Контакт

Свет

Авијацијата на НАТО уништи три ракетна система на силите на Гадафи

Објавено пред

Авионите на државите членки на НАТО кои учествуваат во операцијата „Обединет бранител“ во Либија, последното деноноќие извршиле 124 летови, од кои 45 биле борбени, при што уништиле три ракетни система од типот „земја-воздух“, една противавионска батерија, радарски систем и еден тенк.

dobivaj vesti na viber

Авионите на државите членки на НАТО кои учествуваат во операцијата „Обединет бранител“ во Либија, последното деноноќие извршиле 124 летови, од кои 45 биле борбени, при што уништиле три ракетни система од типот „земја-воздух“, една противавионска батерија, радарски систем и еден тенк.Како што соопшти во петокот прес-службата на западната воена алијанса, покрај овие покрупни цели, во борбените летови била уништена и бројна друга воена техника, оружје и објекти што ги користат силите лојални на либискиот водач полковникот Моамер ел-Гадафи. Од 31-ви март годинава кога операцијата мина под команда на НАТО, во рамките на акциите за обезбедувањето зона на забранети летови над Либија и заштита на цивилното население, авијацијата на Алијансата извршила вкупно 15.028 летови, од кои 6.040 биле борбени. За контрола на спроведувањето на ембаргото за оружје за Либија и за патролирање во централниот Медитеран во четвртокот биле ангажирани 17 бродови на НАТО. Од почетокот на воените операции на Алијансата за контролирање на курсот на бродовите и товарите што ги превезуваат бродовите коишто пловат во овој дел од Средоземното Море, била извршена контрола на вкупно 1.860 бродови, од кои само во четвртокот биле проверени 21 пловило.  Прегледување на товарите на бродовите било извршено 180 пати, а во девет случаи по инсистирање на НАТО, бродовите упатени кон либискиот брег биле принудени да го променат курсот на пловење.Во средината на февруари во Либија почнаа масовни демонстрации со барање по повеќе од 40 години од власта да се повлече либискиот водач полковникот Моамер ел-Гадафи, кои подоцна прераснаа во вооружен судир меѓу владините сили и бунтовниците. Советот за безбедност при Обединетите нации на 17-ти март ја донесе резолуцијата со којашто се наметна зона на забранети летови над Либија. За да се обезбеди зоната на забранети летови, како и спроведувањето на ембаргото за оружје и за заштита на либиските цивили, коалицијата на западните земји на 19-ти март ја започна воената операција чиешто раководење набрзо целосно беше преземено од страна на НАТО. Мандатот на операцијата која се изведува под кодното име „Обединет бранител“требаше да заврши на 27-ми јуни, но на 1-ви јуни операцијата на НАТО беше продолжена за 90 дена – до крајот на септември./крај/рн/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Трамп: Украина е во сериозна неволја

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше со новинарите пред неговата посета на Обединетото Кралство, а како одговор на прашање од украински новинар, тој зборуваше за војната во Украина и неговите планови.

dobivaj vesti na viber

Кога беше прашан за испораката на американските системи „Патриот“ во Украина и времето на нивното пристигнување, Трамп прво го праша новинарот од каде е. Кога слушна дека е од Украина, американскиот претседател рече: „Ја сакам Украина, ги сакам луѓето од Украина. Затоа помислив дека слушнав малку украински акцент“.

„Но, земјата е во сериозна неволја. Ова е војна што никогаш не требаше да се случи. Но, јас ќе ја спречам“, додаде Трамп.

Трамп тврдеше дека спречил седум војни во последните осум месеци.

„Мислев дека оваа ќе биде најлесната затоа што го познавам Путин. Но, не беше, бидејќи постои огромна омраза меѓу Зеленски и Путин. Но, ние ќе ја спречиме“, рече американскиот претседател.

Прикажи повеќе...

Свет

ОН: На 26.000 деца во Газа им е потребно лечење за акутна неухранетост

Објавено пред

УНИЦЕФ соопшти дека на повеќе од 10.000 деца во Газа им е потребен третман за акутна неухранетост, според „Тајмс оф Израел“.

dobivaj vesti na viber

„Масовното раселување на семејствата од Газа претставува смртоносна закана за најранливите“, изјави Тес Инграм, портпаролка на УНИЦЕФ во хуманитарната зона Ал-Маваси во јужна Газа.

Во разговор со новинарите на телевизискиот брифинг на ОН во Женева, Инграм предупреди за влошување на стапките на неухранетост кај децата. „Проценуваме дека 26.000 деца во Појасот Газа моментално имаат потреба од третман за акутна неухранетост, вклучувајќи повеќе од 10.000 само во Газа“, рече таа.

Таа објасни дека во август, повеќе од едно од осум деца прегледани во Појасот Газа биле акутно неухранети, „највисоко ниво досега забележано“.

Во градот Газа, стапката била едно од пет, објави „Тајмс оф Израел“.

Центрите за храна во градот Газа „беа принудени да се затворат оваа недела поради наредби за евакуација и воена ескалација“, додаде Инграм.

