Македонија
Тодоров: Не сакам војна со професорите
Министерот за образование и наука, Никола Тодоров изјави дека не сака да влегува во војна со професорите за предложените измени на законот за високо образование. “Професорите се база на државата, тие се и моја база и од нив зависи каков правен и економски систем ќе имаме, колку ќе бидат квалитетни судиите, лекарите кои што не лечат и наставниците кои што ги учат нашите деца“, рече Тодоров додавајќи дека треба да се направи јасна дистинкција на оние кои што сериозно се занимаваат со наука и сериозно и посветено ги извршуваат своите обврски, од оние кои тоа го прават многу полошо. Повеќемина професори со изјави, колумни итн, ги дочекаа на нож најавите за измените во високото образование, особено оние во делот на екстерната евалуација и објавените научно истражувачки трудови, по кои за редовен професор ќе може да биде лице кое има објавено најмалку шест научно истражувачки трудови во меѓународни научни списанија или четири научни трудови во научно списание со импакт фактор. Многу од нив, измените ги оценија како удар по автономијата на универзитетите.Министерството за образование и наука денеска распиша тендер за набавка на наставно-образовни помагала за две средни училишта во Градот Скопје, за гимназијата „Зеф Љуш Марку“ и медицинското училиште „Панче Караѓозов“./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Герасимовски: Во среда македонски евергрини на „Џез под ламба“ кај Италијанска амбасада
Општина Центар, информира дека и годинава, во среда, 25 декември со почеток во 19.00 часот ќе се одржи настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај Италијанска амбасада.
Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека на овој настан граѓаните ќе имаат можност да слушаат џез верзија на македонските евергрини од Искра Србиновска квартет, но и да пробаат греано вино и печени костени.
„Во среда ги слушаме омилените македонски евергрини во џез верзија. Ги повикувам сите граѓани кои сакаат да слушнат добра македонска музика да дојдат и заеднички да го прославиме нашиот културен идентитет и да уживаме во музиката во пресрет на новогодишните празници. Се гледаме на македонски џез“, порачува Герасимовски.
Настанот „Џез под ламба“ е во организација на Општина Центар, а во соработка со МГ Мјузик продукција.
Скопје
Делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај.
· од 07:00 до 16:00 часот, корисниците од улиците: Божин Николов, Хаџи Трајко и Горно Лисиче (во делот кон село Долно Лисичче) во општина Аеродром;
· од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од објектите во околината на Езеро – Треска во општина Сарај;
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улицата Милан Мијалковиќ во општина Кисела Вода.
Македонија
Студен бран со врнежи од дожд и снег
Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег.
Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови (над 25л/м2) каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места.
Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер (над 60км/ч). Потоа до четврток ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, особено во среда.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег, особено попладне. Ќе дува умерен југоисточен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер. Во следните три дена ќе има услови за провејување на снег, особено во среда.