Свет
Снежното невреме ги затвори федералните институции во Вашингтон
Американските федерални институции денеска ќе останат затворени како последица на снежното невреме кое викендов го зафати Вашингтон, јавија агенциите.
Американските федерални институции денеска ќе останат затворени како последица на снежното невреме кое викендов го зафати Вашингтон, јавија агенциите.
Околу 230.000 вработени во федералната администрација на САД денеска ќе бидат на „одмор“ кој според проценките ќе ја чини американската влада 100 милиони долари.
Покрај федералните институции, во Вашингтон денеска нема да работат и повеќето училишта и јавни установи.
Снежната бура предизвика огромни проблеми во сообраќајот, а неколку илјади домови останаа без електрична енергија.
Во некои делови на Вашингтон снежната покривка достигна и до 1,8 метри
Метеоролозите предвидуваат дека во наредните неколку денови невремето ќе донесе нови наноси на снег.крај/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Напаѓачот ги застрелал жртвите во главата, градите и стомакот: позната е состојбата на повредените во масакрот во Цетиње
Четворица ранети во масакрот на Цетиње се во операционите сали во Клиничкиот центар во Подгорица. Ова во изјава за „РТЦГ“ го потврди дежурниот лекар.
„Во последните два часа во клиничкиот центар се донесени четворица пациенти, една жена и тројца машки. Повредите на сите пациенти се многу сериозни и опасни по живот. Кај еден пациент имаме повреди на главата, градниот кош и стомачниот дел. Кај два пациенти, имаме повреди на абдоменот и кај еден пациент имаме повреда на градниот кош и на стомакот“, рече тој и продолжи:
„Тие се во операционата сала. Мобилизирани се сите лекари. Како и дежурниот практикант, се јавија и другите колеги. Ангажирана е целата екипа, сега работат сите четири операциони сали, неврохирургот, васкуларниот хирург и уролозите се вклучени, па во моментов не би можел да коментирам за исходот од операцијата“.
Регион
Загреб: Демолирано училиште од петарди
За време на новогодишната ноќ, како и во сите делови на светот каде што се слави, низ Загреб одекнаа експлозии од разни видови петарди.
Ова не е чудно за време на прославата на новогодишната ноќ, но во Загреб луѓето кои сакаа да ја дочекаат Новата година на овој начин демолираа училиште, пишуваат тамошните медиуми.
Кон основно училиште во Загреб биле фрлени голем број на петарди а резултатот биле искршени стакла и целосно уништена влезна врата, пренесува „Јутарњи лист“.
Според написите на Јутарњи лист, на подот покрај скршеното стакло биле забележани многу употребени пиротехнички средства. Според изјави од читатели, се работи за училиште кое неодамна било реновирано.
„Кога ги видов овие слики едноставно не можев да верувам, па отидов да го видам во живо, сликата во најмала рака е срамна“; „Ова е најголемиот срам што се случи во нашата населба, да го уништиме новоизграденото игралиште, своето училиште вака“; „Тажно, премногу тажно. За доброто на нормалните деца и нормалните луѓе мора да се стави крај на ова дивјаштво“, се само дел од коментарите на шокираните жители на населбата.
Од загрепската полиција кусо коментираат дека засега се утврдуваат сите факти за ова дело, како и сторителите, а повеќе информации ќе има по полициската акција, пренесува медиумот.
Регион
Објавен идентитетот на напаѓачот од Цетиње: бега од полицијата, вооружен е и опасен
Осомничениот за денешното повеќекратно убиство во Цетиње е Ацо Мартиновиќ (45) од тој град, кој се уште е во бегство.
Како што објави порталот на Радиотелевизија на Црна Гора, тој убил најмалку седум лица, од кои две деца. Неколку лица се ранети. Според неофицијални информации тој убил и одредени членови од своето семејство, пренесуваат тамошните медиуми.
Според информациите на порталот cdm.me кој ја објави неговата фотографија, Мартиновиќ по расправија во кафуле во Цетиње убил неколку лица и побегнал со темносино комбе „фиат“.
Фотографијата потоа ја објави црногорската полиција, според написите.
Од полицијата посочуваат дека осомничениот е вооружен и опасен.
Полицијата апелира до граѓаните на Цетиње да останат смирени и да останат во своите домови, додека сите расположливи полициски единици се на терен и преземаат мерки од нивна надлежност за ставање на ситуацијата под контрола и изведување на сторителот пред лицето на правдата.