Македонија
Хауит во извештај повикува на итен почеток на преговорите
Британскиот европратеник Ричард Хауит во извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија, го повторува барањето до Европскиот Совет – одредување датум за старт на пристапните преговори на Македонија со ЕУ без одлагање, јавува Дојче Веле на македонски јазик.
Британскиот европратеник Ричард Хауит во извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија, го повторува барањето до Европскиот Совет – одредување датум за старт на пристапните преговори на Македонија со ЕУ без одлагање, јавува Дојче Веле на македонски јазик.
Во извештајот на Хауит, до кој дојде Дојче веле пред неговото разгледување од страна на Комисијата за надворешни работи на ЕП, се испраќа и повик за итно започнување на пред-скрининг процесот на хармонизација на законодавството и придобивките на ЕУ, како и за спроведување на втората фаза на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.
Известувачот изразува и загриженост поради впечатокот кој започнува да се развива дека земјата е „надмината“ во процесот на евроинтеграцијата од другите земји од Западен Балкан, што може да биде контрапродуктивно за постојаното подобрување на меѓуетничките односи во земјата и дека отсуството на редовен напредок во приближувањето кон ЕУ на земјата, претставува ризик за стабилноста и безбедноста на сите земји во регионот.
Во извештајот се поздравени и добрите односи на земјата со нејзините соседи.
Околу спорот за името, известувачот потсетува на содржината на пресудата на Меѓународниот суд на правдата од Хаг.
Хауит понатаму ја нагласува важноста на зачувување на континуитетот во процесот на проширување, и во овој контекст ја поздравува понудата на македонската влада да се постави рок за успешно решавање на спорот за името најдоцна до крајот на скрининг – процесот.
Во таа насока се повикуваат Европската комисија и Советот да започнат со развивање општо применливи арбитражни механизми во насока на решавање на билатералните прашања меѓу земјите кандидати за членство и земјите-членки.
Во извештајот се поздравува успешното одржување на парламентарните избори во Македонија и подобрениот политички дијалог како и добрите резултати на макроекономски план. Борбата против големата невработеност Хауит ја гледа во стимулирање на инвестициите и подобрена деловна клима.
Тој го поздравува подобрувањето на борбата против корупцијата, но го дели ставот на Европската комисија дека корупцијата останува „сериозен проблем“, со повик борбата против корупцијата да не биде врз селективна основа.
Повик за надминување на поделбите на децата по етничка основа во училиштата
Ричард Хауит нагласува дека Охридскиот рамковен договор е модел за целиот регион за успешно решение на меѓуетничките конфликти со истовремено зачувување на територијалниот интегритет и структури на државата.
Околу пописот на населението, се признава важноста за негова организација во целосна согласност со ЕУРОСТАТ стандардите. Притоа известувачот на ЕП ја нагласува важноста на прагот од 20% за давање одредени права во согласност со Охридскиот рамковен договор, но инсистира на тоа, дека дискриминацијата никогаш не може да се оправда кон албанското или било која друга малцинска етничка заедница врз основа на нивниот број во населението.
Во извешајот е испратен повик за зголемување на напорите за борба против поделбата меѓу децата од различни етнички групи во образовниот систем, како и согласност со препораката на Европската комисија за посилен поттик на процесот на децентрализација, како за значителен ребаланс помеѓу централниот и локалните буџети.
Британскиот европратеник го поздравува фактот дека слободата на мислата, совеста и религијата се општо гарантирани во Македонија. Но сепак, во предложениот текст тој изразува длабока загриженост за последните случувања во медиумите и се повикува земјата да покаже апсолутна посветеност на медиумскиот плурализам.
Хауит испраќа и повик за правична распределба на приходите од рекламирање на владата меѓу сите национални радиодифузери, без оглед на уредувачката содржина. Поддржана е и препораката на Европската комисија државниот телевизиски сервис да ја исполнува објективно и непристрасно улогата на јавен радиодифузен сервис. А, испратен е и повик за избегнување на судските процеси, за декриминализирање на клеветата.
Во извештајот се споменува потребата од зајакнување на антидискриминаторски политики, посебно за подобрување на животните услови на ромската заедница. Потоа, и потребата за продолжување на судските реформи, континуираниот напредок во подобрување на условите во затворите и зајакнување на парламентарниот надзор на разузнавачките и контра-разузнавачките служби, како и потребата да продолжат чекорите кои треба да доведат до професионална и непристрасна државна служба.
Во извештајот, умешно е избегнато користењето на придавката „македонски“, но затоа пак британскиот европратеник ја зема во предвид резолуцијата на Собранието на Република Македонија во која се изразува загриженост за отсуството на терминот „македонски“ во извештајот на Европската комисија за напредокот во 2011-та година и во 2009-та година и покрај фактот дека оваа придавка е норма во означувањето на јазикот на земјата, културата и идентитетот во текстовите на Обединетите нации. Хауит притоа жали за негативните реакции кои поради ова беа предизвикани во јавното мислење оваа година и ја повикува Европската комисија да го земе ова во предвид при подготовка на идните извештаи.
Извештајот на Ричард Хауит е првична верзија на текстот на резолуцијата, за која ќе треба да расправа Комисијата за надворешни работи на ЕП в понеделник, по што можно е да се очекуваат и негови промени пред да се најде на пленарна сесија. /крај/dw/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.
Македонија
Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари
Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата за пожарот во Кочани се одлага по барање на една од адвокатките која е избрана за нов член на Судскиот совет.
„Главната расправа за предметот со К.бр. 1872/25 поврзана со пожарот во Дискотеката ‘Пулс’ во Кочани, насрочена за утре 14.01.2026 – та година, се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска“, соопшти Судот.
Барањето е од причина што во текот на вчерашниот ден, Јошевска Анастасовска е избрана за член на Судскиот совет на РСМ, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува, а судењето продолжува на следниот, претходно утврден термин, на 26.01.2026 година во 09:30 часот во судницата во КПУ Идризово.
Од Судот информираат дека заради економичност во постапувањето, странките се веќе известени за отповиканата расправа.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.

