Македонија
Ставрос Лигерос – “Во името на Македонија” (6)
Фељтон:
Еден од водечките грчки аналитичари за македонското прашање, Ставрос Лигерос, дипломатски коментатор во Катимерини, неодамна ја објави книгата “Во името на Македонија” – дипломатската војна за името. Книгата детаљно ја опишува 18-годишната дипломатска битка меѓу Македонија и Грција за името и сите нејзини фази. Форум во неколку продолженија ќе го објави во целост 5-тото поглавје од книгата кое авторот го нарекува “Со ветото на маса” и се однесува од периодот кога САД ја признаа Македонија со уставното име, па сè до настаните во Букурешт. Текстот обилува со документи и факти, но истовремено е и приказ на тоа како грчките опинион мејкери гледаат на македонското прашање и неговото решавање, како и за фамозната грчка стратегија за решавање на спорот преку блокирање на македонските евроатлантски интеграции. Форум ќе го објави текстот во оригинал Четири плус едно имеОбидот на Нимиц да се испазари за видот на името за широка употреба конечно не се случи пред самитот во Букурешт (2.4.2008). За да го неутрализира маневарот на Нимиц, грчката страна побара поделба на преговорите на две фази: прво да се одлучи кое ќе биде сложеното име, па во продолжение да се разговара за опсегот на неговата употреба и за преостанатотоПрвата дама на Стејт-департментот Кондолиза Рајс имаше средба со нејзиниот славомакедонскиот соговорник Милошоски (12.2.2008) и два дена подоцна со Бакојани. И на двете средби се разговараше за начинот за надминување на безизлезната состојба. Американската страна се обиде да ги обврзе и двете страни со одредени потези, но не успеа да го премости јазот. Нимиц се појави овојпат со еден поконкретен текст (19.2.2008). Главните точки беа следните:
Уставното име на соседната држава останува “Република Македонија”. Тоа важи за внатрешна употреба.Ќе постои едно “службено меѓународно име кое ќе се употребува во странство”. Следните имиња се нудат како можни решенија за службено меѓународно име напишани на латинично писмо: Уставна Република Македонија, Демократска Република Македонија, Независна Република Македонија, Нова Република Македонија, Република Горна Македонија. Службеното меѓународно име ќе ја замени употребата на привременото БЈРМ во ОН и ќе се употребува во меѓународните организации, во договорите со другите држави и ќе биде запишано во пасошите. Исто така, се предлага тоа да биде во функција и за надворешна употреба и за меѓусебните службени односи при меѓународна употреба.
Зборот “Македонија” сам по себе не ќе биде во функција како службено име, формално или неформално на втората страна (БЈРМ) или како службено име на која било друга држава… Ниедна држава не ќе има ексклузивно право, политичко или трговско на името “Македонија” или “македонски” поединечно… Имињата “Македонија” и “македонски” може да се употребуваат за трговски цели и од двете страни и од граѓаните и организирани групи правно признати помеѓу двете страни, но само во согласност како предмет на ограничено меѓународно законодавство, во договори и во пракса кои се однесуваат за употреба на географски имиња за трговски или слични цели.
Првите од четирите предложени имиња беа описни одредници од видот на управување на државата, а не од името на државата. Не се допира суштината. Спротивно, петтото предложено име Република Горна Македонија ја рефлектира реалноста.
Нимиц остана во полето на двојно име. Ја прошири употребата на “службено меѓународно име”. Името не ќе биде само за меѓународните организации. Важен податок беше и барањето (со гласање на Советот на безбедност) и државите-членки на ОН да употребуваат “службено меѓународно име” и за другите “службени меѓународни употреби”, како и за “службена меѓусебна меѓународна употреба”, т.е. во меѓусебните односи на трети држави со Скопје. Нов податок беше исто така и предвидувањето запишување на “службеното меѓународно име” во пасошите на граѓаните од БЈРМ. Она за што се разговараше околу запишувањето на службеното име во пасошите беше тоа да биде запишано на некоја од внатрешните страни, додека на надворешната корица од пасошот да стои Република Македонија.
Атина го прифати веднаш текстот на Нимиц како основа за преговори. Во Скопје се одржа состанок на политичките лидери кои имаа очигледни внатрешни разлики (24.2.2008). Груевски зборуваше директно за еден лош предлог. Славомакедонците изјавија дека прифаќаат само две од петте предложени сложени имиња. Ја имаа оваа можност бидејќи не се разговараше за конкретен предлог, туку за рамката со алтернативни имиња. Секоја страна можеше да избере некој од предлозите. На овој начин избегнаа да се обврзат и да ја платат цената поради отфрлањето.
