Свет
Најмалку 15 мртви во напади врз полицијата во Пакистан
Најмалку 15 луѓе се убиени во четврток во два одвоени напади врз припадниците на пакистанската полиција.
Најмалку 15 луѓе се убиени во четврток во два одвоени напади врз припадниците на пакистанската полиција. Пет луѓе се убиени во нападот на вооружени напаѓачи на штабот на полициската Сојузна разузнавачка агенција во Лахоре. Еден од убиените е напаѓач, а засега контрадикторни се информациите дали напаѓачите упаднале во зградата и ги држеле во заложништво полицајците. Во Лахоре во четврток е нападнато и полициското училиште, но засега нема податоци за жртви. Претходно бомбаш самоубиец активираше експлозивна направа пред полициската станица во Кохат, при што се убиени 10 луѓе, меѓу кои и неколку деца. Се претпоставува дека овие напади се одговор на офанзивата што последните денови пакистанската војска ја спроведува против талибанците во Јужен Вазиристан. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Израелците веат знамиња и танцуваат по улиците, смртта на лидерот на Хамас се славеше и на плажите
Убиството на Јахја Синвар, првиот човек на Хамас, предизвика прослави на улиците на Израел.
Граѓаните блокираа улици во Израел. Неколку стотици луѓе играа и вееа знамиња, а во позадина се слуша гласна музика.
Israelis in Jerusalem celebrating following the death of mass murderer Yahya Sinwar. pic.twitter.com/QZ5BiGdwST
— Im Tirtzu (@IMTIzionism) October 17, 2024
„Тој е лош човек и дојде неговото време. Ова е подарок за сите. И за Палестинците кои се со нас и за Евреите“, вели Нисим Вајцман додека седи пред локалната продавница.
„За мене ова не е ништо. Тоа е само еден терорист. Убиваш еден, добиваш четворица“, рекол Двир Васер, пренесува Би-би-си.
Celebrations across the City of Karmiel in Northern Israel, following the Elimination of Senior Hamas Leader, Yahya Sinwar. pic.twitter.com/NVRyduN85v
— Alex Kennedy (@therealmindman) October 17, 2024
Исто така, имаше прослава претходно истиот ден кога беа објавени првите информации дека Синвар е „многу веројатно“ убиен. „Многу се големи шансите тунелскиот стаорец познат како Јахја Синвар да е мртов“, објавија преку звучници на плажата во Бат Јам, западен Израел.
Свет
(Видео) Снимени последните моменти на првиот човек на Хамас, фрли стап кон дронот
Израел објави дека Јахја Синвар, првиот човек на Хамас, е убиен во Рафа во Појасот Газа. Израелците тврдат дека цел на нападот биле тројца милитанти и дека не знаеле дека меѓу нив е и Синвар.
Контраадмиралот Даниел Хагари, портпарол на израелските одбранбени сили (ИДФ), рече дека израелските војници забележале тројца терористи како трчаат од куќа до куќа во областа Тал Ел Султан во Рафа.
יושב רעול פנים ומשליך מקל על רחפן צה"לי | תיעוד רגעיו האחרונים של יחיא סינוואר@ItayBlumental pic.twitter.com/kMdoPBm8hP
— כאן חדשות (@kann_news) October 17, 2024
Тој прикажа и видео на кое се гледа како на Синвар му приоѓа дрон. Синвар е маскиран на видеото и има повреда на раката.
Тој фрла нешто што личи на стап кон дронот, пред да заврши видеото.
Свет
Харис: Убиството на Синвар нуди шанса да се стави крај на војната во Појасот Газа
Американскиот потпретседател и кандидат на демократите Камала Харис изјави денеска, по убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, дека овој момент нуди шанса да се стави крај на војната во Појасот Газа.
„Правдата е задоволена. Синвар е одговорен за убиството на илјадници невини луѓе, вклучувајќи ги и жртвите на 7 октомври и заложниците убиени во Газа“, рече Харис.
Таа изрази надеж дека наскоро ќе започне „ден потоа без Хамас“ на власт во палестинската енклава, пренесува Ројтерс.