Свет
Се враќа ли Буш на политичката сцена?
Заведен како еден од најлошите претседатели во историјата на САД кога замина од службата, 63 годишниот Буш малку се појавуваше во јавноста, заминувајќи од видикот откако земјата го сврте своето внимание кон неговиот наследник, претседателот Барак Обама.
Денес, некои настани би можеле да се свртат во негова полза, особено откако тој и неговото семејство најавија дека ќе ја раскажат приказната гледано од нивната страна, најпрвин со објавувањето на мемоарите на Лора Буш, деновиве, насловени како „Кажано од срцето“, а потоа и во ноември, кога ќе излезе неговата книга „Моменти на одлука“.„Рехабилитацијата е веќе цврсто зачекорена“, вели Марк Меккинон, човек од доверба на Буш, кој се’ уште оди на велосипедски прошетки со претседателот во Тексас.„Неговите приврзаници отсекогаш веруваат дека историјата ќе биде многу пољубезна кон претседателот отколку јавното мислење за време на неговиот мандат. Ние, исто така, веруваме дека лидерите што носат тешки одлуки ретко се популарни додека се претседатели, но дека историјата ќе ги стави нештата во вистинскиот контекст“.Пред се’, војната во Ирак можеби нема да се покаже како црно петно на неговото владеење.Иако и натаму има проблеми – а оружјето за масовно уништување на кое се повика Буш кога нареди инвазија не беше најдено – изгледа дека демократијата фаќа корен, а САД се на патот да ги повлечат борбените трупи до август оваа година, па сега дури и демократскиот потпретседател Џо Бајден ја нарекува војната во Ирак „успех“.„Јас сум голем оптимист што се однесува на Ирак“, рече Бајден неодамна. „Во Ирак Ќе видите стабилна влада, која е на пат да стане репрезентативна“.Во истото време, Обама веќе ги пречекори високите буџетски дефицити и бележи рекордни долгови кои во времето на Буш се намалуваа, во време кога тој ги намалуваше даноците, почнувајќи две војни, проширувајќи ги областите на здравствената заштита. Јавниот федерален долг во фискалната 2001 година, за време на првиот мандат на Буш како претседател, беше 5.7 трилиони, или 9.9 трилиони во 2008, неговата последна цела година за време на владеењето. Буџетот на Обама проектира јавен долг од 16.3 трилиони на крајот на фискалната 2012, последната цела година на неговиот прв мандат.Според анкетите на АБЦ-Вашингтон пост направени деновиве, Американците се’ уште повеќе го обвинуваат Буш за слабата економија и дефицитите отколку што го обвинуваат Обама, 3 наспрема 1.Претседателот на Демократскиот национален комитет, Тим Кејн, вели дека неговата партија есенва ќе почне кампања против Буш, дури и ако поранешниот претседател не се најде на гласачко ливче, со која ќе го обвинат за рецесијата, која почна пред негови очи, тврдејќи дека неговата одговорност е поголема, иако Демократите го контролираа Конгресот почнувајќи од 2007 – затоа што „претседателското водство ги влече конците“.Републиканците на тоа гледаат поинаку. Сенаторот Џон Корнин од Тексас, мисли дека враќањето на Буш е веќе започнато.„Популарноста на претседателот Буш се подобрува со секој нов ден“, вели Корнин. „На репутацијата на Буш не може ништо друго да и’ се случи, освен да се подобри“.Можеби, но исто така е вистина дека рејтингот на Буш повеќе нема каде да оди, освен нагоре. Тој ја напушти канцеларијата со најнискиот рејтинг во американската историја, и неговата популарност многу малку е променета од неговото заминување.Анкетата на СиБиЕс – Њујорк тајмс за април, на пример, покажува дека 27 проценти од Американците имаат позитивно мислење за Буш, а 58 отсто не му се наклонети. Тоа покажува дека во суштина неговата популарност не е променета од првата недела кога ја напушти канцеларијата.Истражувањето на СиЕнЕн покажува дека неговата популарност пораснала за 10 проценти во првата година по напуштањето на функцијата; речиси исто како што покажала и анкетата на Фокс Њус, 11 поени.Освен што може да го следи развојот на настаните, поранешен претседател како Буш би можел и да влијае на неговиот рејтинг по заминувањето од Белата куќа, преку тоа како дејствува и колку добро работи на неговиот случај.Луѓе од круговите блиски на Буш велат дека неговото одбивање да се придружи на оцрнувањето на Обама, кое е владее во неговата партија, веројатно прави да им биде помил на многу Американци, особено во споредба со поранешниот потпретседател Дик Чејни. „Напротив, тоа прави претседателот Буш да изгледа добро“, вели Меккинон.Неговата книга може да му помогне, исто така, ако е добро напишана и добро изаргументирана. Ричард Никсон помина години пишувајќи за надворешната политика за да поткрепи тој дел од неговото наследство. Џими Картер и’ помогна на неговата кауза со опсежна хуманитарна работа.Конечно, дури и навестувањата за можен скок на популарноста за 43 претседател се знак дека првиот заклучок би можел да биде преуранет.Според мрежата Хистори Њуз на Универзитетот Џорџ Мејсон во Вирџинија, во април 2008, додека се’ уште беше на функцијата, 61 процент од историчарите одговориле дека Буш бил најлошиот претседател во историјата на САД.Но, и историчарите велат дека можеби би биле потребни децении за да може објективно да се анализира влијанието на претседателот – време колку што е потребно за политиките да ги дадат своите резултати, за да станат познти детали од меѓународните дебати и време колку што е потребно за пристрасноста од двете страни да си замине од сцената.„Не можете да почнете реалистично и објективно да го оценувате работењето на некој претседател пред да поминат години од неговото заминување од канцеларијата“, вели Стивен Шиер, политички истражувач од Колеџот Карлтон во Минесота. „Ќе бидат потребни 30 години за да можеме точно да го оцениме работењето на Буш“.„Одреден период, нема да можеме да добиеме вистински добра перспектива“, вели Берт Рокман, историчар на претседателите на Универзитетот Пурдју во Индијана. „Не мислам дека неговото претседателство ќе биде во погорните фиоки со предметите за разгледување. Би можело да биде и некаде под средината, но, не би можело повеќе да се задржи на дното“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии
Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен од САД и Израел во текот на ноќта во понеделник, соопшти иранската влада.
Damage to UNESCO-listed Golestan Palace has been reported following recent U.S. and Zionist regime attacks. Cultural Heritage Minister Seyed Reza Salehi Amiri visited the site, as officials assessed the impact on this historic landmark.#iran https://t.co/OdBZ0bXcHc pic.twitter.com/hFOdvSufxz
— Government of the Islamic Republic of Iran (@Iran_GOV) March 2, 2026
Делови од палатата, вклучувајќи дрвени врати, традиционални персиски прозорци познати како орси и делови со украсни огледала, беа оштетени. Штетата ја потврди министерот за културно наследство, туризам и занаетчиство Сејед Реза Салехи Амири за време на посетата во понеделник, 2 март 2026 година.
Golestan Palace, a sparkling wonder in the center of Tehran, Iran.
A UNESCO Site with some of the most beautiful mirror mosaics from floor to ceiling ✨ pic.twitter.com/ZSfosR75Iv
— Muse (@xmuse_) January 8, 2026
Тој најави дека ќе биде составен извештај за инцидентот и доставен до УНЕСКО, нагласувајќи дека нападот е кршење на меѓународното право.
📷 Damage caused to the World Heritage site of Golestan Palace by the U.S-Israeli attack (1)
Golestan Palace was among the sites that sustained serious damage and destruction following the attacks carried out by the United States and the Israeli regime on Sunday night.#Iran pic.twitter.com/8AHPASkNue
— Government of the Islamic Republic of Iran (@Iran_GOV) March 2, 2026
Музејските артефакти од Палатата Голестан не беа оштетени бидејќи претходно беа преместени на безбедна локација. Преместувањето се случи по 12-дневната војна во јануари оваа година.

