Македонија
ТМРО предлага данок за немажените и неженетите

Огранокот на политичката партија ТМРО од Гевгелија предлага воведување на данок за секој неженет маж над 35 годни и секоја немажена жена над 30 години.
„Македонската држава вложувала во секој поединец, преку бесплатно образование до 18 години,социјална заштита, минимална здравствена заштита, се’ со цел да се изгради здрава личност, која ќе допринесува за државата. Во тој контекст морално право на државата која финансирала во поединецот за општествена корист, е да го санкционира преку плаќање данок во висина од една месечна плата – годишна такса, на секој неженет маж над 35 години и жена над 30 години. Наша приоритетна цел и политичка и економска, а ако сакате и државна е поддржување на наталитетот кај Македонците, како основа за опстанокот на Македонската држава и народ“, изјавил претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански,на вчерашната средба со членовите и симпатизерите во Гевгелија./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Регионалниот пат преку Јасен од утрово пуштен за сообраќај

Денеска од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од Министерството за внатрешни работи.
Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен поради летните одмор, меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра.
Според последните информации огнот се проширил и зафатил возило на улицата Васил Ѓоргов во Скопје.
На местото на настанот биле присутни противпожарни возила кои го гаселе пожарот.
Македонија
Без струја делови од Карпош и Центар

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( среда ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.30 часот, корисниците од ул. Анкарска бр. 31. ( општина Карпош )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Загребска. ( општина Центар )