Свет
Претседателот на Еквадор во Москва
Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа ја започнува својата тридневна посета на Русија, која медиумите ја нарекуваат историска
Претседателот Рафаел Кореа е првиот еквадорски лидер што некогаш ја посетил Русија и потпишува договор за стратегиско партнерство со Москва. Средбата со Медведев е закажана за утре 29 Октомври.
На вечерта пред своето заминување на пат за Европа, кој започна со посетата на Британија минатата недела, Кореа потенцираше дека Еквадор е заинтересиран за зацврстување на релациите со Русија, трговските и релациите во одбраната, и дека неговата претстојна посета ќе биде примарно фокусирана на „имплементација на претходно потпишаните договори“.
Лидерот на Еквадор покажал и интерес за заем за набавка на руска воена опрема.
Еквадор е еден од клучните трговски партнери на Русија во Латинска Америка, веднаш после Бразил и Аргентина. Минатогодишниот рекорден износ во трговската размена помеѓу Русија и Еквадор изнесувал 935,7 милиони долари.
Во петок претседaтелот Кореа ќе се сретне и со Рускиот патријарх Кирил, а на веб-страницата на Московската патријаршија пишува дека во чест на првата историска посета на еквадорскиот претседател, партијархот Кирил ќе организира посебна екскурзија низ катедралниот храм која ќе заврши со разговор во просториите на патријархот.
Интересен е фактот дека 95 отсто од населението во Еквадор е од римокатоличка вероисповед, а во руралните средини имало појава на синкретизам поради специфичните обреди кои не се признати во римокатолицизмот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

