Свет
Забраната за геј браковите прогласена за неуставна

Сојузниот суд во Сан Франциско ја прогласи за неуставна забраната на хомосексуални бракови во Калифорнија, донесена по референдумот во 2008 г.
Судијата Вог Вокер во пресудата на 136 страници рече дека противниците на забраната „со многу докази“ покажале дека таа ги крши правата на рамноправна заштита загарантирана со американскиот устав.Забраната што ја изгласаа граѓаните на Калифорнија, позната како Предлог 8, односно уставниот амандман со кој се забрануваат истополовите бракови, сепак треба да остане на сила, барем привремено додека случајот не премине на Врховен суд, па така хомосексуалците, без оглед на пресудата, нема да можат да стапуваат во брак.Гувернерот на Калифорнија, кој лично ги поддржува хомосексуалните бракови, рече дека одлуката „ја потврдува целосната заштита за која верува дека секој ја заслужува“.Пресудата е голем пресврт во јавната дебата што ги подели Американците. Приврзаниците на правата на хомосексуалците оваа правна битка ја гледаат како борба за еднакви права на сите, додека противниците сметаат дека истополовите бракови се закана за „традиционалното семејство“.Во моментот истополови бракови во САД можат да се склучат во Конектикат, Ајова, Масачусетс, Њу Хемпшир, Вермонт и Дистрикот Колумбија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Претставникот на Трамп: Нападот врз Киев е ескалација, очигледно е дека Русите не сакаат војната да заврши

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, изјави дека нападот на Русија врз владината зграда во Киев не е сигнал дека Москва има намера дипломатски да ја заврши војната. „Нападот не беше сигнал дека Русија сака дипломатски да ја заврши оваа војна“, рече Келог преку социјалната мрежа Икс.
The danger in any war is escalation. Russia appears to be escalating with the largest attack of the war hitting offices of the UKR Cabinet in Kyiv. I was with their PM @Svyrydenko_Y two weeks ago in that building. History shows events can escalate out of control through actions… https://t.co/7ZskfAkh9e
— Keith Kellogg (@generalkellogg) September 7, 2025
Келог нагласи дека опасноста од каква било војна лежи во ескалацијата, а Русија, рече тој, „се чини дека ескалира“ со лансирањето на најголемиот воздушен напад во војната, кој прво ја погоди зградата на украинската влада.
Специјалниот пратеник, исто така, откри дека бил во истата зграда пред само две недели, каде што се сретнал со украинската премиерка Јулија Свириденко.
Тој предупреди дека ваквите потези би можеле да излезат од контрола. „Историјата покажува дека настаните можат да ескалираат надвор од контрола преку вакви акции. Затоа претседателот Трамп работи на запирање на оваа војна“, заклучи Келог.
фото: принтскрин
Свет
Трамп до Хамас: Ова е вашето последно предупредување, нема да има друго

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека му дал на Хамас „последно предупредување“ да прифати договор за ослободување на заложниците, тврдејќи дека „Израелците ги прифатија моите услови“. Тој повика на крај на војната и предупреди на „последици“ доколку Хамас одбие.
„Време е Хамас да прифати. Ги предупредив за последиците од неприфаќањето. Ова е моето последно предупредување – нема да има второ“, рече Трамп во објава на социјалните мрежи.
Според израелската станица N12, цитирана од Ројтерс, рамката на договорот вклучува ослободување на сите преостанати заложници на првиот ден од прекинот на огнот во замена за ослободување на илјадници палестински затвореници и би послужила како основа за разговори за завршување на војната. Израелски функционер изјави дека предлогот „сериозно се разгледува“.
Трамп претходно испрати слични пораки и најави зголемен притисок врз Хамас, а американските претставници потврдија директни контакти со организацијата како дел од преговорите за заложниците, според Асошиејтед Прес.
Во исто време, израелската влада вели дека завршувањето на војната би вклучувало безусловно ослободување на заложниците, предавање и разоружување на Хамас и неговите лидери отстранети од власт во Газа, пишува Ројтерс.
Регион
(Видео) Демонстрантите во Србија фрлаа јајца врз автобуси со поддржувачи на Вучиќ

Вчера во Чачак се случи инцидент кога граѓаните запреа автобуси со поддржувачи на Српската напредна партија (СНС) кои пристигнаа од други градови за да учествуваат во протест против блокадите и студентските демонстрации.
Iznos dnevnice za kurčenje po Čačku je porastao na soma evra. Ovi više ni na svadbu u Čačak neće doći. Garant. pic.twitter.com/EyRZJFHGOg
— Grof od Kačulica (@Grof_OdKaculica) September 7, 2025
Според извештајот на Н1, собраните граѓани на Чачак успеаја да ја сопрат колоната автобуси, по што ги гаѓаа со јајца.
Протести против блокадите се одржаа во Србија и минатата недела. Директорот на полицијата Драган Васиљевиќ изјави дека околу 126.000 луѓе учествувале на 111 собири. Паралелно се одржаа и контрасобири во неколку градови, од кои најголемите беа во Шабац, Ниш и Чачак.
фото: принтскрин