Свет
Манекенство и – шпионажа
Убава Русинка пред објектив на тајна камера намамила многу јавни личности, особено со цел да ги дискредитира критичарите на политиката што ја води Кремљ, беше тема на неколку прилога на западните портали
Во еден од прилозите беше напоменато дека девојката позната како Катја, всушност Екатерина Герасимова во последно време е во центарот на вниманието на повеќе руски и западни медиуми. Според нив, Герасимова била добро извежбана во техниката на заведување, инаку прастар медот во шпионажата кој очигледно секогаш дава добри резултати, а притоа користејќи се со сексот и дроги. Советската тајна служба КГБ, порано со вакви инкриминирачки снимки ги уценувала политичките противници и опонентите, и не е мал списокот на странски политичари чии имиња во последно време се објавуваат како нејзини некогашни соработници. На пример, минатата година изби голем скандал кога британскиот конзул во Москва беше тајно снимен со една од овие девојки „на задача“, а снимките беа објавени во ударните вести на русите телевизии. Сега фотографии на мажите во компромитирачки за јавноста пози со неодоливата Катја на големо се лиферуваат во руските портали а неодамна такви фотографи објави и Novaya Gazeta.Неодамна на неа „падна“ главниот политички уредник на руското издание на Newsweek, Михаил Фишман. Фотографии и снимки како шмрка кокаин по сексуален однос со Катја влијаеја врз релевантноста на реномираниот магазин.Исто така, по обелоденувањето на вакви снимки, бил жртва и Виктор Шендерович, новинар и политички сатиричар голем критичар на актуелната руска власт, кој е оженет и има едно дете, тој мораше јавно да ја признае својата слабост кон Катја.Во нејзината мрежа паднал и лидерот на новата бољшевистичка партија, пренесуваат руските медиуми, кои претпоставуваат дека девојката наскоро ќе исчезне од јавноста.Американскиот портал buzzfed наведува дека Герасимова изгледа како убава сосетка, но дека таа е една од највештите тајни руски агентки, нарекувајќи ја Мата Хари на денешницата која а кус период успеала да искомпромитира најмалку шест значајни противници на Кремљ. Меѓу нив се Едуард Лимонов, лидер на Другата Русија која е жесток противник на рускиот премиер Владимир Путин, Александар Поткин, лидер на Движењето против илегалните имигранти а се пртпоставува дека има уште многу други, новинарот Димитриј Орешкин. Дури и една од руските рок легенди, Јури Шевчук изјавил дека очекува наскоро видоа материјал за него и Катја да се појави на веб-порталите. Тој за Moscow Times изјавил дека е убеден оти станува збор за тајна агентка која ги има за цел опозиционите политичари и новинарите, потсетувајќи на серијата компромитирачки материја поставени на интернетОваа афера инаку потекна од лидерот на движењето Солидарност, Иља Јашин кој исто така минал ноќ со Катја но кога забележал кокаин и сексуални реквизити го напуштил апартманот. Според магазинот, Јашин испратил барања до истраќните органи за спроведување истрага за потеклото на серијата компромитирачки материјали на интернет, зашто според него тоа е кршење на приватноста на поединецот, како и нелегално дистрибуирање порнографија.Јашин ја идентификувал жената како Екатерина Герасимова, за која тврди дека работи за манекенската и ескорт агенција OrangeDisco од Москва. Тој додава дека во изнајмениот стан имало и друга жена која ја идентификувал како Анастасија Чукова. И тој смета дека негови снимки наскоро може да се појават на интернет.Тој се сомнева и дека зад сето тоа стои младинската група Наши, бидејќи на нејзината веб-страница во март се појавиле снимки како споменатите Орешкин и Фишман се обидуваат да подмитат сообраќајна полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: Расте непријателството кон Евреите, сите мораме да се мобилизираме
Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.
Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.
Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.
„Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.
Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.

