Свет
Обама на ненадејна посета на Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама денеска пристигна ненајавено во опасниот Авганистан, точно една година откако ја прошири американската интервенција во земјата и на само неколку дена пред почетокот на клучната ревизија на деветгодишната војна, пренесува Асошиејтед пресПлановите за лична средба со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи беа одложени во последен момент, а наместо неа, двајцата лидери разговараа телефонски – Обама во американската воздушна база, а Карзаи во Кабул. Под силно обезбедување, Обама пристигна во базата во текот на ноќта, откако тајно ја напушти Белата куќа во четвртокот. Плановите за неговото патување биле чувани под досега невидено обезбедување. Целта на неговото патување, како што соопшти Белата куќа, било лично да им се заблагодари на американските војници за нивните напори во Авганистан и тоа во период помеѓу двата најголеми празници на Американците, Денот на благодарноста (Thanksgiving) и Божиќ. Плановите за лична средба со Карзаи биле отфрлени, откако експертите оцениле дека ветриштата, прашината и обвивката од облаци била премногу опасна за да може претседателот безбедно да пристигне во Кабул со хеликоптер. Во брзата промена на сценариото, Белата куќа потоа најави дека двајцата претседатели ќе разговараат преку безбедна видео врска, но и тоа наскоро беше отфрлено.Се на се, Обама во Авганистан минал само три часа, двојно помалку отколку што било предвидено. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ученик од седмо одделение приведен во Србија: донел нож и список за отстрел во училиште

Ученик од основното училиште „Јован Стерија Поповиќ“ во Нов Белград е однесен во полиција на разговор, објави српски Блиц.
Се сомнева дека вчера во училиштето донел список за убивање и нож.
Момчето е испрашувано од полицијата по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, а се вели дека станува збор за ученик во седмо одделение.
Сите околности на инцидентот сè уште се утврдуваат, а деталите не се познати.
Регион
Млад човек уапсен во Далмација за силување и детска порнографија

Окружното државно обвинителство во Сплит отвори истрага против 25-годишен хрватски државјанин под сомнение за силување и повеќе кривични дела на детска порнографија.
Според соопштението од државното обвинителство, мажот е осомничен дека ги сторил овие кривични дела во 2024 и почетокот на 2025 година во Сплитско-далматинската жупанија. Тој е обвинет за силување согласно член 153 став 1 од Кривичниот законик и повеќе кривични дела детска порнографија согласно член 163 став 1 и 2.
По сослушувањето на осомничениот, Окружното државно обвинителство му предложи на истражниот судија да му биде одреден притвор поради можноста за влијание врз сведоците и ризикот од повторување на кривичното дело. Судијата го прифати предлогот и му одреди притвор врз основа на законски основи согласно член 123 од Законот за кривична постапка.
Свет
108 камиони со храна и брашно влегоа во Газа

Израелската агенција за координација на активностите на палестинските територии (COGAT) денес објави дека 108 камиони со хуманитарна помош што превезуваат брашно и храна влегоа во Појасот Газа.
Некои од камионите беа транспортирани до нови места за дистрибуција на помош управувани од Хуманитарната фондација Газа (GHF), која е поддржана од Израел и САД.
Помошта поминала инспекција од страна на израелските власти пред да влезе во Газа преку преминот Керем Шалом, каде што голем број камиони сè уште чекаат, објавува „Тајмс оф Израел“.
Израел ја продолжи испораката на помош за Газа на 19 мај, по пауза од повеќе од два месеци, и оттогаш 1.459 камиони влегле во палестинската енклава.
Обединетите нации и другите хуманитарни агенции наведуваат дека ова не е доволна количина помош за 2,1 милиони жители, предупредувајќи на ширењето на гладот во окупираната енклава и критикувајќи ја новата фондација за помош бидејќи е под контрола на Израел, објавува „Танјуг“.