Македонија
Продожува нагорниот тренд на МБИ10

Индексот МБИ-10 денеска трт ден последователно забележа пораст и ја зголеми вредноста за 0,94% и се позиционираше на вредност од 2.519,91 индексни
Индексот МБИ-10 денеска трт ден последователно забележа пораст и ја зголеми вредноста за 0,94% и се позиционираше на вредност од 2.519,91 индексни поени.
Вкупниот прометот на македонската берза за хартии од вредност на денешното тргување изнесуваше 7.288.709,30 денари, а беше реализиран преку 77 трансакции.
Прометот на официјалниот пазар изнесуваше 2.941787,30 денари, додека на редовниот пазар прометот беше 4.346.922,00 денари.
МБИД оствари незначително зголемување од 0,06% а вредноста му изнесуваше 2.309,10 индексни поени. ОМБ порасна за 0,13%, остварувајќи вредност од 102,64 индексни поени.
Од хариите од вредност кои котираат на официјалниот пазар најливидна беше Комерцијална Банка Скопје со промет од 506.550,00 денари при истргувани 199 акции. Постигната беше просечна цена од 2.545,48 денари со дневен пораст кој изнесуваше 2,96%.
Со акцијата на Гранит Скопје се оствари промет од 469.500,00 денари, а беа истргувани 770 акции. Просечната цена изнесуваше 609,74 денари, додека нејзиниот пораст беше 1,62%.
Реплек Скопје оствари промет од 431.900,00 денари при 9 истргувани акции. Просечната цена од 47.988,89 денари значеше пораст од 1,22%.
Од редовниот пазар најтргувана беше акцијата на Осигурителна полиса Скопје со остварен промет од 2.212.155,00 денари при истргувана количина од 3.597 акции, реализирани преку една трансакција. Просечната цена од 615,00 денари оствари намалување на дневна основа од 18,00%.
Со акцијата на Македонски Телеком како втора по обем на тргување од редовниот пазар се оствари промет од 874.729,00 денари при истргувани 2.282 акции. Се оствари просечна цена од 383,12 денари која значеше пораст од 0,62%.
Гранит Скопје објави неревидиран неконсолидиран биланс за успех за период од 01.01 – 30.06.2009 година. Нето добивката за периодот изнесува 158.567.000,00 денари што претставува намалување од 12% во однос на истиот период од претходната година.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Осигурителна полиса Скопје
2. Македонски Телеком Скопје
3. ЗУМ Скопје
4. Комерцијална Банка Скопје
5. Гранит Скопје
Хартии од вредност со најголем пораст
1. Комерцијална Банка Скопје 2,96%
2. Гранит Скопје 1,62%
3. Топлификација Скопје 1,33%
4. Реплек Скопје 1,22%
5. Р.Македонија – Денационализација 03 1,19%
Хартии од вредност со најголем пад
1. ЗУМ Скопје 33,35%
2. Осигурителна полиса Скопје 18,00%
3. Тетекс Тетово 17,12%
4. Жито Лукс Скопје 8,70%
5. Раде Кончар Скопје 8,00%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Лабудовиќ: Ќе изградиме нов модерен плоштад во Центар – „Феникс“

Изградба на проектот „Плоштадот на заедништвото – ФЕНИКС“, модерен, зелен и жив плоштад, е дел од изборната програма на кандидатот за градоначалник од ЗНАМ за општина Центар – Мирослав Лабудовиќ.
„ФЕНИКС е симбол на обнова, нова енергија и заедништво. Место каде што ќе се среќаваат луѓето, ќе се создаваат спомени и ќе расте духот на Центар. Со овој проект градиме иднина што инспирира, поврзува и обединува“, изјави Мирослав Лабудовиќ, кандидат за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ.
Додаде дека проектот ќе биде современ, зелен и инклузивен простор, каде уметноста, културата, музиката и животот се спојуваат во едно. Плоштадот ќе биде отворен простор за културни настани, концерти, изложби, семејни активности и дружења, создавајќи ново место за живот и инспирација во срцето на градот.
„Овој проект не е само урбанистичка замисла – тоа е визија за град по мерка на човекот, каде архитектурата, природата и заедништвото се дел од истата приказна. Со модерна пешачка зона, зелени површини и простор за одмор, ФЕНИКС ќе го врати она што најмногу недостига – чувството на припадност, мир и убавина во средиштето на градот3, рече Лабудовиќ.
Особено важно е што, додаде тој, во рамки на проектот се предвидени подземни паркинг места, со што конечно се решава еден од најголемите предизвици за жителите на Центар и се ослободува јавниот простор за пешаци и зеленило.
Македонија
Хелсиншкиот комитет остро реагира против злоупотребата на деца во политички цели

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро реагира на сè почестите случаи на злоупотреба на деца и малолетници во политички активности во пресрет на претстојните локални избори. Иако официјалната изборна кампања завршува за неколку дена, на социјалните мрежи може да се забележат многубројни фотографии и видеа во кои децата се злоупотребени за политички цели од страна на кандидати и нивните поддржувачи, велат од Хелсиншкиот.
„Со загриженост констатираме дека во континуитет се случуваат активности, кои не само што не се во најдобар интерес на детето туку претставуваат и злоупотреба на децата поради политичко дејствување – нешто што е забрането со Законот за заштита на децата, Конвенцијата на ООН за правата на детето и Декларацијата за заштита на детето од политичка манипулација и злоупотреба. Ваквата пракса, за жал, е редовна појава во земјата. Во пресрет на локалните избори, во медиумите и социјалните мрежи се забележуваат повеќе вакви случаи, само неколку примери се: видеообјава на кандидат во која се вклучени нивни деца со повик да се гласа на претстојните избори, фотографија на кандидат за градоначалник, кој на деца им дели играчки во рамките на кампањата, како и делење промотивен материјал на деца“, се наведува во соопштението.
Хелсиншкиот комитет упатува јасен апел до институциите, политичките партии, медиумите и до родителите веднаш да престане вовлекувањето на децата во политички кампањи и да се преземат соодветни мерки за санкционирање на сите што ги користат децата за политички цели.
Политичката злоупотреба на деца е забранета со закон. Во согласност со член 12, став 4 од Законот за заштита на децата „се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“.
Хелсиншкиот комитет потсетува дека на децата не им е место во политиката. Наместо злоупотреба, велат од таму, политичарите и нивните поддржувачи треба да се залагаат за создавање услови за квалитетен живот, образование и развој на најмладите.
Македонија
Кумановски матичар измислил брак меѓу Албанец и Унгарка, заврши со кривична пријава

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.З. (65) од село Слупчане, општина Липково, поради сомнение дека сторил злоупотреба на службена положба и овластување.
Според соопштението на МВР, пријавениот во 2023 година извршил упис на непостоечки брак во матичната книга на венчани меѓу лице од Албанија и лице од Унгарија.
При увид во книгата на пописни акти за истата година било утврдено дека не постои заведено барање за издавање извод од матичната книга за овој наводен брак.