Свет
Бомби и во Пакистан, 22 загинати

Најмалку 22 лица загинале и повеќе од 60 биле повредени во експлозија на автомобил-бомба која експлодирала во близина на домот на локален политичар во провинцијата Пенџаб, јавуваат пакистанските локални медиуми
Експлозијата се случила во градот Дера Гази Кан, пред куќата на Зулфикар Коса, советник на провинцискиот министер, соопшти Ал Џезира.Сепак не биле повредени ниту политичарот, ниту некој од членовите на неговото семејство, но повеќето жртви што се повредени биле купувачи во соседниот маркет.„Многу од луѓето биле заробени во урнатините што биле предизвикани по силната експлозија која уништи 10 продавници“, изјавил претставникот од градскиот совет.Досега никој не ја презема одговорноста за нападот, но властите веруваат дека тоа е дело на исламистичката група која оперира во регионот.Во последниве две ипол години во Пакистан загинале повеќе од 2.500 луѓе како резултат на терористичките напади.Од друга страна, според бројките што ги објавуваат воени извори, повеќе од 2.000 милитанти се убиени во офанзивата што беше преземена во мај годинава, а која беше насочена кон талибанските бунтовници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Би-Би-Си“: Европа сака да покаже дека е клучна за договорот за Украина

И покрај неуспехот да се обезбеди прекин на огнот, Европа сега се обидува да му покаже на американскиот претседател Доналд Трамп дека е клучна за мировниот договор што тој го сака, пишува „Би-Би-Си“.
Откако Вашингтон првично ја исклучи ЕУ од своите дипломатски напори, европските лидери сега ќе бидат претставени во поддршка на Володимир Зеленски на утрешниот состанок во Белата куќа. За украинскиот претседател, ова е и можност да го поправи впечатокот по последната, озлогласена посета на Белата куќа и конфликтот со Трамп и неговиот потпретседател Џ.Д. Венс.
Според Би-Би-Си, Европа веќе ја поддржа одлуката на Трамп да го прескокне прекинот на огнот, и останува да се види дали ќе се обидат да го убедат да заземе поцврст став кон Владимир Путин.
Светските медиуми претходно пренесоа дека Зеленски во Вашингтон ќе стигне со тешка артилерија, придружуван од првите луѓе на ЕУ и НАТО.
Свет
(Видео) Зеленски пристигна во Брисел на средба со Урсула фон дер Лајен

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Брисел, каде што ќе се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потврди неговиот портпарол.
Таа претходно објави дека ќе им се придружи на Зеленски и на американскиот претседател Доналд Трамп на утрешната средба во Вашингтон.
Zelensky has arrived in Brussels. He is scheduled to meet with European Commission President Ursula von der Leyen today, followed by their participation in an online meeting of the Coalition of the Willing leaders. pic.twitter.com/b6dOpeLLin
— WarTranslated (@wartranslated) August 17, 2025
Регион
Вучиќ: Прашање на ден е кога ќе почнат да убиваат; за 3-4 дена изненадувачки одлуки, ќе го победиме злото

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати нацијата поради протестите и насилствата на улиците. Тој предупреди дека „прашање на ден е кога ќе почнат да убиваат“, оценувајќи дека „банда владее по улиците“ и државата ќе одговори.
Вучиќ ги обвини демонстрантите за насилства во Валево, Белград и Нови Сад, вклучително и палења и напади врз простории на политички партии и полицијата. Тој оцени дека она што се случуваше во Нови Сад и Ваљево, каде што беа демолирани и запалени просториите на владејачката Српска напредна партија, е тероризам.
На прашање за Мартa Кос и присуството на малолетници на протестите, рече дека недозволиво е рушењето на простории на политички партии и дека одговорноста е кај насилниците, а не кај државата.
Вучиќ уверува дека станува збор контролирани сценарија на хаос, според кои протестите се организирани со цел дестабилизација и поттикнување на изборни барања. Тој најави дека во наредните 3-4 дена ќе следат „изненадувачки одлуки“ на државата и дека за 10 дена ќе бидат приведени сите кои учествувале во нередите.
„Со народот на Србија ќе го победиме ова зло“, заклучи претседателот, истакнувајќи дека државата ќе се спротивстави на внатрешниот хаос и надворешните притисоци.