Македонија
Економијата и меѓуетничките односи главни адути за интерпелација на Владата
Амнестијата на Хашките случаи, меѓуетничките затегнати односи, политичката криза во владата, како и економските проблеми во државата се главните аргументи на СДСМ на денешната расправа по иницијативата за гласање доверба на Владата.
Игор Ивановски и Јани Макрадули ја имаа честа да ги изнесат основните аргументи за иницијативата за гласање доверба на Владата.
Според Ивановски, економијата во државава е на многу ниско ниво, дека Владата не ги плаќа своите обврски, не ги почитува законските обврски за враќање на ДДВ, секој на секого должи, повеќе од половината млади се невработени.
„За оние кои останаа во државава и не со одлеаја од неа, нема работа, нема странски инвестиции, а ако не праќаат пари од дијаспората луѓето нема од што леб да јадат“, рече Ивановски.
Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ ја направила Македонија најмизерна држава во светот, со 32 отсто сиромашни луѓе, а згора на тоа струјата два пати поскапе, заради владините ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН, поради увоз на скапа струја од надвор.
„Не се живее со 60 денари на ден“, предупреди Ивановски.
Тој рече дека нафтата и нафтените деривати поскапеа заради тоа што ОКТА се продаде, дрвата ги нема или се скапи заради илегална сеча, од кои најмногу за извоз во Грција, платите останале исти или се намалувале.
„Сите чекаа помош од владата, но место помош добиваат игнорирање, постмев и владин арач. Додека луѓето немаат пари за леб, вие отварате нови споменици, бисти, игралишта, а парите на фирмите не ги враќате, но за луксузни патувања имате“, обвини Ивановски.
СДСМ смета дека на тој начин не се злоупотребуваат парите на само овие граѓани, туку и на следните неродени генерации Македонци.
Обвини дека милијарда и 250 милиони евра задолжување се направени за една година, а изградени се само седум километри пат за шест години.
Според СДСМ оваа влада е прва што уставното право на штрајк се укина со судска одлука.
„Граѓаните во болница влегуваат како во банка, за да ги платат услугите им треба кредит“, рече Ивановски.
Според него, земјоделците немаат алишта и храна, а луѓе блиски до власта со скапи костими и очила лажно пријавуваат одгледување лешници, домати, компири, за да земат субвенции, но и субвенциите стигнуваат по година до две, а се бара од земјоделците да плаќаат ДДВ веднаш.
Тој ја нарече актуелната власт злосторничко здружување на Влада на Македонија, затоа што таму бил најголемиот криминал, а за сопственици на медиум, беа пресудени вкупно 100 години затвор..
„И Државниот завод за ревизија не може да го сопре криминалот и корупцијата, па мора да констатира незаконско работење и трошење на народните пари“, рече Ивановски.
Секако не изостана и критиката за проектот Скопје 2014, во кој „за врби во Вардар се дадоа 280 илјади евра, а истата врба покрај сите реки расте без пари“. Од друга страна за Прометеј и 100 метри ограда на мост се дадоа 2,5 милиони евра, а само во Македонија на уметник за дело се дава хонорар од три милиона евра. Криминал, партизирано судство, партизирана администрација, контролирани медиуми, еднакво на Владата на Груевски“, рече Ивановски.
Обвини дека се судрија коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ околу законот за бранители, а сé почнало со припадници на АРМ, „која треба да е чувар на чест„`.
„Претседателот побара истрага, но Бесими си тераше по свое“, рече Ивановски.
Рече дека незаконски се менуваа имиња на училишта, се судрија градоначалници, а родителите и децата се сред тоа; се интонира албанска химна во македонските училишта.
Праша кој раководи со државата, која и каде се употребува химна, како се викаат училиштата во Чаир, дали се согласуваат македонски и албански ученици да учат заедно во една паралелка, има ли полиција, кој го води образованието?
„Ќе престане ли оваа опасна игра и ќе се зафатите ли со работа да ја оправдате довербата… додека ви трае власта, до следните вонредни избори..“,рече Ивановски.
Неговиот партиски колега Јани Макрадули рече дека граѓаните сакаат стабилни меѓуетнички односи.
„Од пратениците зависи дали ќе изберат ваша власт или иднина за сите фамилии“, рече Макрадули.
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, се почувствува повикан да даде одговор за состојбите во својот ресор па рече дека до 2007 година, воопшто не се спомнуваше Законот за електронско јавно наддавање.
„Јавни наддавања немаше, а се случуваа договори во четири очи. Немаше објави во весниците. Се продаваа парцели по 20 евра во центар, а сега и по 3.000 евра. Милијарда и 300 милиони евра инвестиции се чека од продажбата на земјиште, дадено во владение на Општините“, рече Јанакиески.
„Греотка… ова го смисливте вие… Вие сте најкорумпираниот министер во владата… Додека ние дебатираме на „Партизанска“ има тепачка во автобус 22 меѓу Македонци и Албанци, сериозна е работата“, реплицираше Макрадули.
Според вицепремиерот Владимир Пешевски, она што е направено во минатиот период во економијата се аргументи сами за себе.
„Нето платите од 2006 до 2012 година имаат тенденција на зголемување, на нето плата до 52 отсто зголемување. Се донесе Закон за минимална плата, Закон за енергетска сиромаштија, со парична помош за енергенси. Земјиште за 1 евро по метар квадратен. Социјалната помош зголемена за 32 отсто, субвенциите од 6 милиони се зголемија на 130 милиони“, рече Пешевски, а потсети дека стапката на невработеност во 2011 била 31,2 отсто, додека во 2005 година 37,5 отсто, а таа година вработени имало 400 илјади, додека во 2012 година, таа бројка се зголемила на 650.000.
