Македонија
Зафировска не е загрижена од притисоците
Денес во Судскиот совет на Република Македонија судијата Александра Зафировска беше избрана за нов претседател на Судскиот совет, а судиите кои беа избрани завчера положија заклетва
Новата претседателката Александра Зафировска во својата прва изјава за медиумите кажа дека притисоци на Судскиот совет имало и ќе има, но тоа неа не ја загрижува. Таа се надева дека судиите кои потклекнуваат на вакви притисоци во судството ќе ги има се помалку. „Колку и да трпиме притисоци, треба да се каже дека судството е една од трите власти во државата и судиите треба да се чувствуваат како власт, но и да се однесуваат на тој начин што ќе работат според закон”, вели Зафировска. Таа потврдува дека има влијанија од политиката во судството и во медиумите, а за функцијата на министерот за правда и дали има влијание вели дека “„инистерот има само еден глас и не може да влијае на ставот на останатите членови” и додаде дека лично го застапува ставот на судската фела дека министерот не треба да учествува во работата на Советот. Денес заклетва даде и новата претседателка на Апелациониот суд во Скопје Љупка Арсениевска. Таа вели дека долго е во судството цели 36 години и никогаш немала ниту ќе дозволи притисок од било кого. “Нашето оружје е законот. Пукаме со законот”, вели Арсениевска. !Првата работа е распоред на судии, опремување на судот и јавност и транспарентност. Ако сум жена, јас сум цврста”, додаде новата претседателка на Судскито совет на РМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониска утринска температура.
Македонија
Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа.
„500 лица до денес, се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје. Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години“, објави Ѓорѓиевски.
Тој најави дека секој кој чесно си ја работи работата, ќе биде награден, а оној што не работи ќе биде казнет.
„Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

