Македонија
ИВЗ: Бурмали џамија да се гради по секоја цена
Исламската верска заедница (ИВЗ) нема ништо против изградба на црква на плоштадот во Скопје, но без разлика на тоа бара изградба на Бурмали џамијата по секоја цена
Исламската верска заедница (ИВЗ) нема ништо против изградба на црква на плоштадот во Скопје, но без разлика на тоа бара изградба на Бурмали џамијата по секоја цена
Ова денеска во Скопје го изјави поглаварот на ИВЗ Сулејман ефенди Реџепи, демантирајќи ги гласините дека бил постигнат наводен договор во центарот на Скопје да не се гради ниту црква ниту џамија
„Ние апсолутно не сме против изградба на цркви, но ние не можеме да вреднуваме дали има потреба за цркви, тоа е во надлежност на Македонската православна црква, а наше е да вреднуваме дали има потреба за џамија“, изјави Реџепи.
Тој нагласи дека ИВЗ има изградено цврст став за изградба на Бурмали џамијата и тој нема да биде повлечен ниту во случај, МПЦ да се откаже од изградба на црква на плоштадот.
„Бурмали џамијата мора да се изгради по секоја цена и локацијата за неа ја бараме по секоја цена, а дали МПЦ има потреба за црква нека си каже самата, ние не се мешаме во тоа“, рече Реџепи.Тој демантираше дека ИВЗ во интерес на локацијата на Бурмали џамијата правела пазар за да добие некоја друга локација како компензација. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на патните правци Скопје – Тетово и Велес – Катланово
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет во утринските часови се бележат во Маврово и на планинските премини Буково, Ѓавато и Плетвар, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150 метри има на патните правци Скопје – Тетово и Велес – Катланово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Делови од Бутел, Чучер Сандево и Илинден денеска без струја
ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел, Чучер Сандево и Илинден.
– Во период од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата 18 броеви од 30 до 40, улицата Радишанска броеви од 40 до 70, во општина Бутел.
– Во период од 09:00 до 15:00 часот дел од корисниците во село Мирковци во општина Чучер Сандево.
– Во период од 09:00 до 14:00 часот корисниците од улицата од Мршевци кон Бујковци во општина Илинден.
Македонија
Претпладне појава на магла, преку денот претежно облачно со услови за слаби врнежи од дожд
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот претежно облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла. Во петок претежно во северните делови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.