Свет
Киднаперите на Филипините ослободија 13 заложници

Припадниците на племето Манобо денеска ги ослободија 13-те заложници кои шест дена ги држеа заробени во џунглата во јужниот дел на Филипините, барајќи од затвор да бидат пуштени нивните роднини.
Припадниците на племето Манобо денеска ги ослободија 13-те заложници кои шест дена ги држеа заробени во џунглата во јужниот дел на Филипините, барајќи од затвор да бидат пуштени нивните роднини. Единаесет учители, 10-годишно девојче и возач на моторцикл беа киднапирани во петокот во провинцијата Агусан дел Сур, на островот Минданао. Киднаперите бараа од затвор да биде ослободен нивниот племенски лидер, кој заедно со уште припадници на племето Манобо е уапсен поради киднапирање на 79 луѓе во 2009 година. крај/танјуг/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Приведени 77 лица по протестите, 48 полицајци повредени, Вучиќ вети дека нема помилување за насилство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска порача дека нема да потпише никакво помилување или аболиција за оние кои учествувале во насилствата по студентските протести во Белград. Тој најави дека ќе следуваат нови апсења, бидејќи, како што рече, сѐ уште се врши идентификација на осомничените.
„Ова не е крај, лицата се идентификуваат, на тоа работи БИА“, изјави Вучиќ, додавајќи дека Србија не може да се победи со насилство: „Неа не можете да ја победите со насилства, таа не запре и нема да застане“.
Тој оцени дека повиците на крајот од протестот, особено изјавата „имате зелено светло“, претставуваат директен повик за граѓански конфликти и напади врз полицијата.
„Ги повикувам надлежните обвинителства да си ја работат својата работа, да не се преправаат дека се неспособни и наивни. Доаѓа време на одговорност, почитувани граѓани“, додаде Вучиќ.
На заедничката прес-конференција, министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ информираше дека по протестот се приведени 77 лица, од кои 38 се задржани, а меѓу нив има и едно малолетно лице.
„Против 35 лица ќе бидат поднесени кривични пријави, а против 26 лица ќе се води прекршочна постапка“, изјави Дачиќ, додавајќи дека се повредени 48 полицајци, од кои еден со тешки повреди на главата, а уништена е и значителна количина заштитна опрема.
Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, остро го осуди насилството и побара сите страни да се воздржат од дополнително разгорување на тензиите.
„Србија е демократско општество во кое мислењата мора да се изразуваат на мирен и цивилизиран начин, без загрозување на безбедноста на граѓаните и јавниот ред и мир“, изјави Мацут.
Тој им се заблагодари на припадниците на полицијата и безбедносните служби за брзата и професионална интервенција.
Своја реакција имаше и претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, која обвини дека студентите на протестот упатиле повик за граѓанска војна.
„Блокаторите не го завршија својот митинг на Видовден со зборовите ‘Да живее Србија’, туку со морничав повик за убивање на Србија – монструозен и отворен повик за граѓанска војна. Памти Србијо“, напиша таа на мрежата Икс.
Блокадери свој скуп на Видовдан нису завршили речима – Живела Србија. Завршили су језивим позивом на убиство Србије, монструозним и отвореним позивом на грађански рат. Памти Србијо. pic.twitter.com/IiOiU3A0Kl
— Ana Brnabic (@anabrnabic) June 28, 2025
Свет
Италијанец снимал деца на Истра со камери скриени во пенкала

Истарската полиција заврши кривична истрага против 67-годишен италијански државјанин, осомничен за сериозно кривично дело поврзано со злоупотреба на техничка опрема и нарушување на приватноста на малолетни лица.
Според соопштението на Полициската управа на Истра, инцидентот се случил на 26 јуни, околу 15 часот, кога гостин во туристички објект забележал лице како недозволено снима малолетници. Лицето било задржано до пристигнување на полициски службеници, кои веднаш постапиле согласно законските надлежности.
По судска наредба, биле извршени претреси на неколку уреди со скриени камери, вклучувајќи техничка опрема со интегрирани снимачки механизми, мемориски уреди, мобилен телефон и возилото на осомничениот. Полициската управа информира дека се пронајдени материјали кои ќе бидат предмет на понатамошна истрага.
Осомничениот е уапсен и вечерта на 27 јуни предаден во притворската единица на Полициската управа на Истра со поднесена кривична пријава.
Свет
Лавров: Западот повторно се обидува да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија, нема да успее

Западот никогаш не успеал и никогаш нема да успее да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на средбата со министерот за надворешни работи на Киргистан, Јенбек Кулубаев.
„Сведоци сме на невидена конфронтација меѓу нашата земја и колективниот Запад, кој повторно одлучи да војува против нас и да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија, користејќи го нацистичкиот режим во Киев како овен за удар. Западот никогаш не успеал во ова, а нема да успее ниту овој пат“, порача Лавров, пренесе рускиот весник „Известија“.
Тој ја потенцираше важноста на стратешките и блиски врски со Киргистан, наведувајќи дека Русија ги цени односите со оваа пријателска земја во сите сфери.
Лавров додаде дека, и покрај санкциите и, како што рече, нелегитимниот притисок од Западот, трговијата меѓу Русија и Киргистан бележи раст, а се продлабочува и соработката во хуманитарната, образовната и меѓународната сфера.