Македонија
Брачен пар во Дојран загина од струен удар

Двајцата сопружници Јоже и Даниела Д. од Дојран синоќа ги загубија животите од струен удар, додека ја наводнувале нивата.
Двајцата сопружници Јоже и Даниела Д. од Дојран синоќа ги загубија животите од струен удар, додека ја наводнувале нивата.
Несреќата се случила во дојранското село Црничани.
Јоже и Даниела ги наводнувале земјоделски култури во пластеници, при што поради слаба видливост вклучиле сијалици инсталирани со обичен кабел, кој на едно место бил оштетен, при што Јоже се фатил за жицата и задобил струен удар.
Даниела пришла да му помогне, но откако го допрела и таа задобила струен удар, од што и двајцата починале.
Лицата се пренесени во Медицинскиот центар во Гевгелија, каде е констатирана смрт.
Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица од Гевгелија.
По наредба на Истражен судија над телата на починатите ќе се изврши обдукција. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)