Контакт

Македонија

Вредностa на трите индекси во минус

Објавено пред

На Македонската берза, денеска беа реализирани 15.068.589,18 денари промет од 160 реализирани трансакции.

dobivaj vesti na viber

На Македонската берза, денеска беа реализирани 15.068.589,18 денари промет од 160 реализирани трансакции. На Официјалниот пазар беа остварени 10.666.601,18 денари промет од 109 трансакции додека на Редовниот пазар беа остварени 4.401.988,00 денари од 51 реализирани трансакции.

За одбележување е и падот на вредноста на сите три индекси од кој најмногу од својата вредност изгуби индексот на Јавно поседувани друштва МБИД кој што падна за 48,90 индексни поени или за 1,84 проценти и оствари вредност од 2.613,80 поени, а индексот на 10 најликвидни компании МБИ10 падна за 0,77 проценти или за 18,54 поени и при тоа оствари вредност од 2.396,32 индексни поени. Индексот на обврзници ОМБ забележа пад на својата вредност од 1,20 проценти или 1,31 во поени и остварија вредност од 108,25 поени.

На Официјалниот пазар како најатрактивна хартија од вредност повторно беше обврзницата од денационализација на Р. Македонија од деветата емисија, со која беа истргувани 75.293 количина по просечна цена од 78,13 проценти и при тоа остварија вредност од тргување од 3.618.504,13 денари.

Втора по својата вредност на Официјалниот пазар беше акцијата на Алкалоид АД Скопје која се тргуваше по цена од 3,899,32 денари од акција и при тоа оваа цена беше за 1,23 проценти помала од тргувањето од петокот, а со нив се истргуваа 898 количина на обични акции и при тоа остварија вредност од 3,501,593,00 денари.

Трета по својата ликвидност на Официјалниот пазар за хартии од вредност е акцијата на Комерцијална банка АД Скопје, со која што се истргуваа 474 акции по просечна цена од 3.000,00 денари од акција и остварија вредност од тргување од 1.422.064,00 денари

На Редовниот пазар за хартии од вредност прва по својата ликвидност од тргувањето беше акцијата од Шпархасе Банка АД Скопје со кои што по цена од 5.000,00 денари од акција (што беше за 44,44 проценти помала во однос од последното тргување со овие акции) се истргуваа 265 обични акции и остварија вредност од 1.325.000,00 денари на промет.

Втори по вредноста на тргувањето на Редовниот пазар беа и акциите на Жито Малеш АД Берово со кои се оствари класичен промет од 1.306.500,00 денари на промет кој се реализира од девет трансакции по просечна цена од 750,00 денари од акција и при тоа со нив се истргуваа 1.742 обични акции. Пет најтргувани хартии од вредност1.  Р. Македонија денационализација девета емисија2.  Алкалоид АД Скопје3. Комерцијална банка АД Скопје4. Шпархасе банка АД Скопје 5. Жито Малеш АД БеровоХартии од вредност со најголем раст1. Макпетрол АД Скопје 0,76%2. Македонски Телеком АД Скопје 0,66%3. Р. Македонија Девизни Влогови 0,39%4. Р. Македонија обврзници од денационализација 09 0,08%5. Хартии од вредност со најголем пад1. Шпархасе банка АД Скопје 44,44%2. РЖ Арцелормитал ЦРМ АД Скопје 7,69%3. Охридска банка АД Скопје 5,00%4. Стопанска банка АД Битола 4,70%5. Кјуби АД Скопје 4,64%Copyright 2010 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената

Објавено пред

„Колку пати алармирав и предупредував дека во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој се создава систем на клиентелизам, влијанија и злоупотреби?“, порача поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагирајќи по апсењето на директорот на Агенцијата при земање мито.

dobivaj vesti na viber

„Јавно укажував дека ИПАРД 3 ќе крахира, дека со вакви практики се загрозува кредибилитетот на државата пред Европската комисија и се става под ризик целата програма вредна околу 100 милиони евра – пари наменети за развој на македонското земјоделство“, изјави Николовски.

Според него, денешниот скандал е директна последица на политичко поставување на луѓе без интегритет и без компетенции.

„Ова не е изолиран инцидент, туку резултат на владеење кое ги заменува вредностите и професионалноста со партиска послушност“, нагласи тој.

Николовски потсети дека за време на неговиот мандат ИПАРД 2 програмата беше 100% искористена, со 2.369 договори и реализирани инвестиции.
„Срамно е целиот тој успех и довербата што ја изградивме со Европската унија да биде уништена за само една година поради корупција и лични интереси“, додаде тој.

Тој предупреди дека постои реална опасност Европската комисија да ја стопира ИПАРД 3 програмата за Македонија, што би значело блокада на сите исплати и нови повици.

„Ако се случи тоа, земјоделците повторно ќе бидат жртви на корупцијата и неспособноста на оваа власт“, порача Николовски.

Поранешниот министер побара итна одговорност и расчистување со злоупотребите:

„Време е за целосна одговорност. Македонија не смее да си дозволи да ја изгуби довербата во европските институции поради поединци кои го претворија земјоделството во извор на мито и политички влијанија.“

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.

dobivaj vesti na viber

Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.

Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.

Прикажи повеќе...

Македонија

До понеделник променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Објавено пред

Променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Времето во наредните денови

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Од вторник се очекува стабилизирање на времето.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ6 часа

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...

Македонија6 часа

За најмногу шест месеци, од Зелениково до Центар за 25 минути ќе се патува со градскиот воз, сосе застанувања

Од Зелениково до централната железничка станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот, кој ќе...

Македонија8 часа

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може, вели...

Македонија8 часа

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди „епл“

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и...

Македонија10 часа

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....

Свет10 часа

(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да...

Македонија10 часа

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското...

Регион13 часа

Албанија усвои закон за родова рамноправност по бурна расправа

Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77...

Свет13 часа

Сенатот ја блокира резолуцијата што ќе го спречеше Трамп да ја нападне Венецуела

Републиканците во американскиот Сенат ја блокираа резолуцијата што ќе му забранеше на претседателот Доналд Трамп да ја нападне Венецуела без...

Македонија13 часа

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува...

Македонија1 ден

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека...

Македонија1 ден

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција

Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска...

Македонија1 ден

Јаневска ќе ја почитува одлуката на Мицкоски доколку реши да ја смени

Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, дали доколку има реконструкција на владата таа ќе остане...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски ќе ја реконструира партијата, па потоа Владата: Фокусирани сме на партискиот конгрес на 6 декември

Реконструкција на Владата нема да има пред партискиот конгрес на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој е закажан за 6 декември. Премиерот...

Топ1 ден

Бомба најдена во автомобил во гаража во Скопје, сопственикот на возилото добил заканувачка порака, МВР влегло во објектот

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, непознато лице влегло во гаража од семејна куќа во скопската населба Бит-пазар, во сопственост...

Македонија1 ден

„Скопје го менуваме од корен“: Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Градот

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува акцијата за чистење на...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: Го потпишавме договорот за изградба на заедничкиот пограничен тунел со Бугарија, железничкиот Коридор 8 има стратешко, економско и безбедносно значење за Балканот и Европа

Железничкиот Коридор 8 е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан...

Македонија1 ден

(Видео) ДИК ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори 2025 година за...

Македонија1 ден

АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло по спроведен вонреден инспекциски надзор

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство...