Свет
Најнов биланс:Најмалку 112 загинати во пожарот во Русија
Најмалку 112 лица го загубија животот, а 120 се повредени во пожар што избувна во еден бар во рускиот град Перм во близината на Урал, соопшти руското Министерство за вонредни состојби.
Најмалку 112 лица го загубија животот, а 120 се повредени во пожар што избувна во еден бар во рускиот град Перм во близината на Урал, соопшти руското Министерство за вонредни состојби.
Руските власти стравуваат дека бројот на жртвите може да порасне бидејќи голем е бројот на повредените со тешки изгореници по телата. Дел од нив со авиони се префрлаат во болниците во Москва, Санкт Петербург и Чељабински со цел да бидат соодветно згрижени.
Пожарот што избувна во петок доцна навечер во клубот „Ќопавиот коњ“ најверојатно го предизвикале пиротехнички направи кои го запалиле покривот на барот, по што пламените јазици го зафатиле и другиот дел од барот во моментот додека во него се наоѓале околу 200 луѓе. Медиумите првично јавија дека настрадале 102 луѓе, а поради труење со чад се задушиле 60-мина други кои итно биле префрлени во болница. Сепак овие информации од медиумите не биле службено потврдени. Противпожарните стандарди ретко се почитуваат во Русија, па така во последните неколку години имаше неколку катастрофални пожари во домови за старци, во болници и во угостителски објекти. Градот Перм има 1.2 милион жители и е шести по големина град во Русија./крај/хн/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

