Свет
Двајца убиени во терористички напад врз руска хидроцентрала

Двајца припадници на обезбедувањето се убеини во средата во напад за кој се руските власти се сомневаат дека е теористички напад на руската хидроцентрала на Кавказ, пренеоса агенциите
Непознатите напаѓачи, за кои се вели дека биле во група од три до пет лица, ги убиле двајцата припадници на обезбедувањето на влезот од хидроцентралата Баксан во руската сојузна република Кабадрино-Балкарија. Потоа напаѓачите успеале да се пробијат во внатрешноста на објектот и поставиле експлозив со кој ги оштетиле нејзините генератори.Руската сојузна служба за безбедност ФСБ, смета дека ова е дело на исламистичките терористи кои сакаат од кавкаските републики да создадат исламски емират. Инаку, последнава седмица зачестија нападите во оваа руска република, којашто досега беше релативно поштедена од терористичките напади, во споредба со другите републики од кавкаскиот регион, Чеченија, Дагестан и Ингушетија. Хидроцентралата Баксан е отворена уште во 1939 г. а струјата којашто ја произведува служи за снабдување со електрична енергија на локалните железнички линии и блиските популарни термални бањи. Таа е во сопственост на државната комапнија РусХидро, која објави дека ја засили безбедноста на нејзините објекти а посебно на централите на територијата на целата земја.„Нама оштетувања на хидротехничкиот комплекс, а не постои и загрозување од поплави на населените места“, стои во соопштението на оперативниот штаб формиран по нападот кој прецизирал дека биле оштетени две турбини.РИА Новости пренесува дека убиените се 41-годишен припадник на обезбедувањето од компанијата и 25-годишен полициски офицер исто така ангажиран на обезбедување на компанијата.Според руската Национална антитерористичка агенција (комисија) (НАК), во вооружениот напад откако биле убиени двајцата обезбедувачи, напаѓачите влегле во салата за компјутерска контрола на хидроцентралата, претепале три работника и ги поставиел импровизирните експлозивни нарпави. Вкупно имале четрири експлозии кои оштетиел три генератора и други технички средства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Вашингтон шпекулира: со што ќе се појави Зеленски на средбата со Трамп – одело или тренерка?

Што ќе носи Зеленски вечерва – одело или тренерка – веќе стана тема на разговор во Вашингтон пред денешната средба со Доналд Трамп.
Да потсетиме дека во февруари, Трамп го критикуваше украинскиот претседател за тоа што не носел одело за време на нивниот состанок во Овалната соба, а потоа новинарот Брајан Глен постави прашање за тоа, обвинувајќи го Зеленски за „непочитување на Америка“.
Дописникот на Sky’s America претходно денес истакна дека облеката би можела да го одреди тонот на средбата.
Сега порталот Axios, повикувајќи се на два извори директно вклучени во подготовките, објавува дека Белата куќа ги прашала украинските претставници дали Зеленски ќе носи одело на средбата со Трамп денес.
За време на утринската средба со американскиот пратеник во Украина, Кит Келог, Зеленски носел црна кошула со кратки ракави. Но, тоа, секако, не значи дека подоцна нема да се пресоблече.
Зеленски понекогаш избира поформална облека – пример е неговата средба со холандскиот крал и кралица за време на самитот на НАТО во јуни – но од почетокот на руската инвазија во 2022 година, тој најчесто носи воени маслинести бои, сакајќи да покаже солидарност со украинските војници.
Некои ја споредија оваа практика со Винстон Черчил, кој често носел униформа за време на Втората светска војна.
Свет
Рејтингот на Трамп скокна по средбата со Путин

Рејтингот на американскиот претседател, Доналд Трамп, се зголеми по средбата со неговиот руски колега Владимир Путин, а повеќе од половина од американските гласачи (54 проценти) ги поддржуваат ефектите од неговата работа, според анкетата спроведена од американската агенција за истражување на јавното мислење Insider Advantage.
Се забележува дека 44 проценти немаат позитивно мислење за Трамп, додека два проценти се неодлучни, според веб-страницата на агенцијата.
Се додава дека Трамп е во водство меѓу сите возрасни групи освен меѓу најстарите гласачи.
„Ги подобри своите бројки меѓу Афроамериканците и Латиноамериканците. Белите гласачи се на речиси рекордни 64 проценти. Гласачите под 65 години сега со огромно мнозинство го одобруваат неговото работење. Генерално, поддршката за Трамп се зголемува по средбата со рускиот претседател – според анкетата.
Анкетата е спроведена од 15 до 17 август.
Свет
Трамп: Знам точно што правам, решив 6 војни за 6 месеци

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се пофали со своите мировни достигнувања пред денешните потенцијално клучни разговори за Украина.
„Знам точно што правам“, рече Трамп.
За време на неговиот втор мандат, Трамп постојано се претставуваше како „главен миротворец“, нагласувајќи ја својата улога во решавањето на светските конфликти. Во нова објава на социјалните мрежи, тој повторно се осврна на начинот на кој медиумите ја следат неговата администрација:
„Решив 6 војни за 6 месеци, од кои една се закануваше со нуклеарна катастрофа, а сепак морам да читам и слушам „Волстрит џурнал“ и многу други кои навистина немаат поим, велејќи ми дека правам сè погрешно во врска со руско-украинскиот неред“, напиша Трамп.
Во објавата, тој повторно го обвини претседателот Џо Бајден дека ја започнал војната во Украина.
„Наречете ме како сакате – мајстор миротворец, реалист, личност што размислува сама за себе – но јас точно знам што правам. Решив 6 војни за 6 месеци, една од нив можеше да заврши со нуклеарна катастрофа. Сепак, морам да читам и слушам „Волстрит џурнал“ и многу други кои навистина немаат поим, велејќи ми дека правам сè погрешно во врска со руско-украинскиот неред. Ова се сите истите луѓе кои тврдеа дека Бајден знае што прави. Погледнете каде нè одведе! Да не беше Бајден, никогаш немаше да има војна каква што има.“