Македонија
Мехмети – Деваја: Албанското знаме е етнички, не државен симбол

Албанското знаме не е државен идентитет на Република Албанија, туку е етнички идентитет на сите Албанци во светот, изјави пратеникот Ермира Мехмети – Деваја од ДУИ, запрашана за евентуални реакции од западниот сосед по денешното изгласување на измените на законот за знамињата на заедниците.
Албанското знаме не е државен идентитет на Република Албанија, туку е етнички идентитет на сите Албанци во светот, изјави пратеникот Ермира Мехмети – Деваја од ДУИ, запрашана за евентуални реакции од западниот сосед по денешното изгласување на измените на законот за знамињата на заедниците. Поради ова, според Мехмети – Деваја, не треба да преставува проблем што знамето на Албанија и знамето на албанската етничка заедница во Македонија се идентични. „Тоа знаме не е државен идентитет на Република Албанија, туку е етнички, национален идентитет на сите Албанци во светот. Така, како што нашето државно знаме е знаме на државата, а не знаме на нацијата. Тука би повикала сите да ја прават таа разлика зошто станува збор за истото знаме. Со тоа знаме се идентификуваат Албанците како народ, или како етничка заедница според уставната терминологија во Република Македонија“, изјави Мехмети – Деваја. Според денеска усвоениот закон, во општините каде што над 50% од населението се припадници на некоја од етничките заедници, покрај државното, може да се истакнува и знаме на таа етничка заедница. Законот предвидува државното знаме да биде за една третина поголемо од знамето на заедницата. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)