Свет
Шведски феминистки запалиле 10 илјади евра во знак на протест
Феминистичката партија во Шведска денеска запали банкноти во вкупна вредност од 100 000 шведски круни (10 385 евра) во знак на протест против нееднаквостите во платите помеѓу жените и мажите.
Феминистичката партија во Шведска денеска запали банкноти во вкупна вредност од 100 000 шведски круни (10 385 евра) во знак на протест против нееднаквостите во платите помеѓу жените и мажите. „100 000 круни, тоа се парите што жените ги губат секоја минута во овој систем, во кој плаќањето се определува во зависност од полот,“ рече Гудрун Шиман, лидерката на партијата „Феминистичка иницијатива“ за шведското државно радио. „Ќе изгориме 100 000 круни и ќе го направиме тоа за да добие праведни и фер плати,“ додаде таа. Потребни беа 40 минути за горење на торбата со банкнотите од по 100 круни обезбедени од пи ар компанија, објави радиото. Фактот дека нашиот пазар на труд се уште се заснова на фиксната плата според полот е провокација за нас,“ рече Шиман. Уништувањето на банкноти не е нелегално во Шведска, прецизирал портпаролот на Централната банка. „Не е забавно да се горат пари. Знам дека се тоа многу пари. Тоа се многу пари и за мене и за многу други луѓе,“ рече таа, признавајќи дека имало долга листа на добротворни организации кои можеле да ги искористат парите. „Но Феминистичката иницијатива е политичка партија а не добротворна организација. Ние работиме за промена на реалноста. Прашањето кое сакаме да го подигнеме со овој чин е дискриминацијата при плаќањето, “ додаде Шиман. Феминистичката иницијатива е формирана во 2005 година и учествуваше за прв пат на парламентарните избори во 2006 година, но не освои ниту едно место во парламентот./крај/афп/бг/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полска повторно отвора два гранични премини со Белорусија
Полска повторно отвори два главни патни премини на границата со Белорусија, години откако беа затворени поради влошување на односите меѓу двете земји.
Полските власти денес на полноќ повторно ги отворија контролните пунктови на патиштата Кузница и Бобровници.
Според новата одлука, преминот Кузница – Брузги ќе дозволува само патнички возила, освен автобуси, додека преминот Бобровници – Бјерестовица ќе дозволува премин на автомобили, автобуси и камиони, објавува ТВП Ворлд.
Фото: принтскрин
Свет
Писториус: Некои воени историчари веруваат дека го имавме последното мирно лето
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека војната може да избувне меѓу Северноатлантската алијанса и Русија во наредните години.
„Секогаш сме велеле дека ова може да се случи во 2029 година. Сепак, сега има и други кои велат дека тоа може да се случи уште во 2028 година, а некои воени историчари дури веруваат дека го имавме последното мирно лето“, рече Писториус во интервју за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.
Писториус, исто така, тврди дека вооружените сили на земјите од НАТО мора да бидат уште подобро опремени за можни борбени операции против Русија, пренесува Спутник.
Претставничката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, ја коментираше оваа изјава на германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
„Сега нема сомнение кој е агресорот“, изјави таа.
Фото: принтскрин
Свет
Зеленски: Украина ќе увезува гас од Грција
Украина ќе увезува гас од Грција за да обезбеди снабдување со енергија за претстојната зима, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски, по средбата во Атина со грчкиот претседател Константинос Тасулас и премиерот Киријакос Мицотакис, изјави дека договорот ќе обезбеди уште еден пат за снабдување со гас со цел да се обезбеди увоз за зимата колку што е можно повеќе.
Договорот ќе покрие речиси две милијарди евра потребни за увоз на гас за да се компензираат загубите во украинското производство предизвикани од руските напади, изјави украинскиот претседател, пренесува Политико.
Украина подготвува договор со Франција за зајакнување на борбената авијација, воздушната одбрана и другите одбранбени капацитети, изјави Зеленски.
Фото: принтскрин

