Свет
Технолошки експерт во САД осуден за шпионажа за Кина
Поранешниот инженер кој работеше на одржување на американскиот бомбардер „Б-2“,во понеделник е прогласен за виновен за продавање на државни тајни на Кина, јавува Асошиејтед прес
Експертот, 66-годишниот Ношир Говадија, е виновен што го искористил своето знаење за „стелт“ технологијата (невидлива за радарите) при дизајнирањето на компонента за кинеска крстосувачка ракета, при што заработил најмалку 110.000 долари. Тој наводно ги искористил парите за да го намали притисокот од месечната рата од 15.000 долари за повеќемилионската куќа која неодамна ја изградил на северниот брег на пацифичкиот остров Мауи. Сега се соочува со казна доживотен затвор. Обвинителството соопшти дека Говадија најмалку два пати предал државни тајни: во текот на „Пауерпоинт“ презентацијата на неговата технологија наменета за крстосувачки ракети и кога ја прикажал ефективноста на неговата технологија во споредба со постоечките американски ракети „воздух – воздух“. „Овој случај е уникатен поради тоа што ние водиме процес против знаење„поточно против самиот концепт на извоз на знаењето стекнато во целост или делумно при работењето на обвинетиот во некоја класифицирана програма на САД“, вели помошник-главниот обвинител на САД, Кен Соренсон. „Ако секој може ваквото знаење да го изнесе и рекламира на меѓународниот пазар и тоа да го чува во тајност од засегнатите влади, тогаш навистина ќе бидеме во неволја“, заклучува тој. Адвокатите на Говадија признаваат дека нивниот клиент им го продал спорниот дел на Кинезите, но дека тој бил изработен користејќи јавно достапни информации и најавија жалба. Говадија, кој се наоѓа во федерален притвор од октомври 2005 година, беше осуден по 14 од 17 точки на тужбата, меѓу кои се перењето пари и прекршување на законите за трговија со оружје, а ослободен е од тужбата дека намерно предал информација за националната одбрана. Пресудата на Говадија ќе му биде изречена во ноември. Овој е еден од серијата случаи кои во САД се водат против луѓе кои шпионирале во Корист на Кина, што го потврдува огромниот разузнавачки интерес кој Пекинг го има за САД. Во март, американскиот инженер со кинеско потекло Донгфан „Грег“ Чанг беше осуден на 15 години затвор. Откако беше осуден за економска шпионажа и други федерални прекршоци. Истрагата дозна за Чанг додека го следеле Чи Мак, кој во 2007 година беше осуден за обид за извоз на американска технологија во Кина . мак беше осуден на 28 години затвор. /крај/ап/ссе/ Copyright 2010 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

