Македонија
Бавно се минува низ „Богородица“ поради штрајк од грчка страна
Околу еден час трае чекањето за влез и излез од земјата на преминот „Богородица“ на македонско-грчката граница, поради штрајк на сопствениците на бензински пумпи кај јужниот сосед, информираат од АМСМ
Поради штрајкот, протокот на возила се одвива со прекини и возилата се пропуштаат повремено кога ќе се собере поголем број.Од АМСМ препорачуваат да се користи граничниот премин „Дојран“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Се одбројуваат денови до отворање на ски-центарот Михајлово, граѓаните предлагаат доживотен мандат за градоначалникот Јанчев
По интензивните врнежи од снег во Михајлово, се одбројуваат деновите за отворање на скијачкиот центар, напиша на својот профил на Фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Тој додаде дека во моментов се работи на подготовки за ски стазата со сите пропратни елементи за сите возрасти.
„Скијачки центар Михајлово, за сите љубители на зимските спортови“, стои во неговата објава.
Во коментари под видеото од ратракот граѓани бараат доживотен мандат за Јанчев.
„Недостижен ,единствен и незаменлив градоначалник-Митко Јанчев, одлично сработено, пример за сите останати, големо браво за идејата и реализацијата на проектот“, се дел од коментарите на „Фејсбук“.
Македонија
Воведена забрана за камиони и на патот кон Попова Шапка
Поради снегот воведена е забрана за камиони и на патот Тетово-Попова Шапка.
Од АМСМ информираа дека за сите останати возила е задолжителна употребата на зимска оперема.
Претходно забрана беше воведена и на патните правци Охрид-Кичево (Пресека) и Кичево-Гостивар, која се уште е во сила.
Македонија
(Видео) Курто Дудуш ги повика скопјани Новата година да ја дочекаат во Шуто Оризари: „Данела има недостиг на идеја“
Градоначалникот на Шуто Оризари ги повика скопјани на 31 декември да дојдат на плоштадот во општината најавувајќи богата музичка програма.
„Покрај недостигот на елементарна способност за обезбедување основни јавни услуги, Данела има недостиг и на идеја, волја и желба да се усреќат сограѓаните барем за новогодишните празници оставајќи ја најубавата јавна површина во градот штура, нема и без програма. Затоа, ги поканувам сите граѓани на Скопје на 31 декември да ни бидат гости на плоштадот во општина Шуто Оризари, каде што ќе може ја доживеат новогодишната атмосфера во полн ек.
Богата денска и вечерна програма, за сите генерации, со почеток од 12 часот, со програма за нашите најмали, па продолжување на забавата сè до утринските часови со богатата ромска музика и песна“, порача Дудуш.