Предлогот на посредникот беше да се направи пазар за видот на сложеното име и со ширината на неговата употреба. Имено, за да го прифати Атина името по нејзина мерка (Горна Македонија), ќе треба да прифати дека ова име ќе се употребува само во меѓународни организации. Ако се усвои некој од предлозите од текстот на Нимиц за широка употреба, ќе се побара од Атина да даде мислење за видот на името, притоа треба да прифати едно безболно сложено име за славомакедонците. Претседателот на БЈРМ Црвенковски покажа веднаш дека имињата Независна Република Македонија и Демократска Република Македонија се прифатливи бидејќи не доаѓаат во спротивност со националниот идентитет на славомакедонците. Во реалноста истото важи и за имињата Уставна Република Македонија и Нова Република Македонија. Единственото име што го занемарува “македонизмот” е “Република Горна Македонија”. Обидот на Нимиц да се испазари за видот на името за широка употреба конечно не се случи пред самитот во Букурешт (2.4.2008). За да го неутрализира маневарот на Нимиц, грчката страна побара поделба на преговорите на две фази: прво да се одлучи кое ќе биде сложеното име, па во продолжение да се разговара за опсегот на неговата употреба и за преостанатото.РАЗМИСЛУВАЊА ЗА КОСОВОЕдностраното прогласување на независноста од страна на албанските косовари под американско водство го зголеми антагонизмот помеѓу Вашингтон-Москва на Балканот. Меѓународното признавање на Косово ги измени дипломатските односи. Овој случај влијаеше и врз спорот помеѓу Атина-Скопје. Соединетите Американски Држави побрзаа да го реализираат приемот на БЈРМ во НАТО за да ја изолираат областа од руско влијание и пробивање.
Од нивна страна, славомакедонците најдоа шанса повторно да ја сервираат нивната позната опасна теорија. Како што забележавме, тврдеа арогантно, дека ако го сменат името, нивната држава ќе се дестабилизира. Но, нивната нестабилност зависи од албанскиот фактор, а не од името. Никогаш не направиле напор да објаснат зошто ќе се дестабилизира нивната држава ако го сменат името од “Македонија” во Горна Македонија и ако се смени националноста од “македонска” во славомакедонска.
Како што веќе анализиравме, ставот на Соединетите Американски Држави е дека БЈРМ треба да остане суверена и целовита не оставајќи ì простор на албанската страна да ги изрази нејзините автономни претензии. Критично прашање во оваа фаза за албанската националност е признавањето на Косово. Во оваа рамка, албанските партии во Скопје почнаа да вршат притисок државата да го признае Косово. Демократската Партија на Албанците на Мендух Тачи ја напушти владата на Груевски, како резултат на тоа што Косово не е признато од страна на државата и дека не се применува Охридскиот договор за службена употреба на албанскиот јазик (13.3.2008). Ова резултираше да се создаде малцинска влада сè до конгресот во Букурешт и потоа да се закажат избори.
Натамошната блиска соработка помеѓу Груевски и Тачи делуваше против другата албанска партија која создаваше сомнеж. Славомакедонскиот премиер можеше да предизвика внатрешна политичка криза за да ги торпедира преговорите во последен момент. Премиерот и неговиот партнер Тачи одиграа една улога која ветуваше со сигурност дека ќе им донесе значајна корист од изборите, како што на крај и се случи.
Околу податокот дека меѓународното признавање на Косово претставува големо прашање не само за албанската страна, но и за Американците, Атина имаше едно дипломатско оружје. Без сомневање, арогантноста (без договор на Советот за безбедност) со признавање на независноста создаде опасна состојба, која може во иднина да се искористи за признавање на непостоечката држава на Турците во Кипар. Ако владата на Караманлис одлучеше да не го признае Косово, тоа ќе претставуваше правилен политички избор. Во согласност со сите индикации, ова нема да се случи. Едноставно, не сака да биде во првиот бран на оние кои извршиле признавање. Сака признавањето да го имаат направено многу држави пред да го признаат истото и тие самите. Меѓутоа, тактиката “ќе го признаеме подоцна и скришно” служи на играта на политичките импресии, а не на националните интереси. Причината којашто води кон оваа линија е стравот од политичката цена однатре, поконкретно едно глупаво разбирање на комуникацијата во користење на претпоставката.
Ако реално владата на Караманлис се одлучи конечно да го признае Косово во текот на преговорите за името, тоа ќе има значење и за Албанците и за Американците. Грчката страна може да побара од Приштина и од албанските партии во Македонија да се изјаснат јавно во нивна корист за договорот кој треба реално да биде направен и да побара од Вашингтон да изврши притисок на Скопје, како и да им стави јасно до знаење дека ако продолжат да имаат нетолерантен став, ќе останат надвор од евроатлантските институции. Зошто, меѓутоа Соединетите Американски Држави имаат различно мислење, кога оправдано со задоцнување Атина ќе го признае Косово? Ќе ја променат ли нивната политика и дали ќе дадат мислење само ако постои сомневање? Со други зборови, проблемот е во тоа што уште еднаш ќе ја гледаат Грција на спротивната страна, бидејќи истата им праќа лажни пораки.
