Контакт

Свет

Кина реши да затвори фабрика поради протести

Објавено пред

Властите во северна Кина во неделата донеле одлука за итно затворање на петрохемиска фабрика, откако илјадници луѓе протестирале барајќи преместување на постројката од којашто според нив дошло до излевање на отровни материи, јавија државните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Властите во северна Кина во неделата донеле одлука за итно затворање на петрохемиска фабрика, откако илјадници луѓе протестирале барајќи преместување на постројката од којашто според нив дошло до излевање на отровни материи, јавија државните медиуми.Работниците и граѓаните протестирале во пристанишниот град Далиан во покраината Лиаонинг, а се соочиле со силен кордон од припадници на интервентната полиција пред зградата на покраинската влада и дошло до помали судири, но немаше информации за повредени меѓу 12-те илјади демонстранти, соопшти државната кинеска агенција Синхуа. Како што пренесува агенцијата цитирајќи го соопштението на локалната организација на комунистичка партија на Кина и на локалната влада, властите повикале на дислокација на фабриката на „Fuji Chemical“. Меѓутоа не се наведува на која локација би требало да биде преместена фабриката. Државните медиуми минатиот понеделник јавија дека жителите на градот Далиана биле принудени да побегнат кога бурата од североисточниот брег на Кина предизвикала бранови кои го пробиле насипот кој ја штити постројката за производство на параксиленот (PX). Станува збор за отровен петрохемиски производ од кој потоа се добива полиестер. Иако властите за кусо време го обновија заштитниот насип и тврдеа дека не дошло до излевање на отровни материи, инцидентот предизвика паника меѓу локалните жители поради сомневањето дека сепак дошло до испуштање на материјата PX./крај/си/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Калас: Русија не е навистина заинтересирана за воспоставување мир во Украина

Објавено пред

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека не мисли оти Русија е навистина заинтересирана за воспоставување мир во Украина.

dobivaj vesti na viber

„Не мислам дека тие се заинтересирани за мир. Тие сè уште ја бомбардираат Украина. Ако беа заинтересирани за мир, можеа веднаш да престанат“, изјави Калас пред новинарите во Копенхаген, пренесува Ројтерс. Според неа, Русија очигледно игра игри, обидувајќи се да купи време.

Рускиот претседател Владимир Путин во неделата предложи директни мировни преговори меѓу Москва и Киев.

Помошникот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека украинскиот лидер ќе присуствува на разговорите за Украина оваа недела само ако таму биде и Путин, предизвикувајќи го Кремљ да покаже дека е искрен во намерата да постигне мир, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Свет

Хаос на аеродром во Белгија: дојава за бомба во авион

Објавено пред

Летовите од вториот најголем аеродром во Белгија се прекинати поради дојава за бомба во авионот на „Рајанер“. Според последните информации, авионот полетал од Порто, пренесуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Како што изјави компанијата што управува со аеродромот, малку пред 11 часот по локално време во авионот што слета на аеродромот „Шарлроа“ беше активирана закана за бомба, соопшти компанијата што управува со аеродромот.

„Околу авионот е воспоставен безбедносен периметар, што бара затворање на пистата и прекин на сите операции“, рекоа тие.

Патниците сè уште не се евакуирани, објави локалната РТЛ, без да прецизира дали станува збор за патниците во авионотили за патниците на аеродромот.

Прикажи повеќе...

Свет

Орбан: Западната стратегија за уништување на Русија не успеа

Објавено пред

Доколку Украина биде примена во Европската Унија, војната што се води таму исто така ќе биде прифатена, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан на конференцијата на претседателите на парламентите, што се одржа во Будимпешта на почетокот на оваа недела. Тој посочи дека неколку членки на ЕУ се за продолжување на поддршката на Украина за да може земјата да ги продолжи своите воени операции.

dobivaj vesti na viber

„Немаме исто мислење. Колку подолго трае војната, толку повеќе луѓе ќе умираат, а ситуацијата на бојното поле ќе биде полоша“, рече тој.

Во врска со предлогот на Европската комисија за воведување обврска за земјите членки да се откажат од руските енергетски испораки, Орбан рече дека тоа ќе ја уништи унгарската економија.

„Замислете само ако цената на енергијата одеднаш се удвои за домаќинствата и бизнисите. Унгарските семејства нема да може да се справат со тоа. Унгарците сакаат мир и би сакале што побргу да се ослободат од политиката на економски санкции“, рече Орбан додавајќи дека земјите членки нема да може да го поднесат економскиот товар што би го претставувало членството на Украина во ЕУ.

Според него, раното пристапување на земјите од Централна и Источна Европа ѝ користело на заедницата, но истакна дека ситуацијата со Украина е поинаква. Тоа би бил лош договор, што би резултирало со земјоделска криза, невработеност, задолженост и влошување на условите за живеење, смета тој.

Тој ја гледа Европа како богата и слаба, што, според него, е најопасната комбинација, поради што повика на зајакнување на заедницата.

„Европа може да биде зајакната од националните држави. Таа стана успешна токму благодарение на соработката меѓу националните држави, односно силните лидери на силните национални демократии. ЕУ им должи сè на националните парламенти и ако сака да биде успешна, мора повеќе да ги почитува парламентите, кои не се вештачки институции создадени со договори, туку вистински тела на национално претставување“, рече унгарскиот премиер.

