Свет
Бомба уби деветмина во Турција

Девет војници се убиени во југоисточна Турција во наjголeмиoт напад овој месец. Полицијата сомничи лица за самоубиствени бомбашки напади во Анкара
За првиот напад се сомничат милитантните групи, вклучувајќи ја и сепаратистичката Курдска работничка партија (PKK) која веќе четврт век е во отворена војнa со турските власти за правата на курдското население во југоисточна Турција. Турската полиција го подигна степенот на готовност на регионалните полициски сили низ државата трагајќи по можни самоубиствени напади на групи поврзани со PKK.Час подоцна, вториот осомничен бомбаш-самоубиец предизвикал експлозија во главниот град на Турција, соопштила телевизијата NTV. Жена преправена во студентка го возeла експлозивот, кој бил детониран на Универзитетот Билкент во Анкара во текот на посетата на поранешниoт министер за правда, изјавиле полициски извори. Засега нема дополнителни информации.Самоубиците-бомбаши во нападот врз ексминистерот Хикмет Сами не повредиле никого. Женското лице кое се преправало дека е студентка, а била откриена како напаѓач, била ранета и уапсена, изјавил Кемал Онал, гувернерот на Анкара. Таа на своето тело носела килограм експлозив кој не експлодирал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелскиот кабинет одобри проширување на офанзивата во Газа

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одобри постепено проширување на офанзивата против палестинската милитантна група Хамас во Газа, објави во понеделник израелскиот јавен радиодифузер Кан, повикувајќи се на извори запознаени со деталите. Израелската армија веќе почна да упатува десетици повици до резервистите, со цел да ја прошири офанзивата во Газа, изјави во неделата началникот на армијата, генерал-потполковник Ејал Замир.
Во видео порака објавена на Икс во неделата, неколку часа откако ракета лансирана од Јемен падна во близина на израелскиот аеродром Бен Гурион, Нетанјаху го свика безбедносниот кабинет за да ја разгледа „следната фаза“ од војната во Газа. „Го зголемуваме притисокот со цел да ги вратиме нашите луѓе (заложниците) и да го победиме Хамас“, им рекол Замир на војниците, според соопштението на армијата.
Во март, Израел ги продолжи копнените напади во Газа, прекршувајќи го примирјето поддржано од САД, со кое беа запрени борбите два месеци.
Кабинетот за безбедност одобри нов план за дистрибуција на помош во Газа, објави во понеделник израелскиот веб-сајт Ynet, но не е познато кога залихите ќе бидат пуштени во енклавата. Израел контролира околу една третина од територијата на Газа и се соочува со растечки меѓународен притисок да го укине ембаргото за помош што го воведе во март.
Свет
Силни ветрови превртеа четири брода во Кина: 84 туристи паднаа во река, десет загинаа

Десет лица загинаа кога ненадејни силни ветрови превртеа четири брода што превезуваа туристи, при што 84 лица паднаа во река во југозападна Кина во неделата, објавија државните медиуми. Последното исчезнато лице беше пронајдено околу пладне во понеделник, но не покажуваше знаци на живот, објави Кинеската централна телевизија.
Новинската агенција „Синхуа“ објави дека 74 лица се спасени во несреќата што се случила во покраината Гуиџоу. Властите испратија 70 лица во болница на лекување во „неопасни по живот состојби“, објавија државните медиуми.
Распоредени се речиси 500 спасувачи, а кинескиот претседател Кси Џинпинг им нареди на покраинските власти да „сторат сè што е можно“, објави Синхуа. Тој, исто така, рече дека властите треба да ги засилат безбедносните мерки за да го ограничат зголемениот број несреќи на туристичките атракции и главните јавни места.
Европа
Папата Франциско го донираше „папамобилот“ на децата од Газа, објави „Ватикан њуз“

Папата Франциско го донираше својот познат „папамобил“ на децата во Појасот Газа, објави „Ватикан њуз“. Возилото ќе биде претворено во мобилна медицинска единица за деца, која ќе им обезбеди основна здравствена заштита во контекст на хуманитарна катастрофа.
Во текот на неговите 12 години на чело на Католичката црква, папата Франциско постојано ја нагласуваше важноста на мирот и сочувството, особено кон децата погодени од војните низ целиот свет, од Украина до Кавказ, Блискиот Исток и Африка. Тој беше особено потресен од судбината на десетици илјади деца кои ги загубија животите во конфликти како оној во Газа.
Според информациите од Ватикан, Папата ја доверил оваа акција на Каритас Ерусалим во последните месеци од својот живот. Целта е да се одговори на огромната хуманитарна криза во Газа, каде што речиси еден милион деца се раселени и изложени на глад, инфекции и други сериозни здравствени проблеми.
Папамобилот ќе биде опремен со медицинска опрема за дијагноза, тестирање и лекување, вклучувајќи брзи тестови за инфекции, дијагностички уреди, вакцини, комплети за нега на рани и друга итна помош. Возилото ќе го управуваат лекари и медицински работници кои, штом ќе биде овозможен хуманитарен пристап до Газа, ќе се упатат кон најизолираните делови од регионот.
„Благодарение на ова возило, ќе можеме да стигнеме до децата кои денес немаат пристап до здравствена заштита – деца кои се ранети и неухранети. Ова е конкретна, животоспасувачка интервенција во време кога здравствениот систем во Газа е речиси целосно распаднат“, изјави за Ватикан њуз, Петер Бруне, генерален секретар на Каритас Шведска.