој.

Куновски го обвини Коњановски и за расфрлање со јавни пари.

„Немаше средства за ранливите категории семејства, а потроши повеќе од 4 милиони денари за кафеани и 10 милиони денари за нови возила од фирма блиска на министерот за надворешни работи“, рече Куновски.

Во своето обраќање тој порача дека битолчани ќе стават крај на ваквото владеење.

„После четири години застој и скандали, Битола ќе избере одговорна, отчетна и транспарентна локална власт“, заклучи Куновски.

Прикажи повеќе...

Скопје

Османи: Чаир ќе стане центар на технологија, култура и младински идеи

Објавено пред

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, на средба со младите од општината ја претстави својата визија за „Новиот Чаир“, посветена на урбана преродба и создавање општина на иднината.

dobivaj vesti na viber

„Не можете да дизајнирате визија за Чаир без да ги вклучите младите кои сочинуваат речиси половина од населението. Тие се нашата најголема сила и највреден капитал“, истакна Османи.

Во рамки на својата програма, тој најави изградба на мултифункционален центар на плоштадот „Скендербег“, кој ќе вклучува дигитална и иновациска лабораторија, современа библиотека и културен центар за младинските уметнички и музички групи.

Според него, овој комплекс ќе биде „срцето на визијата за Новиот Чаир и симбол на урбаната преродба на општината“.

Програмата предвидува и општински стипендии за најдобрите студенти, создавање Фонд за иновации, како и Младински совет на Чаир, кој ќе управува со 5% од општинскиот буџет. Преку проектот „Таленти на Чаир“ најдобрите студенти ќе добијат можност за директно вработување во општинската администрација.

Османи вети и подобрување на јавните простори преку реновирање на парковите, воведување бесплатен интернет во јавните зони и организирање бесплатни обуки за дигитални вештини, програмирање и користење вештачка интелигенција.

„Чаир сакаме да го претвориме во центар на технологијата. Ако половина од жителите се млади, тогаш мораме да го искористиме овој капитал и да изградиме општина на иднината“, порача Османи.

Прикажи повеќе...

Македонија

329 медиуми ќе им бидат на располагање на кандидатите за рекламирање

Објавено пред

На претстојните локални избори, кандидатите ќе можат да се рекламираат на вкупно 329 медиуми во земјата, потврди Државната изборна комисија (ДИК).

dobivaj vesti na viber

Од пристигнатите 352 барања за упис во регистарот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали, позитивен одговор добија 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали.

„Барањата на 22 правни лица, две телевизии, пет радиостаници, еден печатен медиум и 15 интернет портали, беа отфрлени како неуредни или ненавремено доставени. Дополнително, два ценовници беа доставени без соодветно барање и истите се отфрлени“, изјави членот на ДИК, Светлана Карапетрова, на 131 седница.

Во ДИК се доставени вкупно 399 ценовници за платено политичко рекламирање. Буџетот за локалните избори во 2025 година изнесува 9,76 милиони евра, од кои две третини се наменети токму за медиумите и политичките реклами.

Првиот круг на локалните избори ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг на 2 ноември. Граѓаните ќе избираат градоначалници и советници во 80 општини и во Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 минути

Мицкоски најави промени: По изборите ќе има нови луѓе во партијата и реконструкција на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот отчет по повод четиригодишната работа на градоначалниците, порача дека веднаш по локалните избори...

Македонија2 часа

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 4 години локална власт ги разочара граѓаните со хаосот и корупцијата во општините

Почетокот на четиригодишниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво се оцени како период на разочарувања, нечисти општини, урбанистички хаос и...

Македонија3 часа

Мицкоски на саемот „Четири години работа за тебе“: Делата, а не зборовите ја покажуваат вредноста

На денешниот настан „Саем-Отчет“ под мотото „4 години работа за тебе“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше свое обраќање пред...

Топ4 часа

Крвава драма во Битола: Со нож го повредил братот на поранешната сопруга, па ја нападна и неа

30-годишен маж од битолското село Лера е уапсен откако со остар предмет нападнал млад битолчанец и ја претепал својата поранешна...

Македонија5 часа

Алиу вети транспарентност, граѓаните ќе знаат кој го помага македонското здравство

Министерството за здравство воведе нов електронски модул за транспарентен преглед на донациите во здравството, со кој јавноста ќе може во...

Свет6 часа

(Видео) Телохранителите на Путин земаат сѐ, дури и урината и изметот на претседателот и го носат во Русија

Обезбедувањето на рускиот претседател Владимир Путин секогаш е предмет на големо внимание на социјалните медиуми од различни причини. Сега, тие...

Македонија7 часа

Попладне дожд и грмежи во западните делови

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладневните часови носат локален пороен дожд и ретки...

Свет17 часа

(Видео) Автобус со повеќе од 50 туристи излета од пат во САД, има загинати и повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи во американската држава Њујорк. Туристички автобус кој се враќал од Нијагарините водопади кон Њујорк излетал...

Свет17 часа

(Фото) Трамп: Путин сака да дојде на Светското првенство во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да присуствува на Светското првенство во фудбал...

Топ20 часа

Пронајден возачот кој со автомобил удри во девојчиња на тротинет и побегна од местото на несреќата

Денеска во СВР Скопје бил извршен службен разговор со Ф.Б. од село Света Петка, скопско. На 21.08.2025 во 14:30 часот...

Европа21 час

Лавров за средбата Зеленски-Путин: Зеленски рече „не“ на сè

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија прави сè што може за да спречи средба меѓу него и рускиот...

Македонија24 часа

Дојранското Езеро пак ќе се полни: со соларни панели Владата ќе ги намалува трошоците за струја од 2,5 милиона евра годишно на хидросистемот „Ѓавато“

По неколкугодишен прекин, Дојранското Езеро повторно ќе се полни со свежа вода преку хидросистемот „Ѓавато“. Премиерот Христијан Мицкоски денес од...

Топ1 ден

Згаснаа животите на две девојчиња од Кичевско, се возеле со четирицикл и излетале од патот

Синоќа на локален пат во селото Колибари, Кичевско, се случи трагична несреќа со четирицикл. 15-годишно девојче од Колибари, управувајќи го...

Македонија1 ден

Документацијата за Стоматолошката комора стигна во рацете на Обвинителството

Министерството за здравство соопшти дека целокупната документација и наодите од извештаите на комисиите што вршеле надзор над работата на Стоматолошката...

Македонија1 ден

Поместени границите во ортопедската трансплантација – извршена најсложената трансплантација на коска на Клиниката за ортопедија

На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е изведена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија...

Македонија1 ден

(Видео) По десет дена борба, дождот го изгасна пожарот кај Јасен

Дождот кој заврна пред 7.00 часот утрово и врнеше нешто повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето Јасен, помогна...

Топ1 ден

Отворена истрага: уапсен 27-годишен скопјанец за детска порнографија

Секторот за компјутерски криминал при МВР до обвинителството поднесе кривична пријава против Ф.М.(27) од Скопје, за сторено кривично дело „Производство...

Свет1 ден

Ким Џонг-ун на колена: првпат призна дека војници на Северна Кореја загинале во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун им оддаде почит на војниците кои загинаа борејќи се на страната на Русија во војната...

Свет1 ден

Зеленски: Мора да се изврши притисок врз Путин, тој не разбира ништо, освен сила

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мора да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши војната....

Македонија1 ден

Предлогот на Мицкоски за повереници е најава за враќање на авторитаризмот на Груевски, смета ДОМ

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) реагира, како што велат, со огромна загриженост на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека,...