Македонија
ЗНМ: Сопствениците на „Утрински весник“ да се откажат од намерата
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска побара од сопствениците на „Утрински весник“ да се откажат од намерата да отпуштат новинари од работа и веднаш да влезат во преговори со синдикатот за да се изнајде друго решение за проблемите.
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска побара од сопствениците на „Утрински весник“ да се откажат од намерата да отпуштат новинари од работа и веднаш да влезат во преговори со синдикатот за да се изнајде друго решение за проблемите.
Од ЗНМ се противат на намерата на менаџментот на МПМ да отпушти од работа десет новинари и велат оти силно се солидаризира со колегите од “Утрински весник“ .
„Здружението бара од менаџментот на МПМ и раководството на весникот да престанат со притисоците врз новинарите, кои се противат на отпуштање на новинари, како еднострана мерка, за рационализација на трошоците во весникот. ЗНМ ја поддржува акцијата на ССНМ за солидаризирање со колегите на Утрински весник преку потпишување на изјава за поддршка и го повикува своето членство масовно да се приклучи на акцијата“, се наведува во писмената реакција на ЗНМ.
Додаваат дека Здружението внимателно ќе ја следи состојбата и ќе ги поддржи сите следни чекори на ССНМ во справувањето со проблемите во “Утрински весник“./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонскиот концепт: Ја осудуваме изјавата на Костадин Костадинов и бараме да ја признае реалноста
Македонски концепт најостро ја осудува „неодговорната и провокативна“ изјава на лидерот на бугарската крајнодесничарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов, во која се повикува на „логичноста“ за присоединување на Македонија кон Бугарија. Ваквите изјави се целосно спротивни на принципите на современата европска соработка, меѓусоседските односи и почитувањето на националниот идентитет, велат од Македонски концепт.
„Го повикуваме Костадинов, како и сите политичари во Бугарија, да се соочат со историската реалност и да прифатат дека македонскиот етнос е значаен дел од бугарската нација. Оваа вистина треба да се препознае како основа за зајакнување на мостовите на соработка, заемно почитување и заеднички напредок помеѓу Македонците и Бугарите.
Наместо продлабочување на поделбите, време е за создавање на заедничка визија за иднината, базирана на почитување на националните идентитети и културното наследство на двата народа“, се вели во соопштението на Македонски концепт.
Од таму додаваат дека остануваат посветени на промовирањето на овие вредности и на градењето на европска иднина за целиот регион.
Македонија
(Видео) СДС го создаде Артан Груби и му дозволи тој да ја ограбува државата, рече Петрушевски
„СДС го создаде Артан Груби и му дозволи тој да ја ограбува државата. СДС се главем виновник за милионските криминали на Груби. Тие ја потчинија цела влада на него и неговите криминални шеми“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Груби отворено, без проблем од прогон, со години ја ограбуваше државата во време на СДС.
СДС свесно дозволи и знаеше што се прави Груби.
СДС се виновни за криминалот на Груби и за се што правеше, кое му беше дозволено заради желбата за власт на СДС.
Венко Филипче и СДС треба да признаат пред целата јавност дека тие го создадоа Груби и да се извинат. Истовремено да ги повикаат на одговорност и Ковачевски и Заев“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Халкбанк предупредува за обиди за злоупотреба на лични и финансиски податоци
Халкбанк АД Скопје ја информира јавноста дека од 28 декември 2024 година се регистрирани обиди за неовластено собирање на лични и финансиски податоци преку лажни пораки, кои се испраќаат до граѓаните на Македонија. Овие активности сè уште се актуелни.
Се испраќаат лажни SMS пораки со злоупотребено име на банката, кои содржат линк до лажни веб-страници со намера за измама. Целта на овие пораки е прибирање на податоци за платежните картички и можност за нивна злоупотреба.
Банката апелира до јавноста да се воздржи од отворање на линковите добиени преку ваквите пораки, да не внесува лични или финансиски податоци на посочените веб-страници и да биде внимателна.
Халкбанк АД Скопје истакнува дека никогаш нема да побара од своите клиенти лични податоци или информации за платежните картички преку ваков тип пораки. Сите комуникации од страна на банката се одвиваат исклучиво преку официјални и безбедни канали.
ПР