Свет
За шест дена четири милиони евра за коли
Љубителите на добри автомобили изминативе шест саемски денови не штеделе ниту за полуксузните модели како "ауди", "мерцедес", БМВ, "крајслер"
НАВАЛИЦА НА "АУТО ЕКСПО"
Љубителите на добри автомобили изминативе шест саемски денови не штеделе ниту за полуксузните модели како "ауди", "мерцедес", БМВ, "крајслер"
За само шест дена на саемот "Аутоекспо" во Скопје за купување автомобили се потрошени речиси четири милиони евра. Најголем дел се купени на кредит преку банките или на лизинг, но добар дел од купените автомобили се платени во кеш.
Фирмите и дистрибутерите кои изминативе шест дена изложуваа на Саемот се фалат со добрата продажба. Додека едни од нив, без никакво натегање, кажуваат колку и какви автомобили продале, други велат дека не направиле математика колку пари свртеле додека траел Саемот. Некои, пак, дури сметаат дека не е паметно да кажат колкав пазар направиле за овие шест дена. За некои од фирмите учесници ваквите огромни бројки се надувани. Велат, не може да се продале толку возила, на саем секогаш се оди да се прикаже дека народот купува најмногу ваква или таква кола. Многумина и од продавачите и од посетителите на Саемот се чудат од каде пари за такви скапи коли кога ќе видат како на џип од 50 илјади евра е напишано дека е продаден или кога ќе пробаат да отворат врата за да sирнат во некоја луксузна лимузина од 120.000, а вратата е заклучена оти е веќе продадена, а на Саемот стои само како експонат. Но, сепак, ниту еден штанд на Саемот не е без барем две возила на кои стои напишано "продадено".
"Се купуваат автомобили. Не е како што беше пред 7-8 години, но задоволни сме. Најмногу се бараат помалите возила, но позитивно изненадува тоа што се повеќе се бараат и поскапите спортски возила, џиповите, но и луксузните лимузини од по 80-90 илјади евра", велат дистрибутерите.
Најмногу се продадени возила од средните и малите класи. За купување на 100-тина автомобили од класата на "тојота јарис", "акцент", "авенсис", "авео", "матиз" или "лачети" и "хјундаи" и други од таа класа се потрошени речиси два милиона евра.
Големи суми се платени и за теренските возила од типот на "санта фе", "рав 4", "спортаж", "фолксваген", "реинџ ровер" или "соренто". За ваквите модерни и луксузни џипови, кои чинат од 20 до 100.000 евра, за шест дена се потрошени речиси половина милион евра.
Љубителите на добри автомобили изминативе шест саемски денови не штеделе ниту за полуксузните модели како "ауди", "мерцедес", БМВ, "крајслер". И за нив не им било тешко да издвојат речиси половина милион евра, ако се знае дека едно "ауди А8" чини над 85 илјади евра.
На "Пежо" одлично му оди, но последните бројки ќе ги каже в понеделник. И за "хјундаи" има одличен интерес. Од "Мерцедес" се задоволни со продажбата, ама и тие ќе пресметале в понеделник.
Бројката од речиси 4.000.000 евра е на вкупниот број автомобили продадени за шест дена од еднонеделниот саем, и на дистрибутите што кажаа колку продале, и на оние кои таа бројка ја премолчија. (Е.З.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

