Економија
Грчките мерки за штедење ги поттикнаа цените на акациите на Волстрит

Во понеделникот на Волстрит цените на акциите пораснаа благодарејќи на инвеститорите кои се надеваат дека Грција ќе го добие вториот пакет меѓународна финансиска помош и ќе го избегне банкротот, откако во неделата тамошниот парламент ги прифати новите мерки за штедење.
Во понеделникот на Волстрит цените на акциите пораснаа благодарејќи на инвеститорите кои се надеваат дека Грција ќе го добие вториот пакет меѓународна финансиска помош и ќе го избегне банкротот, откако во неделата тамошниот парламент ги прифати новите мерки за штедење. Индексот Dow Jones зајакна за 0,57 на 12.874 поени, индексот S&P 500 порасна за 0,68 отсто на 1.351 поени, а индексот Nasdaq за 0,95 отсто на 2.931 индексни поени. Растот на цените на акциите произлегува од надежите на инвеститорите дека Грција со новата меѓународна помош од 130 милијарди евра, откако нејзиниот парламент во неделата ги поддржа мерките за драстичните кастрења на платите и пензиите, како и намалување на бројот вработени во државните служби, што од Атина го бара ЕУ и ММФ. Барем засега Грција е на добар пат да го избегне банкротот, што го намалува притисокот врз европските банки кои се изложени на грчките државни обврзници, па во понеделникот меѓу најголемите добитници беше финансискиот сектор. Така индексот S&P на овој сектор се зголеми за 1 отсто, а раст на цените на акциите беше забележан и во речиси сите други сектори. Од 10-те сектори на индексот S&P, благ пад забележаа цените на акциите само во услужниот сектор. Поддршка на пазарите им даваат и добрите, иако не баш најдобри, квартални деловни резултати на компаниите. Досега извештаи објавија 357 компании коишто влегуваат во градбата на индексот S&P 500, при што дури 64 отсто од нив ги натфрлија очекувањата, додека во претходните квартали тоа го остварија околу 70 отсто од компаниите.Благодарејќи на тоа S&P 500 индексот повторно се приближи до највисокото ниво во последните седум месеци, коешто го достигна минатата седмица. Од почетокот на годината, овој индекс порасна за 7,5 отсто..Меѓутоа, и во понеделникот се тргуваше претпазливо бидејќи инвеститорите не се сигурни дека владата во Атина ќе успее да ги оствари сите реформски цели, имајќи ги предвид жестоките протести во повеќето градови низ Грција./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Изгласан новиот закон за енергетика

Денес, во Собранието беше изгласан новиот Закон за енергетика.
Oд Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, законот го опишаа како стемски, сеопфатен и реформски закон кој ги поставува темелите на новата енергетска политика на земјата. Со тоа, како што се додава, Македонија конечно добива јасна, модерна и европски усогласена законска рамка за развој на енергетиката.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на завршното обраќање пред пратениците нагласи:
„Законот што денес го донесовме претставува визија за иднината и темел на нашата национална трансформација кон чиста, одржлива и праведна енергетска иднина. Ова е закон што создава можности, но и бара одговорност.“
Законот е подготвуван во соработка со институции, експерти, бизнис сектор, оператори, регулаторот и други заинтересирани страни.
Новиот Закон за енергетика содржи зголемување на уделот на обновливи извори во финалната потрошувачка; поголема енергетска ефикасност и намалување на загубите; отворен енергетски пазар во кој граѓаните стануваат активни чинители – производители, продавачи, членови на енергетски заедници. Законските решенија вклучуваат заштита на ранливите категории, поддршка за енергетска сиромаштија и фер пристап до енергија за сите.
„Енергијата не е само моторот на економијата, таа е основа за квалитетен живот. Со овој закон ја отвораме вратата за една енергетски суверена, зелена и европска Македонија.“ истакна министерката Божиновска.
Економија
Автоматски ќе има мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не знае за поскапувања