(продолжува)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ не му се извини на Томовски, тој најави дека ќе ги тужи
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска кажа дека нема да му се извинат на директорот на СОЗР, Ивица Томовски. Ова следи откако вчера СДСМ обвини дека семејната фирма на Томовски добила 161 тендери вредни 5,3 милиони евра. Тој, пак, рече дека нема никаква приватна компанија, побара извинување, а во спротивно најави тужба.
„Не, нема да му се извиниме на Томовски. Кажавме и ќе повториме, не се извинуваме на тие што пумпаат пари од граѓаните! Ние се бориме против криминалот и корупцијата и продолжуваме. Наместо извинување денеска ќе објавиме уште еден податок, уште еден факт, уште еден доказ“, рече Кузеска и додаде дека „меѓу телефонските броеви коишто се наведени во фирмата го има и бројот на Томовски“.
По ова, на Фејсбук повторно реагираше Томовски.
„Досега не чув каков криминал сум направил, ниту пак видов докази за тоа. Во тоа нивно растурање пердуви, вчера жигосаа уште една домашна компанија која не е моја, а денес јавно го објавија мојот телефонски број – број кој е познат на сите кои ме познаваат, кој го имам со години и кој е единствениот број што го поседувам, доделен пред многу години од мојот татко. На истиот тој број можеа да се јават и да се извинат, но тие одбраа да одиме по судски пат. Затоа уште еднаш повторувам: ќе одговараат, и следува тужба. „Јака“ работа завршил антикорупцискиот тим на СДСМ – го нашле мојот број што сите го знаат и е на мое име“, пишува меѓудругото во неговата реакција.
Се огласија и од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали Венко Филипче уценувал студентки како професор барајќи неморални услуги за оценки-Можеби за ова има докази, а можеби и не. Вака отприлика звучат обвинувањата на СДС кои секојдневно ги адресираат, без докази, без аргументи и само со расфрлање на пердуви.
Ниската комуникација без аргументи единствено е својствена за Зоран Заев за кои е само непознато дали им ги праќа напишаните соопштенија на маил или од Струмица ги испраќа со автомобил на USB до Бихаќка. Многу „јаката афера“ на СДС заврши со јавно објавување на некаков телефонски број и тоа им е главниот доказ, што е голема срамота. Ги молиме за поголема сериозност и концентрација.
Трговецот од Горни Милановац нема да ја направи победничка партијата со тоа што ќе измислува и креира клевети. Очигледно СДС не научи ниту една лекција од поразот, туку Филипче реши да оди во длабокото, каде ќе се удави.
Наместо на лажливи прес-конференции тие треба да одат на обвинителна клупа. Љупчо Коцевски нема вечно да ги штити и Заев и Филипче. Ќе има одговорност за ова“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Милошоски: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска демантираше дека Договорот за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Велика Британија предвидува изградба на бегалски кампови во земјава.
Според него, договорот е еден од најзначајните документи што Македонија ги има постигнато со сериозна држава како Британија и предвидува заедничка соработка во инвестиции, инфраструктура, безбедност и економија.
„Со овој договор за стратешко партнерство предвидени се одредени средства со коишто ќе се гради инфраструктура во Македонија. Ќе се градат железници, автопати, здравствени и енергетски инфраструктурни проекти, но за жал на опозицијата, која се обидува да спинува, нема да се градат било какви бегалски кампови. Британија, откако излезе од ЕУ, со сите земји од Западниот Балкан, но и со самата ЕУ склучува вакви договори каде што Британија ја враќа легалната основа на Фронтекс таму каде што Македонија и земјите членки на ЕУ и земјите кандидати имаат легална основа за борба против организирана, нелегална миграција и заштита на границите. Тоа го прави Британија со овој дополнителен механзам, којшто е комплементарен со Фронтекс. Нема подобар демант за ваквите спинови на некои опозициони партии од изјавата на британскиот амбасадор, дека британско-македонскиот стратешки договор потврдува и предвидува инвестирање во инфраструктура, економија, безбедност и образование, но не предвидува бегалски кампови во Македонија. И тоа сакаме јасно да го демантираме. Сите оние кои се обидуваат оваа тема и понатаму да ја спинуваат, очигледно имаат недостаток или на визија или на проекти кои би ги понудиле како Македонија да има постабилни партнери и постабилни држави-пријатели како што е Велика Британија“, истакна Милошоски.