Израел ги оспорува тврдењата за глад во Појасот, а ИДФ вели дека оние што се евакуираат на југ кон областа Ал-Маваси ќе најдат храна, шатори и лекови таму.

Израел продолжува да го повикува цивилното население во градот Газа да се евакуира во безбедна зона, проценувајќи дека околу 40% од еден милион жители досега заминале. Сепак, претставници на Обединетите нации го проценуваат бројот на околу 150.000.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Путин во униформа на огромна воена вежба на источната граница на НАТО

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин се појави во воена униформа на големата воена вежба на руската и белоруската армија, „Запад 2025“, која се одржува со денови во близина на источните граници на НАТО.

dobivaj vesti na viber

Путин го посети полигонот Мулино во регионот Нижни Новгород. Таму изјави дека 100.000 војници учествуваат во маневрите на 41 полигон за обука на копно и море, 333 авиони, околу 250 бродови и 10.000 парчиња воена опрема.

Претходно се сметаше дека во вежбата ќе учествуваат 30.000 војници, но бројките покажуваат значително поголема мобилизација.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

(Фото) „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“, „Шест месеци без правда за Кочани“: на плоштадот во Скопје одбележани шест месеци од трагедијата во „Пулс“

Вечерва во 20:16 часот, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со ѕвездено небо и молк, како симбол на солидарност и граѓанска...

Европа2 часа

(Видео) Путин во униформа на огромна воена вежба на источната граница на НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин се појави во воена униформа на големата воена вежба на руската и белоруската армија, „Запад 2025“,...

Македонија3 часа

ИЈЗ смирува: Нема тешки метали во почвата и водата не е радиоактивна

Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје, и во неделата беа земени примероци, мостри од страна на...

Топ6 часа

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

Обвинителството го објави записникот од испитувањето на Росица Коцева (31) од Велес, даден на 9 септември годинава, само неколку дена...

Македонија8 часа

Јас не сум од вчера во политиката, партијата Левица фрли гума за спасување на ДУИ со кандидатите во Струга, Гостивар и во Тетово, вели Мицкоски

Партијата Левица предложи кандидати за градоначалници во Струга, Гостивар и во Тетово само за да ги раслои анти-ДУИ гласовите во...

Македонија8 часа

Обвинителството испитува одговорност за големиот пожар во Трубарево, утре увид на терен

Утре, ќе почне увидот на самото место за причините за големиот пожар во Трубарево. Увидните екипи ќе работат под координација...

Македонија9 часа

Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над пет години, Мицкоски најави итни законски измени

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, при посетата на Јегуновце најави законски измени со кои најстрого ќе се казнува подметнување пожар и...

Македонија9 часа

Идентификувани 20 лица осомничени за подметнување пожари во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека дваесетина лица се идентификувани како осомничени за серијата подметнати пожари во Скопје. Според него,...

Македонија10 часа

Пред убиството Росица го пријавувала Стефановски за насилство и непочитување на забраната за приближување, го запалил и автомобилот на татко ѝ

Против Илија Стефановски, осомничен за убиството на Росица Коцева (31) и на татко ѝ Киро Коцев (68) во Велес, претходно...

Македонија12 часа

Намалена активната транспарентност на Владата и на министерствата, најмалку информации има за финансиите, објави Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според активното објавување...

Македонија12 часа

Синоќа повторно предизвикан пожар на „Дрисла“

Синоќа, пред 23 часот, повторно беше предизвикан пожар на депонијата „Дрисла“, на сосема друго место, подалеку од местото што беше...

Свет13 часа

Рубио: Трамп е единствениот лидер што може да разговара со Русија, Украина и со Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, објави американскиот...

Македонија13 часа

„Марш за ангелите” во Кочани и мирен протест во Скопје: шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица....

Македонија13 часа

Изгаснат тежок пожар пред Пинтија, под контрола се пожарите на „Дрисла“ и во Трубарево, активен пожарот на Кожуф

Рано утрово пред 4 часот избувна тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над „Стакларата“ на местото наречено Каменик)...

Македонија14 часа

Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника по признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, велат од СДСМ

Панче Тошковски во интервју призна дека нема осомничени дека одреден центар на моќ влијаел да се подметне пожарот во Трубарево...

Свет14 часа

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и сопрете го Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд Трамп да заземе јасна позиција за да го запре Владимир Путин и да...

Македонија1 ден

Град Скопје не е надлежно за фабриката во Трубарево, „Вардариште“ е на Гази Баба, кај си да писнеш за УСЈЕ, му порача Арсовска на Ѓорѓиевски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи по последните случувања со пожарите во Трубарево, „Дрисла“ и „Вардариште“...

Македонија1 ден

Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи, состојбата во Трубарево е под целосна контрола, уверуваат надлежните

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето...

Топ1 ден

Скопјанeц ги убил девојката и татко и во Велес, па се самоубил

Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско...

Македонија1 ден

Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево, соопшти ИЈЗ

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и...