Свет
Данската полиција превентивно привела 35 демонстранти
Портпаролот на данската полиција во петок соопшти дека превентивно биле приведени 35 припадници на разни еколошки движења, поради страхувања од „незаконски дејствија“
Како што соопштил за новинарите портпаролот Расмус Бернт Сковргаард, приведените се затворени во поранешен склад за пиво во близината на Копенхаген, каде може да бидат задржани најмногу 12 часови. Како што пренесуваат агенциите, во петок околу пладне на повик од движењето Our Climate – Not Your Business, околу 250 демонстранти се собрале на протести во центарот на главниот град на Данска, каде биел опколени од силни полициски единици. Протестот се одвивал под мотото „Не купувајте лаги“, и според Сковгдаард не бил пријавен на полицијата. Претставници на демонстрантите изјавиле дека сакаат да го спречат влијанието на стопанствата врз преговорите за климата, бидејќи сметаат дека бизнисмените и компаниите не се дел од решението.Ова инаку беа првите протести во текот на конференцијата за климатските промени која во Копенхаген се одржува од 7-ми декември под покровителство на Обединетите нации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.
Свет
„Би-Би-Си“: Договорот за прекин на огнот во Газа можеби е најкревкиот во историјата на Блискиот Исток
Иако во Газа е постигнат договор за прекин на огнот, Блискиот Исток останува симбол на сложената историја исполнета со конфликти, краткотрајни мировни договори и прекршени договори.
Секој нов договор доаѓа со товар на недоверба и гнев, зацврстувајќи ги позициите на екстремните фракции. Сегашниот договор, сепак, можеби е најкревкиот досега, со Газа во урнатини, а Израел сè уште се оптеретува од последиците од 7-ми октомври.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговите десничарски сојузници цврсто ја отфрлаат идејата за палестинска држава, и покрај широкиот консензус дека тоа е единствениот пат кон траен мир. Иако анкетите покажуваат пад на довербата во решението за две држави, повеќе од 60 отсто од Палестинците и израелските Евреи претпочитаат мир и нормализација врз основа на овој модел, наместо продолжување на војната.
Регионалниот контекст дава надеж – регионалните сили покажуваат поголем ангажман, додека САД, под водство на новиот претседател Доналд Трамп, кој очигледно е подготвен да преземе одлучувачки чекори, продолжува да игра клучна улога. Времето ќе покаже дали овој договор може да донесе промени. Историјата учи дека мир можат да постигнат само оние кои учествувале во конфликтот, а прашање е дали овојпат ќе има доволно волја за тоа.
Свет
Израел почна да ослободува 90 палестински затвореници
Израелската затворска служба денеска почна да префрла 90 палестински затвореници во затворот Офер во близина на Рамала на окупираниот Западен Брег според договорот за прекин на огнот, објавија локалните медиуми.
Израелскиот Канал 12 објави дека 78 затвореници ќе бидат ослободени на Западниот Брег, а останатите 12 во Источен Ерусалим.
Тројца израелски заложници од вкупно 33 денеска беа предадени на ИД од Хамас.