Македонија
Охридското езеро се заканува да го поплави Пештани
Нивото на водата во Охридското езеро и денеска изнесува 15 сантиметри над дозволената кота утврдена со билатералниот договор помеѓу Македонија и Албанија.
Нивото на водата во Охридското езеро и денеска изнесува 15 сантиметри над дозволената кота утврдена со билатералниот договор помеѓу Македонија и Албанија.
Во понеделник нивото на езерото беше 13 сантиметри над дозволената кота, но до крајот на денот порасна за 1-2 сантиметри.
Постои сериозна опасност од поплави во населбата Пештани, каде езерото проголта земјиште во должина од 100 метри на патот кон Свети Наум.
Дирекцијата за заштита и спасување вчера интервенираше со изградба на насип кој треба да го спречи натамошното поткопување на патот.
Пештанци се револтирани од властите и од министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кој пред само два дена уверуваше дека не постои опасност да се разруши патот од Охрид до Св. Наум.
Ова е срамота што се случува тука. Оставени сме сами на себе. Не не интересираат партии ни политика и бидејќи сме незаштитени ќе формираме Кризен штаб за спас на Пештани, рече Иван Локоски, жител на туристичката населба.
Вреќи со песок се поставуваат и на пристаништата во Охрид и во Струга./крај/охњуз/фо/вм
Фото: Охрид Њуз
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ уништи околу 37 тони небезбедна храна со поминат рок која се продавала без декларација
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изминатата недела при спроведена вонредна контрола кај оператор со храна, заплениле и нештетно уништиле приближно 37 тони храна.
Како што соопшти денеска Агенцијата, биле запленети и уништени јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини без декларации и на кои рокот на употреба им бил истечен од една до две години.
За сторениот прекршок на операторот му е изречена мерка привремена забрана за работа и парична казна, како и наредба за отстранување на утврдените недоследности со надзорот.

АХВ информира дека во изминатата недела биле спроведени вонредни контроли и кај други оператори со храна – месарници, ресторани, сендвичарници, маркети. Поради утврдени недоследности – нерегистрирани оператори со храна, неспроведени задолжителени обуки на вработените за безбедност на храната, пуштање во промет на небезбедна храна и слично, операторите со храна и нивните одговорни лица се казнети парично и им се изречени привремени забрани за вршење дејност.
-Издадени беа и наредби за отстранување на утврдените недостатоци со контролите, а затекнатата небезбедна храна беше нештетно уништенa, наведува АХВ во соопштение.
Македонија
„Супорт Кочани“ собра 11 милиони денари од донации за настраданите од „Пулс“, државата им наплати 1 милион денари данок
Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“.
Од граѓанската иницијатива велат дека од вкупната сума од 10.944.793 денари еден милион се за данок на државата, а останатите се еднакво распределени на 137 лица во износ од по 71.900 денари.
Средствата што се распоредени се донирани од компании, здруженија, групни акции и хуманитарни настани организирани во земјата и во странство.
„Транспарентно ја споделуваме информацијата за втората распределбата на средствата од заедничката сметка за донации преку ‘Супорт Кочани’, кои беа собрани по трагедијата што нè погоди“, се вели во објавата на „Супорт Кочани“ на нивниот фејсбук-профил.
Иницијативата „Супорт Кочани“ беше формирана веднаш по пожарот во „Пулс“, а во неа се вклучени 30-ина волонтери, меѓу нив и млади луѓе кои биле присутни во клубот на трагичниот 16 март. Во пожарот загинаа 63 лица, а над двесте беа повредени.
Од иницијативата изминатата година реализираа и три пратки компресивна облека наменета за преживеаните лица. Облеката, како што велат од иницијативата, е со цел да се овозможи правилна рехабилитација и побрзо заздравување.
Македонија
Најмногу дожд наврна во Охрид
Утрово најниска температура од 2 степени Целзиусови е измерена во Крушево. Следат Берово и Маврови Анови со 5 степени, 6 во Крива Паланка и Лазарополе, 7 Прилеп, Битола, Тетово, 8 Скопје–Петровец, Претор, 9 Кавадарци, Велес Виница, Штип, 10 Куманово, Скопје–Зајчев Рид и 11 степени во Гевгелија и во Струмица, соопшти УХМР.
Согласно количината на врнежи измерени во изминатите 24 часа заклучно до утрово 7 часот најмногу дожд наврнал во Охрид. Според мерењата во Охрид до 19 часот синоќа наврнале 34 литри на метар квадратен. Сметано од утрово, 25 л/м2 наврнале во Гевгелија, 17 во Пожар-Радовиш, Претор, 14 Крушево, 13 Штип, 11 Струмица, 10 Берово, 9 Битола, Виница, 7 Велес, 6 Крива Паланка, 5 Тетово, Кавадарци, Лазарополе, Пожаране, Попова Шапка, 4 Прилеп, Куманово, Тополчани, 3 Маврови Анови, 2 Ѓуриште и 1 л/м2 во Скопје-Зајчев Рид и во Скопје кај Петровец.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