Претходно, „Дели мејл“ повикувајќи се на „Тајмс“ пренесе дека Британија би можела да депортира одбиени баратели на азил во Северна Македонија според планот за отворање „центри за враќање“ на Балканот. Според извештаите, земјата влегла во формални разговори со Обединетото Кралство во текот на есента за да биде домаќин на мигрантски „центар за враќање“.
Според предлогот, за кој јавуваат британските медиуми, Обединетото Кралство би ѝ плаќало на Северна Македонија за секој мигрант што ќе го прифати, заедно со инвестиции во земјата и помош за нејзината безбедност од Русија. Мигрантите потоа би имале можност да бараат азил во Северна Македонија или да добијат работни визи за работа во сектори со недостиг од работна сила. Тие би имале можност да заминат кога ќе посакаат.
Македонија
(Видео) Милошоски: „Стратегијата Македонија 2030“ на ВМРО-ДПМНЕ како ново поглавје за стабилност и развој на државата
Стратегијата „Ново поглавје – Македонија 2030“ што ВМРО-ДПМНЕ ја усвои на вчерашниот Конгрес во Кавадарци значи визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија, со јасно дефиниран политички и развоен правец за следната деценија, кажа денеска на прес-конференција, Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Стратегијата, како што рече Милошоски, се заснова на идејата дека државата мора да излезе од циклусот на краткорочни одлуки и да воведе долгорочен план и систем за управување, а тоа се создава преку институции со силен интегритет, конкурентна економија и општество засновано на вредности и национална самодоверба.
„Документот ја позиционира ВМРО-ДПМНЕ како политичка сила подготвена да ја преземе одговорноста и улогата за ова државничко лидерство. И ова се разбира не е список на политички кампањски предизборни желби, туку е документ со јасни цели коишто би биле национална траекторија во следните 10-15 години“, истакна тој.
Според него, клучната амбиција е оваа Стратегија Македонија до 2030 година да стане земја што создава стабилност, економска додадена вредност и институционална зрелост, со национален идентитет што се почитува, а не се условува дневно политички.
„Стратешката рамка за 2025–2030 ги содржи шесте клучни стожери што ќе водат развој на државата.
Прво, државната безбедност. Тоа значи модерна армија, современа полиција, национална сајбер-заштита и систем за справување со хибридни закани. Безбедноста е нашата основа и АРМ и МВР мора да бидат максимално подготвени за овој предизвик.
Второ е економската конкурентност. Тоа значи напуштање на моделот на евтина работна сила и создавање на конкурентна економија заснована на знаење, на додадена вредност и технолошки иновации. Се разбира мораме да имаме поддршка за домашните компании, стабилен даночен систем, зелена енергетска транзиција и повторно создавање на услови за странски инвестиции.
Трето, правна држава. Целта е да имаме независно судство, департизирано обвинителство, професионална администрација и системска борба против корупцијата преку дигитализирана контрола на движењето на парите и на имотните прашања.
Четврто, демографските политики. Потребна е вистинска поддршка за младите, станбени програми, политики за поврат на дијаспората, достоинствена грижа за постарите лица. За да можеме преку една стабилна популациона политика, во Македонија да имаме секогаш доволен ресурс во луѓе за да можеме да ја развиваме и економијата и државата.
Петто, европска интеграција и надворешната политика. Партнерства со јасни црвени линии ни се најбитен дел, затоа што ние како политичка партија сме определени за Европската Унија како еднаков партнер, без дополнителни билатерални условувања кои што би го допирале идентитетот или националната самобитност на македонскиот народ и да државата.
И шесто, образованието, културата и идентитетот. Мора да вложуваме во модерни програми, дигитален дел, да речам, на културата, исто така, и на образованието, поддршка за науката, заштита на македонскиот јазик и неговата промоција. Бидејќи без силна култура и образование не би имале толку силно општество, и промоција на нашите одлики во европско ниво“, рече Милошоски.
Дополнително, нагласи пратеникот, стратегијата носи нови теми што ја подготвуваат Македонија за иднината и оваа национална стратегија обрнува внимание и вештачка интелигенција како еден нов дел од технолошкиот натпревар, не само во Европа, туку и на глобално ниво.
„Имаме стратегија за сајбер-безбедност, стратегија за една геоекономска дипломатија, што ќе ја поврзе и дипломатијата со геополитичките поместувања во последниве неколку години. Исто така и основање на Фонд за иднината, односно државен инвестициски инструмент којшто ќе поддржува технологии, иновации, истражување и вештачка интелигенција, за да може Македонија да биде поконкурентна со партнерите во регионот, но исто така и на европско ниво“, вели Милошоски.