Министерот за надворешни работи Никола Попоски, рече дека Република Македонија никогаш не била поподготвена за почеток на преговори од денес, не била побитен фактор во НАТО. Во овој момент Македонија ги има сите аргументи за почеток на преговори.
„Денеска имаме интерпелација, која треба да ги заштити СДСМ од предвремени избори. Владата во овие неколку месеци се наоѓа во интензивна економска акција. Најавите за позитивен извештај се сè почести. Филе е задоволен од реформите. Имаме почетоци на изградби на фабрики“, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
Тој им порача на пратениците од СДСМ дека го промашиле нивното Работно лето, каде спиеле кај нивни земјоделци, а од Битола носеле симпатизери во Ресен за да биде собирот помасовен.
„Вие се плашите од брзи вонредни избори“, рече Димовски.
Се чудеше, како не успеале да пофалат ниеден проект на Владата, ниту зголемувањето на пензиите, ниту бесплатните учебници, зголемените субвенции, ниту подновувањето на железницата…
Расправата по иницијативата за гласање на доверба на владата сè уште трае и се очекува да приврши пред полноќ, кога свое обраќање ќе има премиерот Никола Груевски, по што ќе следи гласањето./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Алијансата за Албанците ќе го обжали Законот за „Безбеден град“ пред Уставниот суд
Крилото на Арбен Таравари од Алијансата за Албанците најави дека во понеделник ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на измените на Законот за прекршоци, преку кој се овозможува имплементација на системот „Safe City“ (Безбеден град).
Од партијата наведуваат дека актуелната примена на системот отвора сериозни правни, уставни и социјални прашања, особено поради тоа што, според нив, се спроведува селективно – само во Скопје, Куманово и Тетово.
„Проект кој има за цел да ја зголеми јавната безбедност треба да се применува рамноправно на целата територија на државата, а не делумно и селективно“, порачуваат од Алијансата.
Дополнително, партијата укажува на непочитување на Законот за употреба на јазиците, бидејќи известувањата и санкциите што произлегуваат од системот не се обезбедуваат рамноправно и на албански јазик.
Како посебен проблем го посочуваат и високиот износ на глобите, за кои бараат ревизија и прилагодување на прагот на толеранција.
„Безбедноста во сообраќајот е неопходна, но не преку непропорционални казни кои ја нарушуваат економската благосостојба на граѓаните“, посочуваат од партијата.
Алијансата ги критикува и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН, ЗНАМ и Левица, кои гласале за стапување во сила на казнените одредби од 1 февруари, обвинувајќи ги дека тоа го сториле „без грижа за благосостојбата на граѓаните и без да ги адресираат сериозните уставни недостатоци“.
Во образложението за најава на иницијативата, партијата го посочува и примерот со Законот за трето дете, кој Уставниот суд го прогласи за неуставен поради селективна примена. Од таму очекуваат Уставниот суд да постапи на сличен начин и во случајот со „Безбеден град“.
Македонија
Со гласањето против „Безбеден град“, СДСМ и ДУИ застанаа против безбедноста на граѓаните, рече Мицевски
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, коментира дека СДСМ и ДУИ на денешната собраниска седница гласала против измените на Законот за прекршоци, со што, како што рече, се спротивставила на проектот „Безбеден град“ и на напорите за унапредување на безбедноста во сообраќајот.
„Коалицијата Али и Венко, СДС и ДУИ, денеска во Собранието гласаа против проектот ‘Безбеден град’. Тие гласаа против измените што овозможуваат имплементација на системот најпрво во Скопје, Куманово и Тетово, како и на делови од Коридорите 8 и 10, каде што опремата е веќе поставена“, рече Мицевски.
Тој наведе дека двете опозициски партии со тоа директно гласале против намалување на сообраќајни несреќи, повреди и смртни случаи.
Како илустрација, Мицевски посочи дека на 1 октомври 2025, кога започнал пробниот период на системот, камерите во Скопје регистрирале 110.000 прекршоци – 90% од нив за брзо возење. Само еден ден подоцна, на 2 декември, бројката се намалила на околу 50.000 прекршоци.
Дополнително, според статистиката што ја наведе, во првите осум месеци од 2025 година, во сообраќајни несреќи загинале 91 лице (просечно 11,3 лица месечно), додека во 2024 година бројот изнесувал 142 (11,8 месечно).
„Сега, бројката е намалена на само 2 смртни случаи во декември 2025 и јануари 2026“, истакна Мицевски.
„СДС и ДУИ уште еднаш покажаа дека не умеат да застанат зад политика што е во интерес на граѓаните. И покрај поразот на изборите, продолжуваат да делуваат спротивно на јавниот интерес“, рече координаторот на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Левица за „Безбеден град“: Глобите да се пресметуваат според примањата
На денешната седница на Собранието, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека во Законот за прекршоци, преку кој ќе профункционира системот „Сејф сити”, Левица ќе поднесува измени особено во однос на глобите, односно ќе бараат скалесто казнување.
„Не може да се казнуваат исто луѓе со месечни примања од 500 ЕУР и луѓе со месечни примања и од по 50.000 ЕУР”, рече Крмов.
За Предлог-измените на Законот за прекршоци со цел имплементација на системот „Сејф сити”, Крмов истакна дека законското решение не е совршено, но пратеничката група на Левица ќе го поддржи бидејќи ценат дека тој систем би можел да спаси животи.
Пратеникот најави дека ќе следат корекции „во од” како што најави и власта, а при истите Левица ќе има свои предлози за кои побара поддршка од владејачкото мнозинство.

