Македонија
Македонски и француски компании од областа на вооружувањето ги развиваат меѓусебните контакти и можната соработка

Повеќе македонски компании во вторникот во Скопје имаа уникатна можност на „Македонско-францускиот форум од областа на вооружувањето“ да остварат контакт и да воспостават соработка со повеќе добро познати француски компании од областа на вооружувањето, како и да се запознаат со потребите и плановите во процесот на модернизација на Армијата на Република Македонија.
Министерот за одбрана Зоран Јолевски, во своето обраќање на Форумот посочи дека „денешната средба ќе овозможи размена на мислења и искуства од областа на воената индустрија, како и можност за започнување на соработка помеѓу француските и македонските компании“.
Со помош на Стопанската комора на Македонија, додаде министерот, ние поканивме повеќе македонски компании кои можат да бидат партнери на француските компании во процесот на модернизација на Армијата на Република Македонија, што ќе претставува бенефит не само за АРМ, туку и за македонското стопанство. Колку што е подобра македонската економија, толку е поголем буџетот за одбраната и средствата наменети за модернизација на Армијата, заклучи министерот Јолевски.
Како што истакна Јолевски, овој форум претставува добра прилика за разгледување на можностите за модернизација на Армијата на Република Македонија.
„На оваа средба ќе ги претставиме нашите планови и потреби за опремување и модернизација, пред претставниците на Дирекцијата за вооружување на Министерството за одбрана Република Франција, пред француските и пред македонските компании. Опремувањето и модернизацијата на АРМ со современа воена опрема и средства е ставено високо на агендата на Владата на Република Македонија. Опремувањето на Армијата со современа опрема е долгорочен процес кој ќе се одвива континуирано“, додаде министерот Јолевски.
Во наредните 10 до 15 години, рече министерот, приоритет во опремувањето ќе се даде на копнените сили, односно единиците кои учествуваат во меѓународните мисии.
Во оваа прилика министерот Јолевски уште еднаш ја реафирмираше стратегиската определба на Македонија за полноправно членство во НАТО-алијансата, за што, посочи, од големо значење е поддршката од Собранието на Република Македонија, граѓаните на Македонија, но и од нашите партнери меѓу кои и Франција.
Јелисавета Георгиева, потпретседател на Стопанската комора на Македонија посочи дека Комората активно се вклучува во процесот на соработка кој е воспоставен со Министерството за одбрана.
„Минатата година со министерот за одбрана Јолевски поставивме детална агенда за вклучување на македонските компании за учество на тендерите, како и во процесот на модернизација на Армијата на Република Македонија“, рече Георгиева.
Таа дополни дека кога станува збор за поддршката и соработката со АРМ и Министерството за одбрана, бизнис заедницата е подготвена да ја покаже и општествената корпоративна одговорност, но и капацитетите за реално производство.
Амбасадорот на Франција во Македонија, Лоренс Оер истакна дека станува збор за стратешка соработка која се развива меѓу Армиите на Македонија и на Франција.
„Продолжуваме во рамките на овие активност да активираме проекти на долгорочен план за размената меѓу двете земји. Тука е претставникот на француската генерална дирекција за вооружување и повеќе француски фирми кои имаат капацитет и знаат како да соработуваат на меѓународен план“, посочи амбасадорката Оер.
На форумот, кој се реализира во организација на Министерството за одбрана учествуваа и повеќе македонски компании./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и на финансиската стабилност

Гувернерот Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург.
Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.
За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.
Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.
Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.
Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.
Економија
Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања – започнува членувањето во СЕПА

Европскиот совет за плаќања (ЕПС) ги впиша првите четири банки од нашата земја – станува збор за три големи и една средна банка – во регистарот на учесници во шемата за кредитни трансфери на СЕПА. Овој важен чекор е резултат на успешно поднесени барања од страна на овие банки, а со тоа официјално започнува и членувањето на нашата земја во СЕПА.
Овие банки ќе започнат со вршење на кредитните трансфери во СЕПА од 6 октомври 2025 година.
Се очекува и останатите осум деловни банки, кои најавија дека ќе поднесат барања во периодот од јуни до август оваа година, ќе бидат впишани во регистарот на ЕПС и ќе започнат со вршење на плаќањата во рамките на СЕПА до 6 октомври.
Да потсетиме, на 6 март 2025 година ЕПС го прифати барањето за членство коешто го достави Народната банка за нашата земја, со што станавме членка на Единствената област за плаќање во евра (СЕПА). Со ова се овозможи приклучување на домашните банки во европските платежни шеми преку кои се извршуваат плаќањата во евра, во географски опсег од 41 земја членка.
Интеграцијата на банките од земјава во европскиот платежен екосистем носи бројни придобивки за граѓаните и за компаниите – пред сѐ побрзи, поефикасни и поевтини прекугранични плаќања во евра, како и поголема економска поврзаност и активност.
Народната банка, како институција којшто ги координираше активностите за членство во СЕПА, останува целосно посветена на процесот на интеграција на банките и ќе продолжи редовно и навремено да ја информира јавноста за постигнатиот напредок.
Економија
Владата: Исплатени се субвенции на 70.000 земјоделци во вредност од повеќе од 9 милијарди денари

Исплатени над девет милијарди денари субвенции на над 70.000 земјоделци.
Владата соопшти дека се врши редовна исплата на субвенциите и со тоа им се дава директна поддршка на земјоделците да продолжат со своето производство.
„За една година, Владата и МЗШВ успеа да ги исплатат заостанатите субвенции на земјоделците за сите категории од 2021, 2022, 2023 година, а се исплаќаат и тековните субвенции. Покрај ова, како Влада успеавме да ги подобриме земјоделските политики и наместо земјоделските производи да се фрлаат, истите сега се откупуваат по пристојни цени од страна на откупувачите. Промените се очигледни. Тие се случуваат. Времето на промените е тука, работиме и ја вреднуваме маката на земјоделците“, велат од владината прес-служба.
Се додава дека оваа Влада е земјоделска и земјоделците после седум години конечно имаат партнер.