Свет
Десетина загинати во експлозија во Нигерија
Десетина лица загинале во експлозија на бомба која во неделата навечер експлодирала во воената база во северна Нигерија неколку часа откако претседателот Гудлак Џонатан ја положи заклетвата за својот прв целосен мандат.
Десетина лица загинале во експлозија на бомба која во неделата навечер експлодирала во воената база во северна Нигерија неколку часа откако претседателот Гудлак Џонатан ја положи заклетвата за својот прв целосен мандат. Според полнички извори загинале десет лица, меѓу кои се и четири жени, додека извори од спасувачките служби зборуваат за 12 загинати и 25 ранети во експлозијата во внатрешноста на воената база на крајот од градот Баучи. Началникот на полицијата, Мухамед Иднабаве изјавил дека се’ уште не се знае кој е одговорен за експлозијата кој се случила во трговскиот центар „Мами“ во воената база, кој заедно со продавницата отворена за граѓаните бил популарно место за вечерни излегувања на локалното население. Според Јушу Шуаиб,, портпарол на Националната агенција за управување во кризни ситуации, станува збор за силна експлозија која била проследена со втора помала во пивница на периферијата од главниот град Абуџа. Во втората експлозија биле полесно повредени три лица, а според Шуаиб се’ уште не се знаат одговорните и за неа.Нигерискиот претседател Гудалк Џонатан во неделата ја презема должноста положувајќи заклетва по изборите кои беа одржани на 16-ти април на кои се случија серии протести и безредија во кои животите ги загубија повеќе од 800 луѓе./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Се урна американски Ф-15 во Кувајт
На социјалните мрежи се шират снимки од соборувањето на американскиот Ф-15 во Кувајт.
BREAKING:
Reports of a U.S. F-15 fighter jet having been downed over Kuwait moments ago in a friendly fire incident pic.twitter.com/rWHxiaPbl1
— Visegrád 24 (@visegrad24) March 2, 2026
Пилотот на Ф-15 е жив. Несреќата се случила во таканаречен инцидент со пријателски оган. Пилотот успеал безбедно да се катапултира и за него се погрижила група локални жители по слетувањето.
BREAKING:
The U.S. F-15 fighter jet pilot who was down over Kuwait moments ago in a friendly fire incident is alive.
He ejected and is now being taken care of by a group of Kuwaitis pic.twitter.com/XhIZK5rUTW
— Visegrád 24 (@visegrad24) March 2, 2026
Досега нема реакција од САД.
Another video shows the crash of the U.S. F-15 jet in Kuwait. pic.twitter.com/JpRsECmwJa
— Clash Report (@clashreport) March 2, 2026
Свет
(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови
Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје наменето за напад врз американските бази во регионот. Видеото првично го објави иранската државна новинска агенција Фарс.
Видеото прикажува долги редици дронови наредени во тунелите, некои веќе на лансирни рампи. Ѕидовите на подземниот комплекс се украсени со ирански знамиња и портрети на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.
JUST IN: IRAN RELEASES VIDEO OF DRONE TUNNEL AND FIRING THEM AT U.S. BASES
"Wait again for the sound of the death knell." pic.twitter.com/LjAugbfGzy
— Sulaiman Ahmed (@ShaykhSulaiman) March 2, 2026
Видеото, исто така, прикажува ракети и дронови како се лансираат од повеќе локации, а целите се прикажани како цели за кои Фарс вели дека се „американски бази“.
Не е јасно кога и каде е снимено видеото. Исто така, не е јасно дали го прикажува оружјето што го користел Иран во својот одговор на нападите.
Свет
Трамп: Иран сака да преговара; Иранскиот шеф за безбедност: Нема да преговараме со САД
Иранскиот шеф за безбедност Али Лариџани, кој беше и советник на поранешниот врховен лидер на земјата, објави на Икс дека Техеран нема да преговара со САД.
لن نتفاوض مع الولايات المتحدة https://t.co/cvEweU8ODj
— Ali Larijani | علی لاریجانی (@alilarijani_ir) March 2, 2026
Еден ден претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека новото иранско раководство сака да разговара со него и дека тој се согласил на тоа.

