Свет
Гадафи нема намера да си замине од власта
Изјавите дека либискиот лидер Моамер ел-Гадафи се согласил да ја напушти власта во замена за гарантирање на неговата безбедност не одговараат на реалноста, изјави во вторникот за Reuters портпаролот на либискaта влада Муса Ибрахим
Претходно во вторникот, рускиот весник „Комерсант“ повикувајќи се на висок функционер во руската власт пишуваше дека Моамер ел-Гадафи се согласил да ја напушти власта во замена за безбедносни гаранции, а некои членки на НАТО, особено Франција, може да му понуди гаранции. Според соговорникот на весникот, Франција е подготвена да ги одмрзне сметките на Гадафи и на неговото семејство и „ветила дека во случај полковникот мирно да замине од власта де биде повлечено барањето за негово апсење издадено од Хашкиот трибунал“. Покрај тоа, била разгледувана и можноста либискиот лидер да остане во земјата.„Информациите за преговорите за заминување на Гадафи или дека тој е во потрага по безбедно засолниште во земјата или надвор од неа, се апсолутно невистинити“, го цитира агенцијата портпаролот Муса Ибрахим. „(Властите) Гадафи не размислува за тоа, тоа е нашата принципиелна позиција, и за иднината на Либија,треба да решат Либијците. Гадафи е историски симбол и Либијците умираат бранејќи го“, вели Ибрахим. Во понеделникот, либиската влада најави дека во Италија, Египет и Норвешка се состанале претставници на либиската влада и на бунтовниците. Според Муса Ибрахим, на состанокот одржан во Рим, бунтовничката страна била претставувана од поранешниот министер за безбедност на режимот на Гадафи кој во февруари мина на страната на бунтовниците во Бенгази, Абдел Фатах Јунис. Претходно во понеделникот за остварени „директни и индиректни контакти“ со бунтовници потврди ќерката на лидерот на Либија, Ајша Гадафи.Разговорите се воделе за прекин на огнот, хуманитарната помош и почеток на дијалогот меѓу Либијците, како и за период на транзицијата и политички промени, изјави портпаролот либиската влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Берлин нападната сенаторка, трет напад врз владин политичар за само неколку дена
Германската полиција соопшти дека поранешната градоначалничка на Берлин, сенаторката Франциска Гифај била нападната во локалната библиотека каде непознат маж ја удрил одзади со торба наполнета со тежок предмет, а потоа побегнал.
Во нападот Гифај, која сега е министерка за економија на Берлин и член на партијата СПД на канцеларот Олаф Шолц, беше полесно повредена.
Нападот врз Гифаи е трет напад врз владин политичар за само неколку дена, пренесува Ројтерс.
Свет
(Видео) Авион на Боинг принудно слета на аеродромот во Истанбул, екипажот безбеден
Товарен Боинг 763 принудно слета на аеродромот во Истанбул, по дефект на опремата за слетување, јавија државните медиуми.
Екипажот е безбедно евакуиран, јави државната телевизија ТРТ, пренесува ДПА.
Авионот, во сопственост на американската компанија за испорака Федекс, бил на пат од Париз. Неговата опрема за слетување на носот претрпела дефект додека се приближувал кон Истанбул.
Teretni avion sletio na trup na Aerodromu u Istanbulu https://t.co/7GDTFSZtkY pic.twitter.com/lUD5URlsE0
— Anadolu BHSC (@aa_balkans) May 8, 2024
Контролната кула била информирана и биле преземени неопходните мерки на претпазливост пред авионот да слета во 08:17 часот по локално време, соопшти ТРТ, повикувајќи се на Министерството за транспорт.
Свет
Шолц: Мирот на Балканот не е нешто што се зема здраво за готово
Германија интензивно се залага за прием на земјите од Западен Балкан во Европската Унија бидејќи членството одамна е ветувано, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на средбата со Денис Беќировиќ, член на Претседателството на БиХ, пишува „Дојче веле“.
Германскиот канцелар потоа потсети дека членството во Европската Унија, пред сѐ, зависи од условите што земјата членка мора да ги исполни на патот кон таа цел. Можеби тоа беше мал одговор на сите оние од Западен Балкан што се чувствуваа заобиколени откако на крајот на минатата година им беше отворен патот на преговорите на Украина и Молдавија по скратена постапка. Сега Шолц уште еднаш јасно стави до знаење дека патот е долг, а за некои многу, многу долг.
Тој се осврна и на безбедносната ситуација во регионот и рече дека мирот на Западен Балкан „не е нешто што се зема здраво за готово“.
„Босна и Херцеговина игра важна улога овде и ќе се спротивставиме на секој обид за загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина“, рече Шолц и нагласи дека затоа Германија ќе истрае да учествува во воените мисии „Еуфор“ и „Алтеа“.