Македонија
Еден од мртвите мажи се самоубил, а другиот починал од студ
Еден од мртвите мажи кои завчера беа пронајдени мртви на подрачјето на Скопје се самоубил, а другиот починал од студ, покажала обдукцијата.
Еден од мртвите мажи кои завчера беа пронајдени мртви на подрачјето на Скопје се самоубил, а другиот починал од студ, покажала обдукцијата.
Триесет и двегодишниот Љубиша Миленковски се самоубил фрлајќи се од петти кат од зградата на улица „Бранислав Нушиќ“ во скопската населба „Карпош“.
Педесет и двегодишниот Драган Нешковиќ од скопското село Волково починал како последица на смрзнување.
Неговото тело беше пронајдено завчера на улица „60“ во Волково. Тој бил пријавен за исчезнат еден ден пред да биде пронајден мртов.
Вчера рано утрото околу 6 часот во Калиманското езеро беше пронајдено телото и на 49-годишниот Стојче Зарков од Македонска Каменица.
Претходно неговиот син пријавил дека таткото заминал во неговиот автомобил во непознат правец. Неговиот автомобил „југо“ бил најден, а неговото тело е предадено на обдукција. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