Ќе има автоматски мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не знае за поскапувања.
Ако до крајот на месецот се утврди дека има скок на цените откога престана да важи последната мерка за замрзнати маржи, ќе има нови мерки што ќе останат во сила многу подолго отколку досегашните. Премиерот Христијан Мицкоски засега нема информации за поскапени производи, но остава простор тоа да го утврди извештајот на Државниот пазарен инспекторат на крајот на овој месец.
„Ги следиме состојбите, јас немам таква информација. Разговарав со министерот пред два дена, имавме состанок и ми покажа бројки, немам информација дека тоа се случува. Но, доколку тоа се случи, на крајот од месецот автоматски ќе бидат применети мерки што ќе траат до крајот на годината. Јасно кажавме дека такви трикови нема да толерираме. Слушаме трикови во кои преку прокси правни лица ќе се изнесуваат пари под плаштот на маркетинг-услуги, ПР-услуги и така натаму, а со тоа практично ќе се плаќа маржата што се плаќаше во минатото на одредени маркети. Слушаме, стигаат и до нас такви информации. Вознемирени сме од она што го слушаме и тоа не е добро затоа што на тој начин не можеме да градиме партнерски однос“, рече денес премиерот Христијан Мицкоски по поставувањето камен-темелник за спортска сала во училиштето „Гоце Делчев“ во село Долно Лисиче.
Маржите на 102 групи производи беа замрзнати до 30 април, а последните две недели има производи чии цени се зголемија и за 60 денари, како што се некои хигиенски производи. Министерот за економија Бесар Дурмиши минатата недела рече дека таквите поскапувања треба да ги потврди Државниот пазарен инспекторат за да може да преземат мерки. И тој најави дека мерките ќе бидат поригорозни и за трговците, и за производителите, и за дистрибутерите.
Економија
Мицкоски најавува инвестициски бум од речиси 2 милијарди евра: ќе се инвестира во здравството, енергетиката, а ќе се реконструира и модернизира и железничкиот транспорт

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што предвидува планот за инфраструктурен бум што беше најавен за Македонија за 2025, изјави:
„Да, тоа ќе биде еден, би рекол, инфраструктурен бум, ако можам така да го наречам. Ќе се модернизира и реконструира Коридорот 10, железничката пруга од Табановце до Гевгелија. Кога сето тоа ќе биде завршено ,граѓаните ќе патуваат и ќе може да го користат железничкиот транспорт со брзина од 160 километри на час во просек.
А карго-возовите, мислам дека еден таков поминува сега, тие ќе може, наместо сегашните, во одредени делници од 10 до 15 километри на час, да возат 110 километри на час во просек. Што значи најмалку четирипати повеќе од сегашниот просек. Со тоа очекуваме не само зголемена брзина на карго-превозот кшто ќе транзитира низ нашата држава туку да има и зголемен интерес за повеќе композиции, на кои, секако, поради побрзиот транзит, ќе им биде зголемен бројот. Очекувам најмалку десетпати да се зголеми. Двапати по основ на интерес и четири-петпати по основ на брзина. Така што, во нето-износ тоа да биде најмалку десетпати повеќе од ова што денеска е. И крајната цел е на „Македонски железници“ годишниот приход од својата основна дејност да достигне помеѓу 100 и 120 милиони евра. Тоа е во делот на железничкиот превоз.
Исто така, инвестираме во здравството. Продолжуваме со изградба на Клиничката болница во Штип. Зграда за Медицинскиот факултет, студентски дом, болницата во Кичево, реконструкција на Клиничката болница во Тетово, инвестиции помеѓу 190 и 200 милиони евра или вкупно заедно со реконструкцијата на Коридорот ќе натфрли бројка од две милијарди евра.
Продолжуваме да бараме партнер за изградба на стратешки проекти. Во енергетиката главен фокус ни е проектот „Чебрене-Галиште“. Пред состанокот на извршниот комитет имав состанок со министерката вчера, разговаравме за стратегијата, пристапот и за начинот на кој тој проект понатаму ќе го водиме. И убеден сум дека овој пат анализираме, дека државата ќе има можности да направи поинаков договор од она што беше во минатото“.
Мицкоски одговараше и во однос на реконструкцијата на Коридорот 10 и дали тој е дел од планот за раст.
„Дел од планот за раст, но и дел од најавената инвестиција што врз основа на договор на Влада со Влада ќе го потпишеме. Многу бргу, веќе не се недели, денови се во прашање, македонската јавност точно ќе знае за што станува збор“.