Палатата Голестан е историски комплекс од згради и градини кои датираат од времето на владеењето на шахот Тахмасп I од династијата Сафавид. За време на периодот Занд, палатата кратко служела како резиденција на Карим Кан, а за време на династијата Каџар била значително проширена за да стане дом на кралското семејство во новиот главен град.

За време на ерата на Пахлави, била користена за официјални церемонии и за прием на претседатели и истакнати странски гости. Впишана е на списокот на светско наследство на УНЕСКО во јули 2013 година.

Свет
Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток
Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, поради нападите на САД и Израел врз Иран.
Помошникот државен секретар за конзуларни работи Мора Намдар изјави дека американските граѓани треба да заминат користејќи го достапниот комерцијален превоз „поради безбедносни ризици“.
Предупредувањето дојде откако одделот во последните денови ги ажурираше своите предупредувања за патување за неколку земји во регионот, советувајќи да не се патува. Предупредувањето издадено во понеделник ги опфаќа Бахреин, Египет, Иран, Ирак, Израел, Западниот Брег и Газа, Јордан, Кувајт, Либан, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Сирија, Обединетите Арапски Емирати и Јемен.
Амбасадата на САД во Аман, Јордан, претходно во понеделник соопшти дека нејзиниот персонал ја евакуирал локацијата „поради заканата“.
Одделот, исто така, активираше меѓуагенциска кризна работна група за управување со ситуацијата и координирање на одговорот на САД на конфликтот, изјави американски функционер.
Свет
Нетанјаху: Војната нема да трае со години
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае со години.
Американско-израелската воздушна војна против Иран започна со напади врз Техеран во саботата во кои беше убиен иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, што предизвика иранска одмазда против Израел и ракетни напади врз арапските земји со американски воени бази низ Блискиот Исток.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, првично процени дека војната ќе трае четири до пет недели, но додаде дека може да трае подолго и оттогаш се обидува да оправда широка, отворена војна против Иран.
Нетанјаху ја отфрли можноста конфликтот да трае со години, како и претходните војни во регионот.
„Реков дека може да биде брзо и одлучувачко. Можеби ќе потрае некое време, но нема да потрае со години. Не е бесконечна војна“, рече Нетанјаху во емисијата „Ханити“ на Фокс њуз.
Нетанјаху рече дека ја гледа војната како можност за траен мир на Блискиот Исток, вклучително и меѓу Израел и Саудиска Арабија.
Тој рече дека војната на САД и Израел против Иран создава услови иранскиот народ да ја собори својата влада.
„Секако, на крајот на краиштата, од иранскиот народ зависи да ја промени владата, но ние создаваме – Америка и Израел заедно создаваат – услови за да го направиме тоа“, рече тој.