Тој исто така посочи на заканите од Брисел за намалување на финансирањето на оние што ги штитат границите на националните држави. Ако тоа не успее, тие ќе ги соборат националните влади и ќе им помогнат на партиите кои се подготвени да се откажат од националниот суверенитет, рече Орбан.

„Светот се реорганизира, идеологијата на западниот свет се менува и ние Европејците мора да реагираме на тоа“, рече Орбан и ги замоли учесниците да се фокусираат на прашањата за националниот суверенитет и аспирациите на Украина за членство во ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Во оваа фарса убијците добиваат милост, 12 години за масакрот на сестра ми што преминуваше улица на пешачки премин: семејството на Фросина повика на протест

„Ги повикуваме утре на протест против гнилиот судски систем сите наши пријатели, роднини и сите родители чии деца секојдневно минат...

Македонија3 часа

На Јаневска ѝ е рано да размислува за ресорот здравство: Имам толку многу да доработам во Образование во овој мандат, премиерот ќе одлучи

Премиерот и преговарачкиот тим во коалицијата ќе одлучат кој ќе биде нов министер за здравство на местото на Арбен Таравари,...

Македонија3 часа

Фрчкоски реагира: Кривичната пријава е банална, срамна и полна со неправилности

Љубомир Фрчкоски, поранешниот шеф на Постојаната мисија на Македонија при ООН во Њујорк, реагира по кривичната пријава за злоупотреби во...

Македонија4 часа

(Видео) Манасиевски: Таравари се интересира само за бизниси и за Груби и за Заев, досега не се разговарало за размена на ресори

Вечерва партијата ќе има редовна седница на Извршниот комитет на која што ќе се разговара за обвинувањата на Таравари за...

Македонија4 часа

Во историјата на овој суд не е изречена 12 години казана затвор за вакво дело, но го задржуваме правото да бараме поголема, рече обвинителот

Обвинителот Александар Марковски го задржа правото да бара поголема затворска казна од 12 години колку што денес му пропиша Основниот...

Македонија4 часа

Таткото на Фросина: Судот ги скри клучните сведоци, кои биле во возилото со Васил, едниот снимал, па ја избришал снимката

Дванаесет години казна е награда за ова најбрутално убиство во сообраќајот, изјави таткото на усмртената Фросина, Тодор Кулаков. Тој повика...

Македонија6 часа

Дванаесет години затвор за Васил Јованов, кој ја усмрти Кулакова на пешачки премин

Судот изрече 12 години затворска казна за 20-годишниот Васил Јованов, кој смртно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин. Во...

Македонија7 часа

МВР со апел до граѓаните: Внимавајте на лажни е-пораки – фишинг-линкови, се злоупотребуваат имињата на повеќе македонски компании

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатира зачестена појава на таканаречени...

Европа8 часа

Со какви санкции му се заканува ЕУ на Путин?

Главните европски сојузници на Украина ја повикаа Русија на безусловно 30-дневно примирје и се заканија со нови санкции, според заедничкото...

Македонија8 часа

Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци. Поради незгодата од 07:30...

Свет9 часа

(Видео) Трамп: ЕУ игра повалкано од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно ја нападна Европската Унија, велејќи дека е полоша од Кина во многу аспекти, само...

Свет9 часа

Кинескиот претседател по договорот со Трамп: Малтретирањето води до самоизолација

Кинескиот лидер Кси Џинпинг ги осуди малтретирањето и хегемонијата во своето прво јавно појавување откако САД и Кина постигнаа привремен...

Македонија10 часа

Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое...

Свет10 часа

(Видео) Трогателна средба: Еден Александар го прегрнува своето семејство откога Хамас го ослободи

Израелско-американскиот заложник Еден Александар се врати на своето семејство во Израел откога помина 19 месеци во заробеништво на Хамас во...

Европа10 часа

Ултиматумот на Европската Унија до Путин и Русија истече

Украина и европските лидери се согласија на безусловно примирје во траење од 30 дена, почнувајќи од 12 мај, со поддршка...

Македонија19 часа

Одиме во опозиција, доколку има сомнежи во тие што се во Владата, нема што да бараме таму, соопшти Таравари

Минатата година со гордост ја донесовме промената во албанскиот блок после 20 години и за тоа сме многу гроди, изјави...

Свет21 час

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе отпатува во Истанбул на мировни преговори и дека е подготвен да се сретне...

Свет22 часа

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Зapaдната стратегија насочена кон уништување на Русија не успеа, санкциите не ја постигнаа својата цел, а Русија ја спречи Украина...

Македонија1 ден

Левицата предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот, знамето и химната: МВР реагира за сквернавење, но не влегува во канцеларии

Партијата Левица оваа недела ќе поднесе предлог-закон за формирање инспекторат за употреба на грбот, знамето и химната на државата, како...

Македонија1 ден

Мицкоски: Државата беше во слободно паѓање, ни требаше стабилизација во оваа прва година

Премиерот, Христијан Мицкоски, на денешниот Самит 2025 во организација на „Македонија 2025“ истакна дека првиот ден од стапување на функцијата...